|
|
Никој не смее да ја погази вољата на народот! |
ВМРО ДПМНЕ е конечен победник на предвремените парламентарни извори во 2016 година. И покрај, сите манипулации, обиди за поткупување, прегласувањето во Теарце, кое требаше да стане “ново Танушевци“, не го измени резултатот на освоени пратенички места. Македонските граѓани гласаа против двојазичноста и кантонизацијата која ја понуди Зоран Заев, лидерот на СДСМ. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата остана со 51 пратеник, додека СДСМ со 49 пратеници. Жителите на Теарце се вистински херои. Притисоците, обидите за купување на гласови, албанската дијаспора и надворешните влијанија, не помогнаа да се скрши вољата на народот во Теарце. И покрај постизборниот инжинеринг на СДСМ и сите сили кои работеа на поделба на Македонија, победи македонскиот граѓанин кој во Теарце гласаше за унитарна држава и економски прогрес, кој е препознаен во досегашните и идните проекти на ВМРО ДПМНЕ. Уште на 11 декември ВМРО ДПМНЕ извојува победа, но обидите да се фалсификуваат изборите и задкулисните игри во ДИК и Управниот суд, ја доведоа во прашање вољата на граѓаните. Сепак, со прегласувањето во Теарце, СДСМ не успеа да му земе еден пратеник на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, кои извојуваа исклучително важна победа. Оваа победа на ВМРО ДПМНЕ треба да стави крај на политичката криза во која СДСМ ја втурна земјата, а новоизбраната старо нова влада треба да продолжи со добрите економски политики за добробит на сите граѓани на земјата. Политиката на лидерот на СДСМ Зоран Заев доби силен удар од Македонците во Западна Македонија. Македонците од Теарце испратија јасна порака во каква Македонија сакаат да живеат. Сепак, и покрај поразот, наместо да се размислува за заминување на Зоран Заев од лидерската позиција во СДСМ и коренити реформи во партијата, раководството на партијата сеуште смета дека тие ќе бидат оние кои ќе ја состават новата Влада. Односно, прегласувањето во Теарце било само формално и дека нема да влијае врз тоа кој ќе ја состави новата Влада. Ваквите изјави укажуваат дека поразените партии немаат намера да ја почитуваат мнозинската воља на народот и да се држат до воспоставените принципи на парламентарната демократија - победничките партии да формираат Влада. Иако од СДСМ не говорат за било какви подоцнежни коалицирања со албанските партии, странските мешања и изјавите кои доаѓаат од албанскиот блок навестуваат секаков можен заплет при составувањето на новата Влада. По предизборните ветувања на Зоран Заев за воведување на двојазичност на целата територија на државата доколку ги добие изборите, што го крена и цензусот на барања на албанските партии за идните коалицирања, повеќе од очигледно е дека преговорите за формирање на нова Влада ќе бидат тешки. Преставници на албанските партии се спремни да коалицираат со онаа партија од македонскиот политички блок која ќе им понуди подобра иднина. Односно со онаа македонска партија која ќе ги исполни нивните барања како што се: албанскиот јазик да стане втор службен јазик во Македонија, продолжување на мандатот на СЈО, имплементација на препораките од извештајот на Прибе, рамномерна распределба на буџетот и консензуално одлучување за сите битни прашања. Ваквите изјави кои доаѓаат од СДСМ и албанскиот блок во пресрет на формирањето на идната Влада се резултат на странското мешање и последен обид да се изманипулира вољата на народот. Но, токму затоа во прогласот на ВМРО-ДПМНЕ јасно и директно беше кажано дека оваа партија нема да дозволи некој да си поигрува со вољата на народот. Како победничка партија ВМРО ДПМНЕ нема да прифаќа нестандардни или хибридни решенија во било кој сектор доколку истите ги нема во другите земји членки на ЕУ и деканема да прифати и нема да дозволи кантонизација и редефинирање на државата под било какви услови или околности. Од ВМРО - ДПМНЕ порачаа и дека како победници на изборите, остануаат посветени на идните чекори околу формирање нова Влада и дека нема да се повлечат од прогласот објавен по резултатите од гласањето на 11 декември. Во интерес на сите граѓани време е да престанат сите лицитирања. Мора да се почитува вољата на македонскиот народ, која децидно се изјасни не само во Теарце, туку низ цела Македонија. Време е да се збијат сите редови во одбрана на демократијата, човековите права и слободи како клучни принципи врз кои се заснова ЕУ и нашиот уставен поредок. Време е да престанат надворешни и домашни поединци да ја газат изборната и суверената волја на граѓаните. ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата како победници се подготвени да ја формираат идната влада како израз на вољата на народот на Македонија. Никој не смее да ја погази вољата на народот! |