Среда, 01 Февруари 2017   
Буковски манастир „Св. Преображение Христово“ бил омилено место на рускиот конзул Ростковски

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Буковскиот манастир „Св. Преображение Христово“ бил еден од омилените места на дипломатскиот кор во конзулска Битола за време на Турската империја. Особено бил омилено место на Рускиот конзул Александар Аркадиевич Ростковски, кој во 1903 година бил убиен од турски војник доека се враќал од манастирот во Битола.

Буковскиот манастир „Св. Преображение Христово“ се наоѓа на околу 2 км. над селото Буково, на доминанатна височинка опкружена со густа шума, помеѓу селата Крстоар и Буково и на 6 км од Битола. Манстирскиот комплекс се состои од  манастирската порта, црквата, конаците на два ката, со кујната и трпезаријата, камбанарија и уште неколку други помошни објекти.

Историските сведоштва за Буковскиот манастир зборуваат за неговото повеќевековно опстојување како еден од поголемите монашки и духовни центри во битолско. Манастирот бил возобновен на почетокот на XIX век. Првично имал монаси, но половина век подоцна монашкиот живот замира и управувањето е преземено од мирјани од Битола.

Манастирската црква е изградена во 1837 година во центарот на оградениот минастирски двор и како градба тој е еден од најрепрезентативните во подпелистерскиот регион. Во архитектонски поглед претставува комбинација меѓу трикорабна базилика и впишан крст со купола, која се издига во централниот дел на храмот. На исток има седумстранна апсида. На јужниот и северниот ѕид има по четири правоаголни прозорци. Влезовите се од југ, запад и север. Над западниот е издлабен натпис, кој ни ја дава годината на изградба - 1837. Во ентериерот трите брода се поделени од два реда од по четири масивни столбови, оформени од по 10 и 12 камени прстени, меѓусебно поврзани со арки. Куполата е на четири пандантифа. Осветлувањето од осумстраниот тамбур е обезбедено преку прозорци.

Во внатрешноста на црквата нема живопис, но е исполнет со прекрасна резба: иконостас, две табли поставени во западниот ѕид и еден сандак каде се чуваат свештеничките одежди. Иконостас е од три, а во централниот дел од четири реда колони. Во него се вградени удели од постар иконостас. Особено значајно е целиванието украсено со резба, кое има високото ниво на уметничка обработка и претставите изрезбани на мал простор, претставуваат вистински репрезент на на дрвената резба, од првата половина на XIX век во битолско и пошироко.

Во црквата има многу икони од XIX век и почетокот на XX век, кои датираат од 1862, 1881, а дел од 1908 година. Овие икони според стиловите се дело на локални зографи. Во црквата има и една стара икона изработена од непознат зограф во XVIII век.

Во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.) прилпечанецот Георги Трајчев за Буковскиот манастир ќе напише:

„Буковскиот манастир е расположен на една височинка, крај селото Буково, во источните падини на величествениот Пелистер. Од југозападната страна манастирот е обиколен со богата букова и брестова шума, која му два живописен изглед на манастирот.

Во него се влегува низ двојна порта, над која се гледа надпис од 1844 година. Тогаш е подигната портата и над неа соби за гости. Манастирската црква е на средината на дворот и покриена со камени плочи, кои ги има изобилно во локалните каменоломи. Таа е со едно кубе, во вид на крст и со осум столба. Долга е 24 чекори, а 15 шорока. Иконостасот е со резба, на кој под секоја икона се гледа двоглав орел (д-р Јован Хаџи Василевиќ, гр. Битола, 1911 год.).

Над северната црковна врата стои 1837 година, кога била возобновена црквата над стари основи. Во постаро време тука се служело на славјански, а по обновувањето го користи патријаршијата.. Славјанските книги, со руска редакција, со кои се служело во почетокот на XIX век, не беа дозволени во манастирот.

Има камбанарија со една камбана. Околу црквата, од кај северната, јужната и западната страна се наоѓаат манастирските соби.

Поради близината на манастирот до Битола, еден час јужно и неговиот чист планински воздух и кристалната букова вода, манастирот често се посетува од градот, а за време на големите летни горештини, тука многу семејства летуваат.

Иако патријаршиски манастир, арх. Антонин, на 30 нај 1865 година на таванот ги нашол скриени следните книги: 1. Четвороевангелие, на пергамент, ракопис; 2. Пролог од месеците септември, ноември и декември; 3. Минеј за месец март од XVI – XVII век; 4. Минеј за месец ноември. На првата страница има белешка дека проигуменот Атанасиј на манастирот св. Отец (Кумановско), кој отишол на соживот во манастирот св. Јаким, поранешен тамошен игумен, ја зел и кигата минеј и 5. Октоих, печатен во 1539 година.“

Поради густата шума и пријатната клима во околината на манастирот, жителите на Битола и околината редовно го посетуваат Буковскиот манастир „Св. Преображение Христово“.

Во минатото овој манстир бил еден од омилените места на Битолските конзули за време на Турската империја. Особено бил посетуван од Рускиот конзул Александар Аркадиевич Ростковски, кој активно одржувал контакт со дејците на Македонската револуционерна организација. За време на илинденските настани, на 26 август 1903 година, во присуство на својот пријател Крсте Петков Мисирков и учител на неговите деца, Ростковски облечен во парадна униформа, бил убиен од турски војник (Албанец по потекло) додека се враќал од манастирот во својата резиденција во Битола.

(извор: Г. Трајчев „Манастирите во Македонија“, Софија, 1933 г., Р. Палигора, „Студија за поврзување и проноција на манастирскиот туризам на Баба Планина, Битола, 2011 година)

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.