|
|
Да се потсетиме што значеше во 2001 формирањето на широка влада |
Јово Бурне Меѓународната заедница притиска за широка влада која ќе потпише промена на името на државата Меѓународната заедница и ЕУ јасно ставија до знаење дека Македонија во овие кризни моменти е зрела за формирање на една широка владина коалиција во која би влегле сите политички субјекти, а сето тоа ќе значи и на помала врата да се протурка потпишување на промена на името на државата од страна на сите политички субјекти и итно внесување на Република Македонија во НАТО под некое ново име и нов идентите, без притоа да се праша вољата на Македонскиот народ за тоа. Ново име за државата најверојатно се припрема да биде Република Северна Македонија, а сето тоа автоматски ќе значи и промена на идентитетот на народот од Македонци во Северно Македонци, а политичките партии во евентуалната широка влада ќе бидат ставени пред свршен чин да ја потпишат таа промена на името. Македонија во овие судбоносни и најтешки политички моменти од осамостојувањето, не смее по ниту една основа да си дозволи формирање на широка влада кон која притиска во овие моменти меѓународната заедница. Да се потсетиме што значеше во 2001 формирањето на широка влада. Значеше промена на уставот на државата и внесување на Охридскиот рамковен договор кој беше потпишан од сите субјекти во таа широка влада. |