Среда, 15 Февруари 2017   
Серскиот манастир еден најубавите манастири во Македонија

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Серскиот манастир „Свети Јован Претеча“ (Свети Јован Крстител) денес е женски манастир во Егејскиот дел на Македонија. Манастирот е расположен на десетина километри североисточно од градот Сер, на подножјето на планината Змијница. Во духовен поглед Серскиот манастир денес е подреден на Серската и Нигритската митрополија на Црквата на Грција.

Серскиот манастир се смета дека е основан меѓу 1270 и 1275 година од Јоаким, подоцна епископ на Зихна. Во него е погребан и првиот цариградски патријарх под турскиот режим Генадиј Сколариј, кој на старост се повлекол тука и починал во 1473 година. Во 1630 година манастирот е насликан од зографи од Линотопската уметничка школа, а икиностасот се смета дека бил изработен од дебарскиот мајстор Петре Филиповски – Гарката.

serski-manastir

Рускиот монах Партениј кој го посетил манастирот во 1839 година нашол во библиотеката повеќе од 1000 пергаменти и хартиени ракописи напишани на славјански јазик. Меѓутоа, Виктор Григорович кој го посетил манастирот во 1845 година пишува дека богослужбата се одржувала на грчки јазик, а славјанските книги биле изгорени. Меѓу мнозиството монаси кои дотогаш го криеле своето славјанско потекло се буди националниот дух. Серскиот митрополит Неофит тоа го нарекува „огниште на панславизмот“, кое во XIX век игра улога на едно од најважните духовни средишта во Источна Македонија.   

Митрополит Теодосиј Скопски (7. I 1846 – 1.II.1926), кој подоцна ќе стане македонски национален деец, црковен писател и борец за обновување на Охридската архиепископија и македонска национална држава, во 1860 бил испратен во Серскиот манастир „Св. Јован Претеча“. Четири години по своето стапување во манастирот Теодосиј бил ракоположен за јеромонах (1864) од страна на митрополитот Прокопиј и поставен за игумен на еден помал манастир во близината на Сер. Во 1865 година Теодосиј активно се вклучува во црковно-училишната борба за отворање на славјански училишта и замена на грчкиот со црковно-славјанскиот јазик при богослуженијата.

Врз основа на дотогашните сознанија на познати истражувачи, Георги Трајчев во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.) пишува дека Серскиот манастир е основан во 1321 година во време на Андроник Палеолог, а ни дава и други податоци меѓу кои и следните: 

„Во подножјето на планината Сминица (Змијница - н.з.), кај Бродската река, над невисока карпа, меѓу кичеста маслинова гора, заштитен од сите страни со високи планински падини, се белеат манастирсите згради на св. Јован Претеча. Местоположбата на манастирот целосно одговара за еден санаториум на градоболни. Св. Јован е од најбогатите и најубавите манастири во Македонија. Пред манастирската ограда се издигаат грамадни јавори, до кои жубори чешма од убав мермер, а на околу се забележуваат соодветни места за седење. Манастирскиот двор е послан со калдрма. Од лево и десно стојат убави згради, а меѓу нив е црквата. Во манастирот има 30 калуѓери, мнозинството  (Македонци – н.з.), кои се кријат, поради големата омраза. Тука се подвизувал познатиот Мелнички владика Прокопиј, родум (Македонец – н.з.), од серското село Милиникич. Исто така тука игуменувал и Скопскиот митрополит Теодосиј (Гологанов) родум од Неврокопското село Трлис.

Од Руско-турската војна игуменот е Грк. Има опаднато училиште, каде учат (грчка книга - н.з.) селанчињата. Големи се приходите на манастирот. Годишно има 30-40 илјади оки маслинки, има лозја, ниви и големи стада овци, и три чифлика од серско со 1500 лири турски годишен доход. Еден чифлик има во село Дервештани. ¾ час источно од Сер со 25 куќи и 125 души (Македонци – н.з); Втор Чифлик има во (македонското – н.з.) село Кишишлак, два и пол часа југо-источно од Сер; Трет чифлик има во (македонското – н.з.) село Лакос, ¼ час северно од манастирот.

Црквата не е многу голема, но е убава. Таа е куполна со квадратен наос. Куполата е голема и широка. Над притворот имало четиристрана кула... Особено интересен е иконостасот, изработен од двајца Бродани во 1803 година. И живописот е убав и на многу места иконите се украсени со сребро. Во црквата се наоѓа гробот на цариградскиот патријарх Генадиј Схалари и првиот патријарх под турскиот режим. Манастирот е основан во 1321 година во време на Андроник Палеолог. Познато е дека и двајцата Андрониковци биле ктитори на манастирот. Манастирски добротвори биле уште Теодор Метохит и Јован Кантакузин... Основач бил Зихненскиот митрополит Јован, чии мошти се чуваат во црквата. И братот на митр. Јован, Ежовскиот епископ, ја изградил малата црквичка која зачувана во манастирот. Манастирската архива има кондика, кое го опишува минатото на манастирот. Над манастирските порти се забележуваат сликите на Стефан Душан, Елена и Михаил, кој потврдил со хрисовула и ги зголемил неговите владенија. И султаните Мурат и Селим ги потврдиле манастирските права Тој е ставропигиален. Во манастирските складишта Кондаков видел раскошни сребрени рипиди, сребрен крст од 1732 година, прекрасна сребрена чаша од XVI век. Во 1839 година рускиот монах Партениј го посетил манастирот и нашол во библиотеката повеќе од 1000 пергаменти и хартиени ракописи напишани на славјански јазик. Григорович сретнал многу монаси, кои го криеле (славјанското – н.з.) потекло.

Монасите од манастирот пратиле во 1872-73 година писма до цариградскиот патријарх, со кои се соопштува дека во манастирот обуката се водела на грчки јазик, но учениците биле „бугарчиња“ од селата на серската, драмската и мелничката епархија. Серскиот митрополит Неофит пак пишува до патријаршијата дека ¾ од монасите се (славјаногласни- н.з). Тие писма се објавени од патријаршијскиот хартофилакс М. Гедоен во 1908 година...“

Со поделбата на Македонија во 1913 година, Серскиот манастир останува на територијата која е анектирана од Грција и е во рамките на ГПЦ.  Но, во рамките на географско-етничките граници на Македонија, овој манастир не ги доживува најсериозните разрушување за време на османската епоха, туку под грчко владеење, за време на пожарот во 2010 г., кога се уништени дел од зградите.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.