Среда, 28 Декември 2016   
ПРОГЛАСOT НА СДСМ ЗА ПОБЕДА: БОЖИЌНА РАСПРОДАЖБА НА ЗЕМЈА, НАРОД, ЈАЗИК, КУЛТУРА

СДСМ одамна ја има продадено, а со фалсификуваните изборни шеми, само ја дораспродаваше својата зделка со опклада против сопствениот Македонски народ, земја, јазик, култура и историја, за профит на неколкуте актери: своите профитери, албанските етничко малцински агенди за голема Албанија и надворешните интереси против постоењето на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ, победничката партија и на овие избори, веќе е изложена на непредвидливата опасност од „свршен чин“ режиран од оваа предавничка распродажба. Затоа, и да формира влада, ВМРО-ДПМНЕ сега ќе зависи од крајно антагонизираната левичарска деструктивност, омраза и криминал по што СДСМ е докажан уште пред и по приватизацијата, и ќе зависи од радикализираните исламски агенди на албанските партии. Распродажбата е спроведувана од неподносливо лекоумниот и морално и идејно корумпиран, а либерално лажно дарежлив СДСМ, а купувачот веќе ја планира Македонија како своја „ветена земја“ и како неважечка влада, држава и народ.

Ако СДСМ формираше влада на својот вообичаено измамнички, бескрупулозен начин, ВМРО-ДПМНЕ со право немаше да ја признае. Кој ќе требаше да добие со тоа пролонгирано, неизвесно и неоправдано барање на правдата? Македонија. А кој ќе изгубеше? Македонија. Така беше наштимана Соросовата уништувачка математика и машинерија за уривање на држави, со помош на новите леви јаничари по светот, како СДСМ? Ако ВМРО-ДПМНЕ направи коалиција со албанците, кој треба да изгуби? Одново Македонија! Така СДСМ калкулира дека по секоја цена треба да победува Соросовата „прогресивна“ светска зомбијада во Македонија!?

СДСМ е платеничка војска на фуриозната левицата на светот која има(ше) задача да ја доуништи  Македонија и да им ја испорача на светските блудни синови и ќерки, на анти-македонските Саломи, во елитистичките салони на распродажбата, да им ја предаде Македонија на Балкански „послужавник“ конечно само како мртва глава без тело, како генерична територија на која ќе се дифузира, трифузира, квадрира етничката и исламската агенда на новиот светски поредок на тој Балкан без Република Македонија, без македонскиот народ, и јазик, и историја.

Уништувањето на Македонија како земја и народ, за левите партии на САД, ЕУ и нивната  марионетска влада, СДСМ, треба(ше) да значи изведување на „прогресивната“ агенда на новиот светски нео-комунистички колонијализам, империјализам и (иако задоцнет и регресивен) соц-деконструктивизам.

Македонија бележеше економски, социјален и сеопшт напредок за време на 10 годишната демократска администрација на ВМРО-ДПМНЕ, која секогаш беше легитимно изгласана од народот. Комунистичката диктатура генетски присутна во СДСМ, не можеше да се помири да не владее (експлоатира) „вечно“. Отпочна лажна, насилничка пропаганда против ВМРО и му наметна  револуции (кои пропаѓаа низ светот) и политички, економски, социјални и сеопшти кризи. Левичарските fake news и масовна индоктринација по универзитетите и невладините организации и фондации се славеа себе си како нова елитна светска мејнстрим авангарда (иако и mainstream е веќе разобличен и отфрлан). Тиранијата на СДСМ продолжува(ше) со тортура против слободите на неистомислениците, на десничарските медиуми, на демо-христијанските идеи на народот - за да ги казнува како непревоспитани ученици кои продолжуваат во мнозинство да гласаат за реалните и конструктивни, рационални идеи на  ВМРО-ДПМНЕ, во сите (и предвремени) избори наметнати од хејтерски деструктивната, нарцисистичка и оттуѓена партија, СДСМ.

Очекува(ше) ли СДСМ - македонскиот народ да му честита за уште едно ропство кое ќе го спроведува(ше) по уништената еднаквост и толеранција, распродаваната „слобода“ и лажниот мир? Спрема природата на законот за суверен Македонски народ, држава, земја (patria) и демократија – Како?! Зошто?!  

Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска

kukubajska1
Д-р Кукубајска, републиканец, со премиерот Никола Груевски, во Њу Џерси, САД, 2008.

kukubajska2
„Некомунистичката“ поетеса Кукубајска, по добивање на наградата на градот Штип, и наградата Млада Струга, со Александар Грличков, Ристо Лазаров, Фируз Назим и Ацо Шопов со сопругата, Штип, 1973.

kukubajska3
Кукубајска, со словенечкиот амбасадор во Македонија. Б. Бергант, (кај Куклице) при снимање на клип со поетско читање на книгата ЕМИ И КУКЛИТЕ, 2008.

kukubajska4
Фамилијата Кукубајски во претседателскаѕа библиотека на Роналд Реган, Сими Вели, Калифорнија, 1988.

kukubajska5
Александар Кукубајски, таткото на Марија, со внуката Емилија (прва десно, сопругата Дуна, и пошироката фамилија,  во црквата Св. Богородица, Ново Село – Штип, на седиштата на кои седела Кукубајската ВМРО фамилија од 1890те години.  

kukubajska6
Дедото на д-р Марија Кукубајска, Мише Кукубајски, татко на Александар, три години измачуван од српските власти во Штипскиот затвор, и починат за каузата на ВМРО, 1927 година.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.