Среда, 15 Февруари 2017   
СДСМ нема мандат да прави компромис на штета на македонскиот народ

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Македонците нема да седат мирно и да гледаат како Заев ја разнебитува земјата

Македонија долго време се наоѓа во политичка криза и развојот на настаните укажува дека таа уште повеќе ќе се продлабочува.

Сценариото на меѓународната заедница, која длабоко е инволвирана во креирањето на кризата, од ден на ден станува се појасна. Притисоците, заканите, уцените, албанската платформа, како и разните изјави на дипломати и преставници на меѓународната заедница посочуваат дека нивната цел е да се елиминира ВМРО ДПМНЕ од власта и да се формира влада спремна да го сменат името на земјата. Меѓутоа, сценаристите како да заборавија дека во земјата има луѓе кои нема да седат мирно и да гледаат како лидерот на СДСМ Зоран Заев ја разнебитува земјата.

На 13 август 2001 година во Охрид беше потпишан Рамковен договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија. Договорот беше потпишан во текот на ескалацијата на вооружениот конфликт меѓу етничката албанска вооружена организација ОНА и македонските вооружени сили од претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД.

Иако македонскиот народ го смета договорот за изнуден и неприфатлив, сметајќи дека тој ќе биде извор на стабилност, доследно се спроведуваa договорените барањата на албанското малцинство.

Само да се потсетиме дека во овие преговори кои траеa околу еден месец учествувале тогашниот претседател на РМ Борис Трајковски, претставниците на политичките партии: Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Имер Имери, претседател на ПДП, и Арбен Џафери, претседател на ДПА, потоа претставници на ЕУ: Франсоа Леотар и Хавиер Солана, претставници на САД: Питер Фејт и Џејмс Пердју, разни советници и експерти: Владо Поповски, Љубомир Фрчковски и други.

Али Ахмети не беше учесник на преговорите, бидејќи со неговите денешни сопартијци беше во униформа и со оружје во рака. Со него се кумуницираше преку телефон. Но, по потпишувањето на Рамковниот договор и прекинувањето на оружените дејствија, „борците за човекови права“ се симнаа од планините и се трансформираа во политичка партија. Влегоа во власта, беа во коалиција и со ВМРО ДПМНЕ и речиси една деценија имаа можност целосно да го имплементираат договорот.  

Меѓутоа, ако во 2001 година се сметаше дека Рамковниот договор ќе стави крај на барањата на етничките Албанци, по појавата на албанската платформа се гледа дека истиот не бил извор на стабилноста и дека нема крај на барањата на албанската заедница.

Иако на предвремените парламентарни избори ДУИ освои само десет пратеника, истите луѓе како и во 2001 година, денес се клучен играч во составувањето на новата влада. Тие имаат платформа со нови барања за идниот коалиционен партнер. што е пак извор на нестабилност.

Поради платформата, ДУИ го наруши непишаниот принцип победникот од македонскиот да коалицира со победникот од албанскиот блок. Долгогодишната коалиција со ВМРО ДПМНЕ не продолжи откако македонската партија не се сложи со барањата кои ја нарушуваат унитерноста на земјата и водат кон создавање на бинационална држава.

Сепак, ако платформата не е прифатлива за ВМРО ДПМНЕ, тоа не важи за СДСМ, кој е спремен на секакви остапки.  

Имено лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе изјави: „Ние не бегаме од платформата, имаме  позитивен аспект од неа зошто е предизвик за нешто кое што на дел од граѓаните на Македонија им претставува пречка во секојдневниот живот. Ние го отворивме концептот едно општество за сите и апсолутно од денеска сум прв од коалицијата на СДСМ којшто бара потписи за да добијам мандат.“  

Додека ДУИ тактизира, на СДСМ им се брза и прави се за да го добие мандатот, за што говорат информациите дека тие веќе им испратиле материјали за двојазичноста. Истовремено од СДСМ укажуваат дека доколку ДУИ ја одолговлекува одлуката за формирање на влада ќе применат друго сценарио. Тие не откриваат за какво сценарио се работи, но очигледно се работи за уцена и вклучување на чадорот.

Причините за ваквото однесување на СДСМ и ДУИ, доаѓаат од Вашингтон и Брисел кои ги прават последните напори што побрзо да го затворат прашањето со името, со што би се решил македонско-грчкиот спор. Доколку го решат прашањето за името,  Македонија под било кое друго име, набрзо би влегла во НАТО, а со тоа би се оневозможила пенетрацијата на Русија на овој православниот простор.

Сепак, големите сили не можат да сфатат дека ниту ДУИ, ниту СДСМ, ниту било која друга партија, како и соросовите инсталации не можат да го урнат ВМРО ДПМНЕ, а не пак да го сменат името и идентитетот на македонскиот народ. Тие се длабоко вкоренети во македонскиот народ, кој ги преживеал Римската, Византиската и Отоманската империја.

Македонскиот народ нема пишана платформа, нема ниту испишани црвени линии, зошто и нема потреба. Тие се во неговиот ген и секој кој ќе се обиде да го смени тоа ќе се соочи со луѓе, тврдокорни Македонци, кои нема да седат мирно и да гледаат како лидерот на СДСМ Зоран Заев ја разнебитува земјата.

СДСМ нема мандат да прави компромис на штета на македонскиот народ.

Доколу некој се осуди да оди против интересите на Македонците, дури тоагаш светот ќе види дека нивното сценарио со шарена револуција било само детска играчка, а пожарот кој ќе избувне лесно може да го потфати и потпалувачот.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.