Среда, 28 Декември 2016   
ПОДГОТВУВА ЛИ НАТО ИНВАЗИЈА ВРЗ МАКЕДОНИЈА?

sloboda-ili-smrt
Ѓорѓи Поповски

Да, токму така, прашањето е сосема легитимно и не е без основ! Подготвува ли НАТО инвазија врз Република Македонија? Ако се стават работите на маса, без прикривање и дотерување на фактите, одговорот ке биде:"секако да, можно е", или "не е исклучено".

Но, од каде ваква помисла?

Истата се наметнува од неколку непобитни сознанија. Прво, загребски "Вечерњи лист" неодамна објави ексклузивна информација во која се вели дека министрите за надворешни работи на Алијансата на еден од последните состаноци на министерско ниво донесле таен документ (!) што предвидува "НАТО да може воено да интервенира во Западен Балкан да спречи мултиетнички судир и да промовира безбедност". Замислите каква слобода си зема тој фамозен НАТО: се замислува како врховен арбитар на меѓународен план и таа дружина ке оценува дали некаде има етнички проблеми за да ги решава и демек ке промовира безбедност (не дај Боже да промовира безбедност како што го сторија тоа во Либија каде по илегалната интервенција, без одлука на Советот за безбедност на ОН, буквално целосно ја уништија земјата за да  наметнат квази НАТО-вредности (?), каква иронија!!!

Втор аргумент како основа на нашите сомнежи е посетата на директорот на ЦИА Џеф Бенет на Тирана! Од кога се прозре вистинската намера на таа посета, во медиумите почнаа да се пласираат пуфки дека Бенет, наводно, го информирал Албанското државно раководство за можни терористички напади во Албанија, Булшит, што би рекле американците. Па такви информации подземните (демек тајните) служби си споделуваат со воспоставена рутинска комуникација на размена на информации и неморал Џеф Бенет да се забере од Вашингтон тој лично да информира. Со право треба да се има пред очи дека главна тема на разговорите на Џеф Бенет била МАКЕДОНИЈА, односно можноста за избивање нереди, па дури и оружени инциденти како резултат на крадењето на изборните резултати во нашата земја во што до гуша е вмешана Америка и неколку членки на НАТО.

Осем тоа, колку за потсетување: кога минатата година на 9ти мај се случи агресијата во кумановската "Дива населба", членката на НАТО Бугарија постави цела дивизија војска со полно вооружување на границата со Македонија! Зошто? Да не ке да беа донесени војниците на нашата граница на пикник со сендвич и сокче, или намерата на таа операција беше друга, а тоа е: ако се укаже по потреба, според оценките на НАТО, да влезе во Македонија и да "промовира безбедност" (повторно според речникот на НАТО). А како Бугарија промовира безбедност ние македонците многу добро знаеме. Го искусивме тоа и во Првата и во Втората Балканска војна, а особено во текот на бугарската фашистичка окупација во текот на Втората светска војна.

Бугарија и не крие дека сака да анексира делови од Македонија - ако не цела, барем две третини и веројатно нема да се двоуми да падне во такво искушение доколку НАТО, т.е. Американците и дадат можнопст да го стори тоа. А таквите сцeарија се повеке од очигледни: со окупацијата на Македонија и нејзина поделба меѓу соседите ке исчежне Македонија од политичката и географска карта на Европа, а со тоа ке исчезне и горливото Македонско прашање.

Но, со право се поставува прашањето: Што да се прави? Што мерки да превземат нашите избрани државници да се спасиме од ова премрежје. Мислам дека најитно треба да најавиме мораториум на нашата кандидатура за членствои во НАТО и да објавиме воена НЕУТРАЛНОСТ (што ке мораат да ја почитуваат) и треба да очекуваме усвитените глави на НАТОвци троа да се оладат и трезвено и одговорно да се однесуваат кон нашата земја која од првиот ден на независноста објави и адекватно се однесуваше како нејзин најлојален сојузник! Не е лошо да се преиспита и СОФА аранжманот со НАТО поаѓајки од нашите национални интереси, па и да наплаќаме зо користењето на нашите сообракајници, помеѓу останатото, се разбира.

Да се вратриме на почетокот од текстот. Зошто укажуваме на можнопст за инвазија на НАТО врз Македонија.  Еве зошто, проста анализа на состојбите во "критичните" држави каде е можна дестабилизација по етничка основа укажува на следното:

а) Во БиХ, каде има етнички сериозни проблеми веке е присутен НАТО (СФОР) и според Дејтонскиот мировен договор тие имаат право да интервенираат кога сакаат - според нивна оценка;

б. Koсово, исто така исклучено бидејки и  таму веке e присутен НАТО (КФОР), в) Црна Гора, мали се  можностите да се случи такво нешто, барем не за догледно време и, сакале ние да признаеме или не, останува како

д) Македонија каде се поагресивните албански партии, пред се "Беса" се поотворено заговараат прекомпонирање на Македонија, федерализација, па и приклучување кон Алчбанија. ,,Беса,, дури вакви заложби заговара и во својот статус и се прашувам кој /не/нормален дозволи ваква збирштина да биде и официјално регистрирана како партија.

Наместо заклучок: После се што ни се случуваше овие две години со обилна помош од странство, дојдено е времето за трезнење (се надевам не е предоцна) на Македонецот бидејки нашиот опстанок е во прашање!!!

Затоа да се заложиме за нови и чисти парламентарни избори, приближување

(а зошто да не и коалиција) меѓу македонските партии и создавање на одлучен народен фронт за одбрана од агресијата однадвор и од внатре за да си ја зачуваме татковината. Во спротивно......

Патем,  мораме да издржиме уште дваесетина дена па да се надеваме дека со новата администрација на претседателот Доналд Трамп ке преовладее разумот во институциите во Вашингтон, за разлика од агресивноста што ја наметна на меѓународен план администрацијата на заминување на добитникот на Нобеловата награда за мир Барак Обама.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.