Среда, 11 Јануари 2017   
Рама каде ти е Заев

rubinco Јованоски
Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

На 2 дена пред новогодишните празници, поточно на 30 декември 2016 година Претседателот во заминување на Републичкиот парламент, Г-динот Трајко Вељаноски ја закажа конститутивната седница на новиот 9-ти по ред парламентарен состав во плурална Македонија. Со тоа, се верифицираа мандатите на 120 - те народни избраници. Епилогот е јасен во поглед на освоените пратенички мандати, и тоа: ВМРО ДПМНЕ 51, СДСМ 49, Алијанса за албанците 3 ДУИ 10, БЕСА 5 и само 2 пратенички мандати освои политичката партија на ДПА.

Во постизборниот период се чувствува една тотална депримираност на зајчето од Градот под Царевите кули.

Во едни такви околности аболицираниот лидер на СДМ, Зоран Заев, Алијас Вошко Буха назначи в.д. Градоначаник на Струмица и аналогно на тоа го прифати пратеничкиот мандат.

Сигурно зајчето се плаши кога конечно ќе дојде да одговара за кривичните дела Пуч и Поткуп во опција како давеник за сламка да му биде да се повика на пратеничкиот имунитет. Но таа варијанта само да се потсетиме во сега далечната 2008 година се повика некогашниот премиер, а тогашен пратеник во Републичкото собрание Владо Бучковски за криминалот наречен тенковски делови. Но, собранието како што е познато му го одзеде пратеничкиот имунитет.

Па македонската политичка сцена особено кај македонскиот политички кампус интересно е да се пишува за т.н. пукано зајче оти со еден збор кажано тој е гробар на македонските пилитички интереси.

Имено за време на предизборната кампања претседателот на најголемата опозициона партија во Македонија,СДСМ, Зоран Заев на говорницата во Берн во Швајцарија најави отворање на рамките на т.н. Рамковен охридски договор од далечната 2001 година. Тоа е предлог за тивка кантонизација и аналогно на тоа да се направат политипни општини и да се оди кон тивка федерализација.

Исто така, за време на митинзите низ нашата мила и напатена од векови Република Македонија зајчето нагласуваше дека албанскиот јазик треба да се учи од мали нозе. Тоа беше сигнал испратен лично до албанскиот политички кампус да навива и гласа за време на изборите за зајчето. Резултатот е јасен зајчето доби импозантни гласови во населени места со албански електорат.

Со тоа коалициониот партнер на ВМРО ДПМНЕ од албансккот политички кампус ДУИ загуби 7 до 9 пратенички места. Но, со тоа се отвори жешката пандорина кутија за заедничката платформа на албанските политички партии за време на поканата за формирање на новиот Владин кабинет на Република Македонија.

Иронијата да биде голема заедничката албанска платформа се составуваше во Тирана под покровителство на Еди Рама, а на која учествуваа: Али Ахмети (ДУИ) Била Касами (Беса) и Зијадин Села од Алијанса за албанците, додека Мендух Тачи не присуствуваше на тие средби.

Само да се потсетиме на главните барања на албанскиот политички кампус:

-Јазична и економска рамноправност

-судски реформи

-расветлување на повеќе судски предмети

-Членство во НАТО и ЕУ

-продолжување на рокот на работа на СЈО

Во едни такви околности максимално се ангажирани и дииломатски претставници во нашата држава од (САД, Канцеларијата на ЕУ: Шведска, Италија и други соросоидни организации со цел да се минимизира маневарскиот простор на победничката македонска партија при составувањето на новиот Владин кабинет.

Но, во оваа прилика се прашувам зошто Еди Рама не го поканил на преговорите и гробарот на македонските политички интереси Зоран Заев.

Трагедијата да биде уште поголема Петар Шилегов - шилежето излегува во јавноста и кажува без ниту тронка совест дека неговата политичка партија ќе формира Влада за подобар живот.

На крајот да ги потсетиме предавниците на македонските политички интереси на    чело со зајчето дека на изборите на 11 декември ВМРО ДПМНЕ освои приближно 453 000 гласови а СДСМ 436 000 гласови.

Бе молам оставете го на мира Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов да му го даде мандатот за формирање Влада на победничката партија, а тоа во конкретниот случај е ВМРО ДПМНЕ.

Вие како предавник на македонскиот електорат ќе формирате Влада ако не може да состави Извршна власт партијата ВМРО ДПМНЕ на чело чело со нејзиниот ревносен Претседател Никола Груевски.

Но таквата Влада верувајте ми ќе биде предавничка и губитничка само за македонскиот политички кампус.

На крајот тргнете од златната максима која гласи: многу е лесно да уништиш нешто кое со векови си го градел. Само едно можам да му            порачам на зајчето "чувај си ја сопствената зајчева кожа“.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.