Среда, 04 Јануари 2017   
Одговорноста на опозицијата е огромна

grb-VEP
Македонска нација

ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеничко место во Собранието, доволно со стариот коалиционен партнер ДУИ да формира влада. Меѓутоа, само наивните можат да веруваат дека тоа ќе биде лесно, откако СДСМ го крена цензусот на барањата на албанскиот политички блок – двојазичност, федерализација на земјата и др.

ДУИ самата бараше победникот од македонскиот и албанскиот блок да направат коалиција. Но, ако ДУИ притиска со овие барања што ги заговараше Заев и ја направи истата грешка како ДПА која излезе од Владата во 2008, ќе стане една минорна незначителна партија.

Одговорноста на опозицијата е огромна, особено по ветувањата кои ги даде на албанскиот блок, а кои ја доведуваат во прашање унитарноста на земјата.

Западните мешетари кои направија еден куп проблеми низ светот и секаде каде што се замешаа има крв и солзи, имаат голем дел од вината за она што се случи во земјата. Тие му даваат поддршка на Заев за тој да ја освои власта, а потоа да го смени името, да ја федерализира државата, без разлика на последиците по македонскиот народ.

Обидот на СДСМ да ја престави употребата на албански јазик на целата територија како граѓански концепт за подобро меѓусебно разбирање нема подлога, зошто тоа води наместо кон интеграција, кон дезинтеграција на земјата.

На последниве избори, Македонскиот народ ги поддржа реформите во државата што ги понуди ВМРО-ДПМНЕ. Тие сакаат да се стави крај на политичката криза која предолго трае и да се стави крај на поделеноста меѓу Македонците.

ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада, но таа нема да биде стабилна, бидејќи нема големо мнозинство од 63 пратеници како што се бараше. Можеби за година две ќе имаме нови избори, но, како и да е, Македонија од оваа криза ќе излезе многу посилна.

Возобновена како Демократска Партија за Македонско Национално Единство, во чие име останаа да светлат и четирите историски букви на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, од своето формирање до денес одлучно застана во одбрана на националните интереси на македонскиот народ и држава, а по 2006 година како партија на власт, со спроведените реформи и со својата економска политика, дури и во услови на светска економска криза, стана главен двигател на економскиот развој на земјата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави дека по изборите ќе има големи кадровски промени, тие се за доброто на партијата и на државата и треба да му оставиме простор со новата гарнитура да ја продолжи економската програма, која досега овозможи намалување на невработеноста на рекордни под 24%.

За да земјата стане здрава и модерна држава, резистентна на политиките на соседите кои го оспоруваат македонскиот народ и правото на сопствена држава, Македонија треба да има здрава економија, образован кадар, здрав и згрижен народ, како и историја изградена на цврсти докази кои не може никој да ги оспори.

Политиката на Владата на Република Македонија, како и големата поддршка која македонскиот народ му ја дава на ВМРО-ДПМНЕ (450.000 гласачи) укажува дека идниот премиер Никола Грувески и неговиот тим се наоѓаат на вистинскиот пат.

Во минатото е изгубено многу време, време кое денес треба да се надомести.
Меѓутоа во трката да се надомести загубеното време, може и да се погреши. Всушност, само оној кој работи може и да згреши.

Македонскиот народ очекува од Никола Груевски, Македонија да ја изгради како држава со која ќе се гордее секој Македонец.

Вечна да е Македонија!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.