Среда, 08 Февруари 2017   
МАКЕДОНСКА ВЕРА ПРАВО-СЛАВНА, А МАКЕДОНЦИТЕ СЛОВЕСНО-ВЕЛЕНИ, СЛАВНИ СИНОВИ БОЖЈИ

Branko Sotirovski
Бранко Сотировски

Шестти дел:

МЕСИЈАТА - ЕДИНСТВЕНИОТ ИЛИОН, МАКЕДОН, ЗЕТ,
ХЕРМЕС, ИС-ИСУС, ДОН, ДИОН, ДИОНИС

Шестти дел: Македонскиот род Лаврод, распространет е од Зета Македониа Востанија на Исток (денешна Кина), па сѐ до Зета Македониа Европа на крајниот Запад (денешна Шкотска). Македонскиот род Лаврод e организиран во држави, налик на денешните, со своето писмо, јазик, наука и вера. Ова владеење, господарување на родот Лаврод трае непрекинатo во продолжеток до денес, во временски период од 16 космички години (или 16 X 25.776 г. = 412.416 г.). Ова е културниот пат на Македонците од родот Лаврод, кога доаѓа до кулминација во времето на таканаречена „античка Македониа“, во периодот на владеење на Филип и Александар Македонски.

Стотина години пред раѓањето на Александар Македонски, се појавуваат во Зета Македониа Европа и Зета Македониа Востаниа ИЗРОДНИЦИ или одродници. Тие го напуштаат македонскиот род, формираат посебни племенски групи со измислени имиња. Тогаш започнува хаосот на овие два континенти.

Александар Македонски ги покорува градовите-држави на југот од Македонскиот Полуостров, населени со Македонци, наречени „Хелени“, а всушност, тие се ВЕЛЕНИ - фалени или Словени и доселеници од безимени луѓе од семитско арапско потекло.

За Зета Македониа Европа и македонската држава, најголемата закана по безбедноста во тоа време доаѓа од Зета Македониа Меѓупоточна (наречена Месопотамија и Персија). Овие македонски изроди од Блискиот Исток го менуваат  јазикот и верата. Формираат посебни племенски групи со цел уништување на Македонија и Зета Македониа Европа и македонската вера во Богот Сонце ИЛИ-ИЛ и верата на  реинкарнација. Александар Македонски ќе тргне во поход по патот на Дионис. (Дионис е првиот глобализатор на светот, кој ја раширил македонската култура на сите пет континенти.)

aleksandar111
Месија –Александар Македонски, единствениот Илион, Македон, Зет, Хермес, ИС-ИСУС, Дон, Дион, Дионис.
(356 маке. ера пред.п.на хрс.. - 11. 6. 323 мак.ера пред п. На хр.)

По смртта на Александар Македонски по 33 г., или по повлекувањето во Зета Македониа Ар на МА (денешен Египет) под друго име, ќе настапат граѓанските војни во Македонија, кои траат се до освојувањето на Македониа од страна на градот-држава Рим. Уништувањето на Македонија започна уште во 168 година пред појавата на христијанството, со поразот на Персеј од Луциус Емилиус Паулус. Тогаш, целиот кралски двор заедно со Персеј и цело богатство на македонското царство биле однесени во Рим.

Сега заканата по безбедноста на македонскиот народ доаѓа од самите Македонци од Западот (Зета Македониа Европа), здружени со безимени луѓе од семитско-арапско потекло, од југот на Македонскиот полуостров и Блискиот Исток.

Ова е кус вовед во состојбата на општествено-политичката подготвеност, македонските изроди да го смислат последниот удар над Македонскиот народ кои живеат на двата континенти. Тоа е промената на македонската вера на Сонцето, пролетта и убавината да ја претворат во религија, која со нејзината симболика и сокриено значење работи на уништување на Македонците во Зета Македониа Европа тргнувајќи од Македониа.

З.М.Европа се дели на помали племенски групи со измислени имиња на територии, Македонците-патриоти ги убиваат, со двата најсвети македонски симболи: КРСТОТ и  КЛАДАТА. (За крстот прочитај повеќе на страна 42) во книгата „Зета Македониа“.

Македонскиот народ, поробен од сопствените Македонци - Римјаните, ќе биде поделен во четири покраини, ограбен, со делумно забранети обичаи, како верски обреди во чест на единствената Мајка Македониа и единствениот Бог Сонце, (сега е сметана за паганизам и многубожие), со ограбени натписи, а останатите уништени, со прекинат културен развој, издробени во прави божји храмови и споменици. Cо еден збор, САМОСОЗДАДЕНОТО божество (Римјаните, кои сами себе си се прогласуваат за богови) сметале дека е убиен духот божји Македон во секој Македонец.

