|
|
Родот на Филип и Александар Македонски не смее да дозволи повторно да ни го направат веќе виденото |
Од самиот почеток на повеќепартискиот систем и осамостојувањето на Македонија во 1991 година, во редовите на СДС имаше а и денес има политичари кои не сакаа Македонците да имаат сопствена држава. Тие го убедуваа народот дека Македонија нема да може сама да опстои како држава и дека народот ќе гладува доколку се издвои од тогашна Југославија. Исто така, тие водеа кампања дека ВМРО-ДПМНЕ е бугарска партија, а за да го “докажат“ бугарскиот карактер на партијата дури делеа пропаганден материјал на бугарски јазик. Изминаа повеќе од три децении од осамостојувањето на Македонија. Во овој период, и покрај предвидувањата на социјалдемократските политичари, Македонија покажа дека може да функционира како самостојна држава и покрај сите проблеми со кои се соочуваше (транзиција на општествениот во приватен капитал, затварање на фабриките, економски блокади и сл.). Македонскиот народ не се предаваше и не само што успеа да ги надмине проблемите, од кои голем дел беа вештачки наметнати, како од внатре така и од надвор, туку особено под раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија стана лидер во регионот по својот економски развој и фактор на стабилност. Македонија со својата политика стана препознатлива во меѓународната заедница, а вистинските амбасадори, македонскте спортисти, со своите успеси го прославија македонското име низ светот (кошаркарите, ракометарите, фудбалерите и др.) Овие успеси би биле многу, многу поголеми, доколку македонскиот народ во текот на целиот овој период не се соочуваше со непризнавањето на името, јазикот и црквата, од страна на истите држави кои во 1913 година ја поделија Македонија. Овие земји, како и нивните поддржувачи, ја користат секоја можност за да ја попречат македонската држава во нејзините напори да стане член на ЕУ. Во тоа обилно им помагаат оние исти македонски политичари кои уште од осамостојувањето на земјата работеа на докажување дека Македонија не може да егзистира како самостојна држава. Денес тие се дел од мислителите на заговорот, кој преку бомбите на Зоран Заев имаа за цел да ја дестабилизира земјата, да станат дел од власта и од неа да направи протекторат. Во време кога Албанија и Косово по секоја основа се обединуваат, ваквите активности на социјалдемократите кои водат до разединување на македонскиот народ и до пасивизирање на институциите, не само што го нарушуваат имиџот на земјата, туку го запреа економскиот развој и создаваат предуслови Македонија да го изгуби својот идентитет и суверенитет. Во меѓувреме, во текот на овие 30 години самостојна и суверена македонска држава, израснаа нови генерации, нови патриоти кои си ја сакаат својата земја, кои сакаат да ја видат својата држава како победува како на спортско, така и на било кое друго поле. Школувани во земјата и странство тие се идните носители на развојот на земјата. Меѓутоа, тие мораат да бидат свесни дека Македонија може да егзистира како суверена држава. само ако се обединети околу македонската идеја. Оваа генарација тоа го може, зошто тоа го има во генот. Таа е иднината на Македонија. Обединета околу македонската платформа оваа генерација може да каже стоп на поделбите на македонскиот народ, стоп на сите оние кои преку разнебитување на македонскиот народ сакаат да го избришат Македонскиот идентитет. Родот на Филип и Александар Македонски не смее да дозволи повторно да ни го направат веќе виденото. Затоа млади Македонци треба да барате: секоја влада да работи во интерес на Македонија, да отвора работни места, да привлекува странски инвестиции, да гради, да го сочува македонскиот идентитет, да има соработка со сите наши соседи, дека местото наше е да бидеме во ЕУ, но под еден услов: со крената глава и со зачуван идентитет. Македонија Вечна! АМИН! |