|
|
Македонија е држава на македонскиот народ и сите етнички заедници |
Македонија е држава на македонскиот народ и сите етнички заедници кои живеат на најзината тероторија Турци, Роми, Власи, Срби, Албанци, Бошњаци и др. Тие сите одлучуваат за иднината на оваа земја и тие по слободна воља гласаа за програмата на ВМРО ДПМНЕ. Неодамна Тимоти Лес, поранешен дипломат и британски конзул во Бања Лука, како и претседател на организацијата "Нова Европа" за истакнатто списание Foreign Affairs напишал колумна дека во наредните денови би можело да се случи поголема бура на Балканот. Анализирајќи ги проблемите во Босна и Херцеговина, Косово и Македонија, овој поранешен вработен во Министерството за надворешни работи на Велика Британија заклучува дека пропаднале сите обиди на ЕУ и САД во воспоставувањето на мирот и стабилноста во регионот и дека е време за радикален пресврт и попуштање на барањата на националните малцинства. Лес за најпознатиот светски магазин кој се занимава со надворешната политика и за кој често се тврди дека го изразува ставот на Стејт департментот, бидејќи во организацијата се наоѓаат поголем број на влијателни поранешни официјални претставници на САД, направи подолга анализа која би можела да ги загрижи сите на Балканот. Многумина веќе знаат за оваа анализа и сметаат дека е надуена, но не е наодмет да се повтори за да се разберат настаните кај нас. Уште на самиот почетокот на анализата, Лес ги запознава читателите со својот поглед на ситуацијата на просторите на поранешна Југославија. Меѓудругото, покрај состојбите во БиХ, тој укажува и на растечките апетити на албанското малцинство во Македонија и Црна Гора и дека националистите во Албанија се посилно повикуваат на создавање на "Голема Албанија", држава кон која ќе се спои Косово и делови од Црна Гора и Македонија. Според Лес, по 20 години обиди „Експериментот за мултиетнички држави не успеа“ и сега треба да се направи нешто друго. За почеток, како што вели, Вашингтон повторно треба да ја преземе водечка улога во регионот и да ги слуша интересите на малцинствата. Првиот чекор, како што пишува, е да се поддржи барањето за трет хрватски ентитет во Босна и Херцеговина, како и поддршка за Албанците во процесот на федерализација на Македонија. Последниот чекор од процесот е да се поврзат со нивните матични земји, во почетокот тоа може да биде и автономија. Односно за почеток, Хрватите и Србите во Босна и косовските Албанци ќе добијат некој вид на автономија, но подоцна ќе се спојат со нивните матични земји. Конечно, тоа ќе резултира со "голема Хрватска, голема Србија и голема Албанија“. „Значи, хрватскиот ентитет во БиХ ќе биде споен со Хрватска, северно Косово и Република Српска со Србија и западна Македонија и Прешевската долина и останатиот дел на Косово со Албанија. Во меѓувреме, Црна Гора би можела да остане независна или да се спои со "Голема Србија". Тој заклучува дека овој модел е единствениот кој гарантира мир, без разлика што на Бошњаците и Македонците тешко ќе им биде да се помират со загубата на територијата.“ – се вели во анализата на Тимоти Лес. Интересно е дека во оваа анализа на Тимоти Лес, не се споменуваат никакви територијални компензации за Македонците, што значи дека македонскиот народ и неговата држава лесно може да биде избришана од картата на Европа, со оглед на аспирациите на нашите соседи. Од друга страна таа целосно коинцидира со предизборните ветувања на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој за замена на албанските гласови им понуди воведување на двојазичност на целата територија на земјата, кантонизација и т.н. Исто така, таа коинцидира и со ставовите на албанските политички партии во земјата кои се единствени во своите барања за целосна рамноправност на Албанците во земјава. Оттука може лесно да се заклучи дека политичката криза во Македонија е креирана во Вашингтон и Брисел. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со цел да дојде на власт по секоја цена, свесно или несвесно, влезе во надворешно сценарио и ја втурна земјата во правец кој е посакуван од центрите на моќ. Со оглед дека со својата политика ја доведе државата пред распад и сепак, не успеа да ги добие предвремените парламентарни избори, сега е време да го исполни своето ветување дека доколку ги изгуби изборите ќе си замине од лидерската позиција. Тоа го очекува не само целата јавност, туку и најголем дел од членството кои не се сложуваат да бидат соучесници во распадот на земјата, според сценариото на Лес. Ако се има во предвид уште и изјавата на висок функционер на ДУИ дека во составувањето на новата Влада не мора да важи Мајскиот договор од 2007 година според кој, владата ја сочинуваат партиите-победнички во двата етнички кампуса (во овој случај ВМРО ДПМНЕ и ДУИ), тогаш не мора да важи и правилото дека во Владата треба да има и албанска политичка партија, со оглед дека тие се застапени и Коалициите и во Собранието. Тогаш логично би било двете најголеми македонски партии и коалициите во кои се партиите на останатите етнички заедници да формираат македонски граѓански блок и да излезат со заедничка платформа со која би се спречил распад на земјата. Основата на оваа платформа би била да не се укинуваат веќе стекнатите права на етничките заедници, веднаш да се направи попис на населението, укинување на партии со етнички предзнак и разговори за унапредување на човековите права и слободи, но не и да се прифатат решенија кои се надвор од стандардите и ги нема во другите земји членки на ЕУ, како и тоа дека нема да се прифати и нема да се дозволи кантонизација и редефинирање на државата. Македонија не е бинационална држава за да се прифатат барања од типот: албанскиот јазик да стане втор службен јазик во Македонија, односно двојазичност на целата територија на Македонија, потоа рамномерна распределба на буџетот и консензуално одлучување за сите битни прашања. Македонија е држава на македонскиот народ и сите етнички заедници кои живеат на најзината тероторија Турци, Роми, Власи, Срби, Албанци, Бошњаци и др. Тие сите одлучуваат за иднината на оваа земја и тие по слободна воља гласаа за програмата на ВМРО ДПМНЕ. Македонците и сите етнички заедници по ниедна цена нема да дозволат разнебитување на сопстената држава Македонија. Тоа треба да го сватат сите меѓународни мешетари. Македонија не е Сирија, Египет, Либија,... Македонија вечна. АМИН! |