|
|
ВМРО-ДПМНЕ е идеологија формирана во исклучителен историски момент |
Драган Богдановски е роден на 18 септември 1929г. во Клечовце, Кумановско, Почина во Копенхаген, Данска, на 31 мај 1998г, Погребен е во Куманово, на 1 август 1998. Кога се знае вистината сè си има свој вистински тек. Да се потсетиме на некои моменти од таа историја: Во 1963 год. се формира македонската организација ОКМ (Ослободителен комитет на Македонија). Во 1972 год. ОКМ, се трансформира во ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија).Драган Богдановски беше претседател на ДООМ до 1977г. Во акцијата за расчистување со „опасните емигрантски кругови“, 1977 год. донесена е одлука за киднапирање на Драган Богдановски во Париз, по што е донесен во тогашна Југославија (СФРЈ) и осуден е на 13 години затвор, од кои издржува цели 11 години во македонскиот затвор Идризово. Сигурно е едно, да не беше Драган Богдановски и да немаше ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија) немаше да има ниту ВМРО-ДПМНЕ. На основачкото сообрание на 17.06 1990 година му претходеа средби на Драган Богдановски како иницијатор за формирање Партија, во Берлин и Минхен. Да не беше Драган Богдановски немаше да се случат средбите во Берлин и Минхен, исто така, да не беа средбите во Берлин и Минхен, немаше да има ВМРО-ДПМНЕ во Македонија. Драган Богдановски не дојде на основачкото Собрание на 17 јуни 1990 г. затоа што немаше патна исправа. Богдановски никогаш не изразил желба да биде Претседател на ВМРО-ДПМНЕ - ако искажеше таква намера сигурно дека ќе беше, затоа што негова беше идејата за формирање Партија. Ниту пак изрази желба да биде Премиер на Владата на Република Македонија. За функцијата Претседател на Република Македонија? ДА, Богдановски се надеваше дека ќе биде предложен и избран за Претседател на Македонија. Да беше жив КОСТАДИН ДИНЕВСКИ- ДИНКАТА, (македонски десидент, кој лежеше во затвор 4 години за „непријателско“ организирање) близок пријател и истомисленик на Богдановски, лично тврдам дека Тој ќе беше првиот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Може да полемизираме кој колку има придонес за Македонија и за Партијата, кој и зошто ја напуштил, што го натерало да ја напушти, или зошто некој останал верен на донесените ПРОГРАМА и СТАТУТ, но никој, апсолутно никој, поединечно не би смеел да каже, Јас сам ја основав. Зошто? Одговорот е едноставен - еден човек сам не може да формира Партија и да придонесе за својата држава без колективен ангажман. Сите, независно од какви причини ја напуштија, да не ја заборават идејата заради која биле едно време основачи или членови, да не ја забораваат единствената идеја која сите ние ја носевме и ја носиме во срцата, а има едно име: МАКЕДОНИЈА! ВМРО-ДПМНЕ е идеологија формирана во исклучителен историски момент, се претвори во стеблото на МАКЕДОНСКИОТ непокор, сплотена и цврста, со братска искрена љубов и подадена рака со добра мисла, опстојува како гарант на МАКЕДОНСКАТА иднина, сега и засекогаш,АМИН ! |