Среда, 25 Јануари 2017   
ЗАРАДИ КРШЕЊЕ НА ЕМБАРГОТО КОН СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА НЕ ДОБИ НИКАКВА ОШТЕТА ОД ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ!

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

ЗАРАДИ КРШЕЊЕ НА ЕМБАРГОТО КОН СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА НЕ ДОБИ НИКАКВА ОШТЕТА ОД ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ! ЕВЕ И ЗОШТО...

Југославија, Хрватска и Босна беа под ембарго за увоз на оружје скоро деценија во деведесеттите години. Ембаргото беше симнато во неколку фази по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор во 1995 година. Но, во 1998 година Обединетите нации повторно ставија ембарго врз Југославија, поради борбите на Косово.

Во објавените документи на ЦИА од 1995 година, се обработува кршењето на ембаргото кон СР Југославија, во делот посветен на Македонија. Во документите пишува како власта од тогашната СДСМ на чело со своите врвни функционери земала мито за кршењето на ембаргото.

Тоа беше јавна тајна!

“Македонскиот министер за надворешни работи, му призна на шефот на мисијата на САД во Скопје, дека неговата држава не може да применува строги санкции кон Србија. Врвни македонски функционери вклучувајќи ги премиерот Бранко Црвенковски, министерот за финансии Јане Миљовски и министерот за транспорт Димитар Бузлевски, добиваат мито за обезбедување на лажни документи и документи за транспорт“, - пишува во извештајот.

Ова е официјална потврда на ЦИА за криминалот што го правеа високи функционери на СДСМ во тоа време.

Извештајот открива и како функционирала шемата.

“Многу македонски фирми користат лажни документи за да и помогнат на Србија да ги избегне санкциите, пишувајќи се себе како краен импортер на стоките, во принцип наменети за Србија и како извор на извозот кој е од Србија. За паричен надомест, овие фирми се задолжени за подготовка на документите, складирање и транспорт на стоката”, - пишува во извештајот.

Документите потврдуваат дека шверцот бил од енормни размери. Во прашање беа милијарди и милијарди... Илјадници композиции вагони со нафта и цистерни, заминуваа од Македонија кон Србија. Без локомотива, илјадници вагони, композиции вагони “шетаа“ од Македонија кон Србија... И добро ќе беше ако дел од таксите и провизиите за тој транспорт завршуваа во државната каса, народот да види ќар. За жал, тие милијарди завршуваа во џебот на поединци, високи функционери на СДСМ.

И затоа, Македонија не доби никаква оштета од Обединетите Нации, и покрај воведените санкции за ембарго кон СР Југославија.

Впрочем, никој ни не праша, зошто Обединетите Нации не и’ платија оштета на Македонија за ембаргото кон Србија?

ЦИА знаеше дека ембаргото е преплатено, но парите завршуваа на приваттни сметка на само некои високи функционери на СДСМ во тоа време... За жал...

Не станува збор овде за обвинение кон СДСМ, то криминал членовите на оваа партија секако не го договарале. Зборуваме за високи функционери на оваа партија кои ја злоупотребија довербата за смтка на лично богатење и кршење на ембаргото на Обединетите Нации и законите на државата Македонија!

Ќе се отвори ли некогаш истрага за овие случаи?...

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.