Историја
Четврток, 02 Декември 2021 09:47   
МАКЕДОНЦИТЕ СО НАЈСТАРА ПИСМЕНОСТ ЦРТИ И РЕЦКИ- СЛЕДИ РУСИТЕ ОСТАНАЛЕ МАКЕДОНЦИ !
94688123 Ристо Ивановски
 
Повеќе...
 
Среда, 01 Декември 2021 02:00   
Робството на Македонија под Рим

makedonija-rim-240Антипатар наклеветен од василевна Олимпија за арогантно ренгенство (владеење во име на владетелот во отсуство) на Антипатар. Поради тоа на Антипатар му било наредено од страна на Александар Македонски да дојде во Вавилон за да се одбрани од тие клевети.

Повеќе...
 
Среда, 01 Декември 2021 02:00   
Заслуги на Ангел Гацо од Воденско за Грчкото востание (1821 година)

angel-gaco„Штом стигна до моите уши гласот од трубата на Арес и плачниот повик на прељубената татковина за заштита на нејзините права, наеднаш го презрев спокојството, богатството и славата и веднаш се вооружив против тираните и издржувајќи за целото време на војната кај Негуш каде што водев долготрајни и кравави борби до разорувањето на Негуш

Повеќе...
 
Среда, 24 Ноември 2021 02:00   
Македонска федеративна организација

ustav-240Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организација или Македонска емигрантска федеративна организација била политичка и револуционерна организација на македонската емиграција во Бугарија. Со Уставот на МЕФО била определена целта за дејствување: легална борба за создавање автономна федеративна држава Македонија во нејзините географски и економски граници, независна од балканските држави.

Повеќе...
 
Среда, 24 Ноември 2021 02:00   
Антигон I Едноокиот

antigon-1-ednookiot-240Антигон I Едноокиот (382 п.н.е. - 301 п.н.е.) бил генерал во војската на на Александар Македонски, зачетник на Антигонидската династија.

Повеќе...
 
Среда, 17 Ноември 2021 02:00   
Ферман на Султанот Селим III против корупцијата и злосторствата на битолскиот Aјан

sultan-selim-3„До уважениот везир, превисокиот мој советник, уредувач на светот... румелискиот валија, кога ќе стигне високиов царски знак нека се знае:

Повеќе...
 
Среда, 10 Ноември 2021 02:00   
Преподобен Никодим Прилепски и Тисмански

stnicodim240Преподобен Никодим е роден 1320 година во градот Прилеп, во Македонија. Од детството бил воспитан во благочестието, а како многу надарено момче вредно ги изучил науките. Проучувајќи го Светото Писмо и православното богословие, тој од сета душа го засакал монашкиот живот и го молел Бога да го удостои со монашки чин.

Повеќе...
 
Среда, 03 Ноември 2021 02:00   
Кој ги организира првите олимписки игри?

olimpiski-igri-240ВО ЧЕСТ НА ПОБЕДАТА ВРЗ ПЕРСИЈА И ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПЕРСИСКАТА ОКУПАЦИЈА ВРЗ МАКЕДОНИЈА, АЛЕКСАНДАР ПРВИ  ГИ ОРГАНИЗИРА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ НА СЕВЕРНАТА СТРАНА ОД СВЕТАТА  ПЛАНИНА ОЛИМП... НА ТИЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ АЛЕКСАНДАР ПРВИ ГИ ПОКАНУВА СИТЕ  НАРОДИ  КОИ ЗЕМАЛЕ УЧЕСТВО ВО БОРБАТА ПРОТИВ ПЕРСИЈА СО ТОА ОВИЕ ИГРИ БИЛЕ И ПРВИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ИГРИ ОРГАНИЗИРАНИ ОД МАКЕДОНЦИТЕ.

Повеќе...
 
Среда, 03 Ноември 2021 02:00   
Антички Македонци

anticki-makedonciАнтичките Македонци (или Древни Македонци, Стари Македонци) се древен народ од индоевропско потекло кој бил населен на територијата на Македонија, чие име е добиено по нив. Македонија била центар на Македонската Империја. Тие зборувале на свој антички македонски јазик, за кој не се знае многу. Заклучокот за старомакедонскиот јазик не е јасен. Доказите не даваат уверлив заклучок за тоа дека јазикот бил грчки дијалект, туку посебен индоевропски јазик.