Македонската вера е истата оваа христијанска религија, но со мали измени и забрани, (како канони), покрај другото и забрана за спомнување на македонското име.  Македонската вера е вера во Мајката 3емја Македонка и Таткото Сонце ИЛИ. Тоа е вера на реинкарнација или воскреснување, тоа е вера во пролетта, поезијата, љубовта, цвеќињата и убавината, зачеток на живиот свет „ИС“. Вера во науката, уметноста и словото божјо. Вера на македонската цивилизација како историја на светот. Тоа е вера на македонската култура во продолжеток до денес.

Македонецот како син божји Илион и син на Мајката Македонија - Македон, умен вреден, со божја промисла или СЛОВО божјо, горд на својот род Лаврод, горд на својот божји ген, тој е ГОСПОДИН, ГОСПОДАР, ГОСПОД И ГОСТИН на Земјата. Длабоко во душата го задржал сопствениот дух божји Македон, длабоко во душата му е задржано името Македониа. Македонецот лесно се прилагодува на новата општествена состојба.

Роден од единствените родители, од Мајката Македонија и Таткото Сонце ИЛИJA, ќе ги спроведе благородните македонски молитви и практики, со што го обезбедува континуитетот на сопствената вера. Исконските молитви на Македонскиот народ од камениот период напишани во вид на лигатури, дешифрирани од споменици на културата, систематизирани по континенти, се наоѓаат во книгата „Зета Македониа“, вкупно 255 молитви, од кои некои се испеани во македонска црковна мелодија ( по грешка наречена „византиска“), а некои во народен и современ традиционален ритам и инструменти.

Овие благородни молитви се камен-темелник на христијанството. Тоа се молитви за почитување на луѓето меѓу себе, за почитување на Мајката Македонија и таткото Сонце ИЛИЈА, почитување на фамилијарната љубов во светото тројство помеѓу Мајката, Таткото и синот Македон. Почитување и љубов кон пролетта, цвеќињата, и убавината.

Македон извршил големо влијание на новата религија. Го воведува својот Бог ИЛИ како Св. Илија и Мајката Македонија како Богородица. Мајката Македонија со кањонот Матка претставува порта на Зета Македониа Европа за влез во пролетта, порта за влез на новородената природа „ИС“ од „УС“ или „ИСУС“ – усните на Земјата, кањонот Матка.

Христијанството претставува македонска култура, пропагирана на поинаков начин.

lav-so-natpis
Лав со натпис, пештера Vogelherd, Зета Мадонија (денес таканаречена Германија) пред 40.000 г.мак.е.пред.п.христ.стр.183.

Лавот симбол на Бог Сонце ИЛИ, симбол на народот Македон од родот на Лаврод. Натписот укажува на фактот дека Македонците од денес таканаречена територија Германија, ја молат Македонија за, „Тештот“- Бог Сонце, да востане од Македонија и за да може Зета Македониа Европа да влезе во пролетта. Оваа молитва е испеена во песната „Лаврод“

Еден од првите мисионери е Македонецот Св. Павле. Тој од 51 до 54 г. македонска ера ќе ја обиколи Македониа, ќе ги обиколи сите македонски покраини околу Белото море. Тој ја толкува македонската вера ПРАВО-СЛАВНА поинаку под името христијанство.

Св. Павле не случајно по налог на Римјаните и Евреите, тргнал од Македонија. Македонија било јадрото на З.М.Еропа. Сега Св. Павле преку Македониа, како порта го воведува христијанството во З.М. Европа. Тој работи во мисионерството до 61 година македонска ера. Св. Павле по ислужената мисија, кога во мисионерството ќе почне да ги застапува и македонските интереси, нема да им биде потребен на Евреите и Римјаните, ќе биде погубен во Рим.

Иако самопрогласеното божество (Римјаните), како што е погоре кажано, создале свој вештачки божји народ - Јудејци кои ќе му служат, тој повторно, за остварување на целта, за уништување на македонскиот дух, ќе ја изврти приказната, за пристигнување на божјиот син. Божјиот син го зима од редовите на вистинскиот божји народ - Македонците, како жртва. Тоа значи, Македонците како синови божји од кој еден од нив ќе биде месија, кој се жртвува за спасот на својот македонски народ, (според Римјаните за спас од самите себе) за да се откажат од името, верата и духот божји Македон.

Според Македонците, месијата се жртвува за пролетта и новородената природа, која ќе служи за исхрана. Како што е познато, Македонците не се плашеле од смртта. Тие оделе во смрт со радост, верувајќи дека утредента во мугри ќе пристигнат реинкарнирани, како умножен дух божји Македон, во вид на ситна роса, како составен дел во секоја материја.

РАЃАЊЕТО НА ИСУС

Целиот „Стар завет“ е напишан за припрема и очекување на месијата.

Цитат по Матеј: „Марија ќе го роди Исус, а тој ќе го спаси народот од нивните гревови“.

Марија е всушност, Македониа Богородица, спасителка, хранителка и господарка, Марија е македонскиот дом.

