Среда, 04 Јануари 2017   
СТРАТЕГИСКИ ОПРЕДЕЛБИ ИЛИ СТРАТЕГИСКИ ЗАБЛУДИ

sloboda-ili-smrtЃорѓи Поповски

Во текот на предизборието, а особено во кампањите за двапати одлаганите и конечно реализираните "скандинавски" избори на 11 декември минатата година се изнаслушавме стратегиски определби и завети речиси унисоно, од сите партии учеснички во кампањите, дека остануваме цврсто определени на стратегиските определби за евроатлански интеграции.

Се прашувам: дали барем некој од заветените си го постави прашањето што во суштина значи тоа завештание за атланските определби, демек за членство во НАТО и европските определби, т.е. за членство во Европската Унија!? Мојот впечаток е дека малкумина се што го сториле тоа, ако воопшто има некој!?

Не сум НАТО-скептик, ниту пак ЕУ-скептик, но реалностите - драги мои сограѓани - се многу грди, дури премногу!

Ке се обидам и да понудам мое видување за работите. Ке почнам со завештанието за атланските определби, т.е. нашата за светла иднина во НАТО. Поминаа дури шест самити на НАТО (Букурешт, Стразбур-Кел, Лисабон, Чикаго, Велс и Варшава), а од поканата за полноправно членство на Македонија во Алијансата - апсолутно ниошто! И не само што не уследи фамозната покана, туку односот на самиот НАТО кон нашата земја, која е земја-аспирант за полноправно членство од самит до самит е се поригиден и понегативен!? Со други зборови, и покрај цврстата определба и непосреден придонес на Македонија во активностите и операциите на НАТО, од покана нема ни "П", а атмосверата во самиот НАТО кон нас се понепријатна, па дури и нетолерантна.

Иако е голем заговорник за почитување на меѓународното право, НАТО не се удостои да почитува пресуда на највисоката судска истанца на планетава - Меѓународниот суд во Хаг формиран од Обединетите нации, организација во чие формирање уцествувале сите 28 членки на НАТО. Значи, самите членки на Алијансата не почитуваат одлуки, т.е. пресуди на суд во чиешто формирање самите учествувале. Колку и да звучи апсурдно за жал, сепак тоа е реалност.

Само за потсетување за НАТО-вци: Македонија беше меѓу првите "нови демократии" што на почетокот на 1990тите години аплицираше за членство; бевме членка на Вилниус групата од 10 земји, кандидатки за членство; членка на A5 +САД, членка на А3 групата со Хрватска и Албанија + САД. Македонија ги подржа САД во интервенцијата против режимот на Садам Хусеин кога половина членки на НАТО ја бојкотираа таа операција; а оствари 17 ротации на свои војници во операцијата ИСАФ во Авганистан, каде го обезбедуваа главниот штаб и командата на НАТО во главниот град на Авганистан со просечно 150-160 војници и офицери во смена, а колку за споредба Грција која е членка на НАТО својот максимум го постигна со испракање едвај 30 медицински работници и обавештајци во Кабул. Поднесовме и 17 Годишни програми (своевиден приемен испот за членство) што добија највисоки оценки од самите НАТОвци за реформите во одбраната, но ништо од тоа.

Кулуминација на македонската НАТО-сага секако е пресудата на маѓународниот суд во Хаг во наша полза дека Хеленската Република го прекршила мегјународното право непочитувајки ја спогодбата од Њујорк меѓу двете земји спонзорирана од Обединетите нации и САД.

И што да се каже после сето ова? Какви се изгледите да постанеме членка на Алијансата во догледно време? НИКАКВИ!!! Токму така, никакви - се додека на сме го сменеле името. Право лудило, зарем не?. А зошто би го менувале името и зошто би потклекнале на една фашизоидна политика наметната од Грција што ја подржува НАТО (Според методот на дедукција испаѓа дека НАТО подржува фашизам, зарем не!?).

Да не заборавиме дека како остаток од студенилото на блоковските поделби НАТО е пред се  воена групација што се спротивставува како соперник на сега виртуелниот противник Руската Федерација. По дифолт сите членки на НАТО се цел на руски напад во случај на војна. Ке ги прашам Бугарите и Романците како ке се чуствуваат доколку американските нуклеарни проектили бидат дислоцирани од базата Инџирлик во Турција на нивна територија. Доколку се случи тоа, истиот миг тие постаниуваат легитимна цел за руските атомски проектили! Звучи непријатно, зарем не?

Па што да се прави? Одговорот е мнногу едниостравен: наш, македонски ултиматум до НАТО, или ке престанете да се глупирате со тој ваш идиотски консензус и веднаш ке не примите, или ние најавуваме референдум за прогласување воена НЕУТРАЛНОСТ. Неутрална Македонија, како и неутрална Австрија и Швајцарија може да си тераат бизниси со НАТО, но со својата неутралност никому нема да претставуваат закана.

Членството во ЕУ е втората тажна приказна со која се соочуваме како земја и како генерација. И таму, проблемот било името на земјата (погоре споменатата теза за фашизам важи и во овој случај). Македонија која по Словенија беше најнапред во реформите самата ЕУ ја помести на опашката кандидати за членство поради принципит на солидарност (?) со земја членка - Грција!) А да ги запраша човек: солидарност со што? Не знам дали ке можат да понудат логички прифатлив одговор!

Впрочем, ајде веке еднаш да видиме: врз основа на што Грците бараат ексклузивитет на името Македонија, па и на нацијата Македонци? Современи германски антрополози тврдат дека дури 80% од она што се нарекува грчка нација се негрци, т.е. еленизирани Албанци, Словени (Македонци и Бугари), Власи, Турци, Евреи..... Нивно право е како овие луѓе се чуствуваат и нарекуваат, исто како што и наше легитимно право да се нарекуваме како што сакаме и се чуствуваме, зарем не!? Впрочем, тоа е и едно до основните човекови права загарантирани со меѓународните конвенции (само што Грците ништо не почитуваат и тоа им поминува во ЕУ и НАТО толерирајки ги како на размазени деришта).

Некој британски аналитичар и добар познавач на приликите во ЕУ предвидува дека Македонија ке биде п о с л е д н а !?) европска земја што ке постане членка на ЕУ и тоа евентуално дури во 2030 година (Не умри магаре за зелена трева, што би рекол нашиот народ). Е па што дотогаш? треба да се живее и да им обезбедиме иднина на генерациите што доаѓаат по нас, зарем не?

Мислам дека актуелните "стратегиски определби" се во суштина "стратегиски заблуди"што треба добро да се проанализираат и да размислуваме за нови, поаѓајки пред се од нашите сопствени интереси. Да ја претвориме земјава во даночен рај, слично на Луксамбург, Кипар, Малта, па и Велика Британија со нејзините острови во Каналот, да отвораме нови пазари! Само така можеме да излеземе од оваа жабокречина во која не турнаа и упорно и сепоагресивно и бескрупулозно не туркаат токму НАТО и ЕУ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.