|
|
ДУИ го прекрши мајскиот договор и дадената беса |
А сега прашањето е како Зоран Заев бара мандат од непризнаетиот легитимитет на изборот на Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов? Се бара ли мандат од некој што не постои ? Победничката партија ВМРО ДПМНЕ го врати мандатот откако не успеа до крајниот рок да обезбеди договор со досегашниот партнер во власта. ДУИ го прекрши правилото која сама го наметна, двете победнички партии од македонскиот и албанскиот блок да формираат влада. По тридневни маратонски разговори во Мала Речица, од ДУИ соопштија дека немало доволно аргументи за да се одлучат за една од петте опции што биле предмет на дебата и дека им е потребно уште време за да донесат одлука. Според портпаролот на ДУИ Бујар Османи, наредните денови ќе ја продолжат дебатата за да ја донесат најдобрата одлука за граѓаните. ДУИ го прекрши мајскиот договор и дадената беса, а неформирањето на Влада уште повеќе ја продлабочува политичката криза во земјата. Со ваквата постапка, раководството на ДУИ покажува дека воопшто не им е грижа за граѓаните и македонската држава, туку дека единствено се интересираат само за спроведување на албанската платформа која води кон разнебитување на македонската земја. Всушност, тие ги вклопија големоалбанските интереси со интересите на силите кои работаат на исчезнување на македонскиот народ и држава. Тоа го покажува и изјавата на Брисел. Европската Унија по непостигнувањето договор за формирање влада од ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија на последните избори и ДУИ, како што изјави Маја Коцијанчич, портпаролка на Европската комисија, сега очекува претседателот Ѓорге Иванов да изврши итна консултација со политичките сили во земјата и да определи лидер за формирање на „што е можно поширока влада". А сега прашањето е како Зоран Заев бара мандат од непризнаетиот легитимитет на изборот на Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов? Се бара ли мандат од некој што не постои ? Препораката да се формира влада на широка коалиција, која ја турка Брисел, има единствена цел, а тоа преку албанската платформа да го смени името на земјата и сите белези на државата, без притоа да се праша народот. Нешто што се случи во 2001 година со Рамковниот договор во 2001, како и со територијалната поделба во 2004 година, активности за разнебитување на земјата зад кои активно учествуваше раководството на СДСМ. Под заштита на чадорот и СЈО, лидерот на СДСМ наместо да одговара за велепредавство, уцени и малверзации, сега очекува од претседателот Ѓорѓи Иванов да го добие мандатот за формирање на нова влада. Човекот кој беше иницијална каписла за албанската платформа, откако на албанската зедница во замена за нивните гласови им понуди употреба на албанскиот јазик на целата територија, очекува да формира парламентарно мнозинство. Но, доколку СДСМ го добие мандатот и формира влада, тоа ќе биде вовед во нова уште поголема криза. Тоа го најави ВМРО ДПМНЕ веднаш по информациите кои дојдоа од Мала Речица. Во соопштението од партијата се вели: „ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата За подобра Македонија како победник на последните избори која доби најголема поддршка од граѓаните и освои најголем број гласови и пратеници, смета дека формирањето на Влада треба да биде во функција на затворање на политичката криза, а не нејзино продлабочување и смета дека одржувањето на нови избори е зрело решение, а во функција на надминување на кризата и поставување на реформските приоритети во прв план. Секое друго решение само ќе доведе до нова конфликтност и проблеми во и онака поделеното општество и нема да биде во функција на одржливост и остварување на било чии програмски цели“, Всушност, секое коалицирање не дава можност за стабилна влада. Затоа се потребни нови избори, кои би им одговарале и на ДУИ. Односно по одбивањето да коалицира со ВМРО ДПМНЕ, ДУИ доколку сака да го врати својот рејтинг во традиционалните албански средини треба да го одбие и СДСМ, доколку Зоран Заев го добие мандатот. Со тоа ДУИ ќе го зачува образот кон ВМРО ДПМНЕ во врска со мајскиот договор, но и ќе му се овозможи да ги консолидира своите редови за да на следните избори освои многу повеќе пратеници. Доколку пак се случи ДУИ да влезе во коалиција со СДСМ, и почнат активности за разнебитување на македонскиот народ и држава, тогаш Македонците треба да се спремат за нов Илинден. Само така ќе можат да го одбранат својот дом, семејството, држава, името, јазикот и идентитетот, односно својата иднина.
|