Античките историчари, кои живееле во времето кога суштествувале античките Македонци трврдат дека античкиот македонски народ потекнува од Пелазгите, најстариот домороден народ во Македонија и јужен Балкан. Гнеј Трог Помпеј, еден од најголемите експерти по старомакедонска историја, а и самиот тој живеел во времето кога старите Македонци биле поробени од Римјаните, вели “Македонците се од пелазгиски производ“ (Justin. VII, 1, 3). Најголемиот антички географ Страбон (63/64 г.п.н.е. – 24 г.н.е), пишува дека Тесалија (земја помеѓу античка Македонија и Елада) е населена со Пелазги и тоа во првиот век од нашата ера (Страбон, стр. 221, 4 ред). Значи, античките Македонци се граничеле на југ не со Елини (грци), туку со Пелазги- свои сонародници и пред 2000 години, после пропаста на Елада и Македонија. Херодот, античко-елински историчар пак пишува дека порано и цела Елада (Грција) била населена со Пелазги, но со доаѓањето на Елините во Атика (Пелопонез), Пелазгите били асимилирани во тој дел на Балканот, но се` уште постоеле живи Пелазги (Херодот I, 57-58), кои гледаме ги населувале Тесалија и Македонија. Во Елада сепак останале нехеленизирани Пелазги до доаѓањето на Римјаните и пропаста на Елада, а тоа биле Акаранците и Етолците. И во првиот век од нашата ера, античко-римскиот историчар Тит Ливиј запишува дека Етолците, Акаранците и Македонците си го зачувале пелазгиот јазик и говорат еден ист јазик: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess (Тит Ливиј, книга XXX, стр. 29).

За античките Македонци постојат три етногенетички хипотези поставени од пројугословенските историчари во Македонија. Археолозите Никола Шелдаров и Виктор Лилчиќ, во нивната стручна книга "Кралевите на античка Македонија и нивните монети", даваат преглед на различните експертизи околу етничката природа на Палео-Македонците. Едната гласи дека се старогрчко племе, другата дека се припадници на тракиjскатта и илирската племенски заедници, и трета дека се нешто сосема посебно, некаков одделен етносупстрат составен од разни народи Пејонци, Пелагонци и Бриги. Првите две објаснувања кај нас се отфрлаат. Целокупната научна и мисловна енергија се насочува кон третата теза, со намера да се докаже дека сме посебен и прастар етникум. Нашиот познат професор Иван Микулчиќ застапува теза дека античките Македонци се производ на мешање на старогрчкото племе Дорјани, кои во 12 и 13 век п.н.е. се доселиле од Централна Европа во областа Епир (помеѓу денешна Грција и Албанија) и староседелците Пелазги - Трачко племе. Но, ваквите хипотези за некакво елинско потекло на античките Македонци, целосно ги негираат античките елински и римски историчари и хроничари. Демостен, Атињанин кој два пати ги предводел обединетите Елини во воените походи против Македонците за македонскиот крал Филип Втори Македонски тврди:“...не само што не е грк, ниту пак е поврзан со грците…” (Демостен, Филипика III). Според античките автори, Македонците и Елините не само што не биле ист народ, туку припаѓале и на различни раси, па сите опишуваат Елинска и Македонска Раса (види кај Ариан, Грчки Историчар, Книга 2, Битката на Исус, стр. 119 / Diodorus Siculus 18.37.3-4.). Истaтата поделба на македонска и елинска раса ја среќаваме и кај римските историчари (Titus Livius книга XXXI, стр. 44)

Македонците и Елините(Грците), самите антички елински (грчки) историчари ги представуваат како две различни раси (Ариан, Грчки Историчар, Книга 2, Битката на Исус, стр. 119 ||| Diodorus Siculus 18.37.3-4.). Истaтата поделба на македонска и елинска раса ја среќаваме и кај римските историчари (Livy's book XXXI.44)

