|
|
Страшно проклетство влечеме ние Македонците низ вековите! |
Денови на самоуништување и повторување на истите грешки, можеби исти како во минатото, но многу тешки и болни за Нас Македонците. Дозволивме предавници и кодоши да добијат сила и преку некои странски амбасадори да ни прават проблеми и да ни го пијат мозокот. Се им дозволивме, како и нашите предавници што им дозволуваа и како за утеха се тешевме со она нашето... ќути, имало и полошо. Стравот да не се налути некој и да не предизвикаме војна навистина не чини скапо. Не помнам кога последен пат сме ги покажале нашите заби. Но имаме историска шанса да ставиме крај на ова наше проклетство.
Во името на сегашните и идни генерации, време е да реагираме како славните Македонци. ВРЕМЕ Е ЗА БУДЕЊЕ! Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив луѓе на многу високи позиции од партијата на Премиерот. Нашиот извор не сака да открие за кого станува збор но вели дека е премиер на странска држава кои се токму на општeствени позиции врзани за проблематиката која што ја разработуваме јас и Вие. Сега останува само да ми кажете кога можеме да се видиме најбрзо, затоа што мораме да дејствуваме и заради пријателите од надвор, но и богами овдека кај нас се очекува да почне процесот на враќање на слободата и демократијата. Мислам дека има доста детали кои треба да ги допрецизираме и за тоа сигурнo ќе ни требаат многу денови, се вели во дел од писмото од Заев до Верушевски. Вака почна разнебитувањето на нашата Македонија. Најголемиот дел од македонскиот народ застана во одбрана на аманетот што ни го оставија нашите претци, „Македонија на Македонците“. Но додека помногубројните без поголема надворешна поддршка се обидуваат да го сочуваат најсветото што го имаме, името и иднината на Македонија, дотогаш помалубројните но погласните, со надворешна поддршка, поигрувајќи си со сопствениот народ ни ја наметнаа референцата ФИРОМ, го променија знамето, ја наметнаа територијалната поделба од 2004 година и започнаа преговори за името на татковината. Модерните „јаничари“ едноставно заборавија дека народ без корен лесно ќе го оддува ветерот, а со тоа и самите нив, зошто станаа луѓе од „ниедна нација“. Во моментите кога нашите соседи повторно имаат исти ставови за Македонија, а ЕУ и НАТО ни порачуваат да го смениме името доколку сакаме да не` примат во нивно друштво, дотогаш истите домашни т.н. експерти, политичари, партии, некои медиуми, невладини организации, се јавуваат гласно, барајќи промени во земјата. Дали постојат во Македонија предавници? За жал, во Македонија токму претставници на политички партии се тие коишто ја засилуваат оваа поделба поради тоа што отворено манифестираат нетолеранција и желба за пресметка со своите неистомисленици заради лични интереси, или заради интереси на некој наш сосед. Тој што Ве предал, тој што до вчера со Вас споделувал идеја за Македонија, а утре од Вас или од сопствената држава или нација се откажал поради материја, на пример пари или власт или и едното и другото, во кривичното законодавство, современите општества изградиле институт велепредавство. Страшно проклетство го влечеме ние Македонците низ вековите! ВЕЧНА ДА Е БИБЛИЈСКА МАКЕДОНИЈА!
|