Среда, 15 Февруари 2017   
Не може аболицирана личност да биде мандатар за составување на Влада

rubinco Јованоски
Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

На 8 јануари Претседателот на Република Македонија, Г-динот Ѓорѓе Иванов му го даде мандатот за составување на нова Извршна власт во плурална Македонија на Г-динот Никола Груевски - лидер на ВМРО ДПМНЕ кој на вонредните парламентарни избори одржани на 11 декември 2016 година jа забележа 10- тата едно по друго победа против најголемата опозициона партија во нашата земја СДСМ на чело со аболицираниот лидер Зоран Заев.

Никола Груевски го почитуваше Мајскиот договор од 2007 година каде за составување на Влада на Република Македонија треба најпрвин да преговараат победничките партии од македонскиот односно албанскиот политички камупс.

Во едни такви околности а ако се земат во предвид и последните резултати од вонредните парламентарни избори каде кај македонскиот електорат победник со 51 пратенички мандат е ВМРО ДПМНЕ, а кај албанскиот ДУИ со 10 пратенички мандати и логично беше да се бара коалициона Влада на ВМРО ДПМЕ и ДУИ, кои математички изразено ќе имаа 61 пратенички мандат.

Но, болниот за власт аболицираниот лидер на СДСМ Зоран Заев за време на

на изборната кампања ветуваше брда и долини особено кај албанскиот електорат каде заговараше и официјализирање на албанскиот јазик на целата територија на Република Македонија. Па така, албанските партии поттикнати од големите ветувања нз Зоран Заев, алијас Бошко Буха во Тирана, Република Албанија и со посредство на албанскиот Премиер Еди Рама изгласаа албанска платформа со која истите ќе преговараат со македонските политички партии за составување на нова Влада на Република Македонија,

Сигурно по долги разговори мандатарот Никола Груевски од една и Али

Ахмети од друга страна не постигнаа договор за обезбедување на парламентарно мнозинство и логично на тоа составување на нов Владин кабинет на Република Македонија.

По враќањето на мандатот од страна на мандатарот Никола Груевски кај Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов веднаш во јавноста се појави Зоки и побара Иванов него, да му го даде мандатот за составување на Влада.

Во оваа прилика да го потсетиме Зоран Заев дека не може аболицирана личност и тоа во 2 случаја да биде мандатар за составување на Влада на Република Македонија.

Исто така,во оваа прилика хронолошки да се потсетиме на ослободувањата од обвиненијата за лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

-Во 2008 година за финансиската афера во струмички Глобал каде обвинет беше токму Зоран Заев, тогашниот Претседател на Република Македонија и негов партиски другар Бранко Црвенковски го аблолицира за тоа кривично дело.

-Како првоосомничен Зоран Заев во случајот под кодно име ”Пуч со т.н. негови бомби во јавноста пушти прислушувани телефонски разговори на лица од извршната и законодавната власт. СЈО кое постапуваше по овој предмет пред извесно време го повлече од понатамошна постапка истото обвинение.

МВР и единицата за организиран криминал пред 2 до 3 години ја објави во јавноста струмичката заева тендерска пајажина каде фирми блиски на семејството Заеви секогаш ги добивале тендерите во Градот под Царевите кули, Единствено Зоран Заев не е аболициран за случајот поткуп каде што од струмички бизнисмен за легализација на државно земјиште бара мито изразено во 6-то цифрени милионски евра.

Зоки не дај боже и да успееш да собереше 61 пратеник за формирање на парламентарно мнозинство за состав на нов Владин кабинет, како ќе ја претставуваш нашата земја во странство?

Зоки на македоноско тло знаеме дека ќе продолжиш да правиш дар - мар во поглед на финансиските малверзации оти сите надлежности од извршната власт ќе бидат под твоја контрола. Но европските и светски лидери од земја како нашата која сака членство во ЕУ и НАТО сакаат да зборуваат на разни теми со чесна и некорумпирана личност. Зоки за сега доволен ти е пратеничкиот имунитет. Не може да се бара власт на сите страни почнувајќи од локално ниво, место во Законодавниот дом и прв човек на извршната власт.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.