Античка Македонија била монархија со која владееле повеќе разни македонски кралски династии. За прв македонски крал се смета кралот Каран кој го основал македонското кралство во 808 г.п.н.е. (според некои извори 825 г.п.н.е.), а во повеќето книги како прв крал се сретнува и Пердика за кого се вели дека направил многу повеќе отоколку сите 7 кралеви кои владееле пред него. Најголем процут и територијално проширување, македонското кралство, доживеало за време на владеењето на Александар Македонски и неговиот претходник, татко му Филип II, кога македонското кралство се протегало на три континети од Македонија на запад, преку Персија се до Индија на исток и Египет на југ. Царството доживеало пропаст по Македонско-римските војни (215 - 148 п.н.е) кога целосно било освоено од Римската империја, а Македонија била поделена на 4 провинции под многу строг режим.

Античките историчари и хроничари во своите пишани дела известуваат дека античките Македонци говореле посебен јазик, различен од Елините (Грците) и останатите соседни народи.

Како Акаранците, Македонците и Етолците не биле Eлини, ами Пелазги, римскиот историчар Тит Ливиј пишува дека сите тие говореле еден ист јазик, неелински: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess. (Tit Livi, book XXX, p. 29).

Еден од најголемите антички биографи на Александар Трети Велики, Плутарх, пишува дека Александар ги повикувал своите телохранители на македонски јазик (Плутарх, Алекс. стр. 51), а македонските војници го поздравувале исто така на македонски јазик (Евмен, стр. 14).

Забележан е дијалог меѓу македонскиот војсководец Филота и Александар Македонски: "Царот најпрво го погледна Филота и рече: "Македонците решија да те судат". Те прашувам, сакаш ли да зборуваш со нив на мајчиниот јазик (македонскиот)? Филота одговори: "Освен Македонците, тука има многу други сведоци, кои ми се чини полесно ќе ги разберат моите зборови, ако се послужам со истиот (хеленски) јазик, на кој ти штотуку проговори, кое ти го направи, мислам, само затоа, за да можат, говорот, повеќе луѓе да ти го разберат". Потоа, царот рече: "Гледате ли, Филота си го мрази татковиот (македонски) јазик, зашто тој самиот се откажува да се изразува на него. Но тој може да говори како сака, вие, да знаете дека тој се оддалечил како од нашите (македонски) обичаи, така и од нашиот јазик (Курциус Руфус, VI, c. 36).

Со најновите откритија на академик Томе Бошевски и професорот на ЕТФ Скопје др. Аристотел Тентов на јазикот на записот на Каменот од Розета, кој е фараонски указ од античко-македонската династаија Птолемеиди која владеела со Египет, е декодиран еден дел од античко македонскиот јазик. Откриениот текст на Каменот од Розета, кој е истражен според сите светски стандарди за дешифрирање на античките јазици, покажува неверојатно голема сличност со денешниот македонски јазик и повеќе други денешни словенски јазици. Според откриениот текст кој е пишуван од десно на лево, без интерпукциски знаци, покрај големиот број на исти и слични зборови со денешниот македонски и други словенски јазици, откриено е дека во античко македонскиот јазик постоеле 8 самогласки, кои се застапени во денешниот македонски јазик (5 од нив), повеќе македонски дијалекти и во литературниот словенечки јазик.

1. Македонскиот Лав

Симболот на античко-македонската воена сила и надмоќ бил лавот. Во битака помеѓу Македонците и Елините кај Херонеја во 337 г.п.н.е., Македонците победиле и македонскиот цар Филип Втори гради огромен споменик на лав, кој е се` уште зачуван. Александар Трети Македонски ковал пари со својот лик, заедно со маска од лав. Во средниот век, македонскиот лав станува македонски хералдички грб и на современиот македонски народ, под кој македонските револуционери од 19 и 20 век се борат за македонската слобода.

2. Македонското Сонце

Другиот национален антички македонски симбол било сонцето. И тој е задржан кај македонскиот народ во континуитет. Знамето на крушевската република е карта на цела етногеографска Македонија, од која изгрева сонце, македонскиот грб од 1945 г. содржи сонце, Знамето на Македонската Колонија од Петроград на Чуповски содржи сонце и коњот Букефал на Александар Македонски, како и мијачкото знаме. Интересно е што дури во 1977 г. во Кутлеш (Вергина) се открива сонцето од филиповата гробница како македонски национален симбол, но Македонците го користат сонцето како национален белег многу порано; не само сонцето, туку и лавот.