Именката ИС-ИСУС во книгата „Зета Македониа“, низ дешифрираните текстови се среќава 24 пати, низ целата земјина топка, пред појавата на христијанството и тоа најмалку од прeд 130.000 г.

majka-makedonija
Мaјка Македонија –Богородица.

Маџари, Скопје р. Македонија
7.000 г. маке. ера пред по. на хрис.

Мајка Македониа - Богородица со Исус.
Село Конче, Радовиш Р. Македонија.
Манастир Св. Богородица 1371 г.

ИС“ е вкупната новородена природа во пролетта, во која се наоѓа и синот божји Македон. „ИС“ е новороденче, бебе, новороденото сонце, новородената година од денот XXII – XXV-ти декември. Во народот наречен СОНЦЕ-СТОЕЊЕ, прекршување на денот (тоа е најдолгата ноќ и најкусиот ден.). Земјата МАКЕДОНИА со нејзината оска ќе направи наклон кон соѕвездието Крст, кога ноќта се намалува, а денот се зголемува. Се раѓа бебето „ИС“-„ИСУС“, младото сонце и започнува новата година во род.

Оваа мудрост на Земјата Македонка после три дена двоумење, во христијанството се симболизира со три мудреци или три дена, кои доаѓаат заедно со ѕвездата, Сонцето од исток. Трите мудреци се движат од исток сѐ до моментот кога Сонцето ќе застане да го покаже местото на новороденчето Исус.

Со оглед на фактот дека местото на престојување на Богот Сонце е во Македонија, со престолот во рудникот Алшар [Стр.17 „Зета Македониа“], Исус како син божји се раѓа во рајот на Земјата во Македонија на обалата на Охридското езеро, во пештерата до село Канео, или кањонот Матка.

Новородениот „ИС“ од „УС“-„ИСУС“ (пештерата Канео или усните на Мајката Земја кањонот Матка) е новороденчето „ИС“, кој е идниот Зет, цар, Господар, Господ, и гостин на Земјата. 

Ова македонско верување, македонските изроди - Јудејците со нивниот владетел Иродот го бришат, на тој начин што ќе ги погубат сите новородени деца на тој ден. Со овој чин, се укажува на Македонскиот народ дека нивното новородено сонце треба да згасне, како што гасне македонскиот род Лаврод.

Јаремот на ропството на Македонскиот народ, доведува до тоа да поробувачите Римјани, како македонски изроди, секоја година на ден XXV-ти декември, кога се раѓа новото сонце, од секое семејство погубува првородено дете старо до две година (ова го претскажува пророкот Јеремија-Јерем, Јарем).

Според пророкот „Јерем“ или според ЈАРЕМОТ Римјанинот Архелај, Ар-хе-лај, со значење - кучиња што лаат и се смеат правејќи пустош по земјата, македонскиот рај, Охридско езеро или кањонот Матка.

Јосип (Јос-сип- родената летинина), со Марија и синот Исус ќе заминат преку Ресен и Битола во Назарет, Пазарет или од кањонот Матка до Битпазар во денешно Скопје. Тоа е земјата (Из-раил-от = рајот) на Македонија рајот, таа е земјата Гали-лејска (со значење Бог Сонце те гали-милува, лее со изобилство сончеви зраци.).

kleopatra
Клеопатра VII

Последната македонска држава е Зета Македониа АР на МА (Египет) со последната кралица Клеопатра (69 маке. ера пред п. на христ. - 12 август, 30 г. маке. ера пред по. на хрис). Со смртта на последната македонска кралица Клеопатра VII-ма. Римјаните заедно со Јудејците, кога ќе се создадат условите, ќе прогласат дека Исус е роден триесет години по нејзината смрт, а  Исус на триесет годишна возраст ќе влезе во еден од Јудејските храмови и ќе почне да ја презентира македонската вера, како словото божјо. Поради ова однесување на „ИСУС“, Јудејците ќе го оптужат кај Римјаните. После три години „Исус“ ќе биде погубен на крст. Исус ќе умре на 33 г. исто како и Александар Македонски.

Од овој чин, по мислењето на Римјаните и Јудејците започнува Новиот завет, како нова религија, и како нова ЕРА на христијанството. Всушност, христијанската религија е истата таа македонска вера. Овој период на христијанството е период, кој е продолжеток на македонската вера, писмо, наука, и култура, како историја на светот, како македонска ЕРА.

По наглото ширење на христијанството како македонска религија, Јудејците како пандан на православието ќе учествуваат во пишувањето на муслиманството.

(Именката Македонија некогаш е напишана без буквата „Ј“, како МАКЕДОНИА. Тоа е поради фактот дека буквата „Ј“,  во именката Македонија додадена е неодамна.)

(Книгата „Зета Македониа“, отпечатена е во второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик, истата може да ја прочитате во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. Книгата ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на телефон +389 78 264 106.)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.