Повеќе македонски и странски историчари и научници сметаат дека античките Македонци биле дел од етногенетскиот процес на создавањето на денешниот македонски народ кој денес носи дел од нивните обележја и навики. Овие тврдења кои се прифатени во голем дел од денешните Македонци, историчарите ги поткрепуваат со низа антрополошки, генетски, историски, ентолошки и културни докази. Уште во 1871 година Димитар Македонски преку својот напис во весникот „Македонија“ го објаснил своето сфаќање за етногенезата на денешните Македонци со античките.[2][3] Античко-македонски мотиви во современиот македонски народ денес може да се сретнат во народните носии (мијачката и женската реканска носија), празници (празникот Летник на 1 март кој се слави во Пустец и селата во југо-западна Македонија), обичаи, верувања, зборови и начини на формирање реченици, множина и суперлативи во современиот македонски јазик, форми и корени на лични имиња и презимиња, народни преданија, песни итн.

Голем број Македонци во минатото (особено во времето на националната преродба кон крајот на XVIII и низ целиот XIX век) се сметале себеси за (директни) потомци на „старите Македонци“ на цар Александар, кого го сметале за Словен. Како потомци на „древните Македонци“ на славниот цар Александар, денешните Македонци се споменуваат во Историјата напишана од Ѓорѓија Пулевски, кој напишал и своевидна „Македонска Александрида“ (издадена од ИНИ, Скопје 2005) во која го опишал целиот живот на Александар Македонски во вид на интересни приказни на македонски народен мијачки говор. Античко-македонското потекло на современите Македонци е силно изразено и потенцирано и во говорот на македонскиот национален деец Исаија Мажовски на бродот „Рицар“ во Украина, барајќи помош за Македонија од рускиот цар.

Во повеќе македонски народни приказни и песни од XVIII, XIX и XX век се среќаваат античко-македонски мотиви или мотиви од животите на Филип и Александар Македонски, сметани за македонски цареви. Славата на Античките Македонци одигралa и голема улога во националната преродба на македонскиот народ во текот на XIX и XX век. Тие биле сметани за „најстари Словени на Балканот“. Сметајќи се за нивни директни потомци. Македонците што живееле во тие времиња сакале да ја искажат својата национална посебност од Бугарите и Србите чии завојувачки пропаганди постојано ги инструирале Македонците.

Во планинскиот масив Хиндукуш во северниот дел на Пакистан, живее мала заедница позната под името Хунза или Бурушо за чии припадници се тврди дека се потомци на војници од војската на Александар Македонски кои се населиле овде за време на неговиот поход низ Азија. Бурушо воопшто немаат азијатски карактеристики и многу наликуваат на денешните жители на Балканот поради што се смета дека се потомци на античките Македонци. За свој симбол го користат сонцето. Јазикот на Хунзите (Бурушо) се нарекува „бурушаски“ и нема врска со никој друг познат јазик. Според проф. Д-р Илија Чашуле бурушаскиот јазик има прасловенско потекло, со многу заеднички зборови и корен на зборовите со современиот македонски јазик.

Извори

The Cambridge ancient history: The prehistory of the Balkans, the Middle East and the Aegean Worl, Volume 3, Part 1, p. 847, John Boardman

Потврдени во повеќе дела на авторите: Драган Ташковски, Александар Донски, Наде Проева, Јуџин Н. Борза (од САД) и др.

 
Среда, 27 Октомври 2021 02:00   
Опис на Македонија од Џо Марио Делји Анџиолело (1470 година)

quest-macedonia “8 август 1470 година. Султанот запре и конакуваше од другата страна на клисурата во едно поле што ја претставува границата на Македонија”, поаѓајќи од Платамон (место јужно од планината Олимп, н.б.) застана и конакуваше во местото наречено Китрос (северно од Катерини, н.б.) во споменатиот залив.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.