Среда, 15 Февруари 2017   
На Заев треба да му се забрани да се занимава со политика!

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој некогаш се закануваше дека ќе јаде живи луѓе, денес за да го добие мандатот за составување на нова влада е спремен да коалицира со ДУИ и да ја прифати албанската платформа, која патем сам ја иницира во предизборието со ветување на албанскато гласачко тело за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија. Самиот чин да се разговара и договара за прифаќање на барањата на албанските партии изнесени во платформата, каде се говори за промена на Устав, воведување двојазичност и т.н., а се спротивни на интересите на македонскиот народ, преставува акт на велепредавство.

Нема Македонец кој не го полазува морници кога гледа како Зоран Заев и неговите социјалдемократи, поддржани од соросовите невладини структури, својот гнев поради своите неуспеси и долго отсуство од власта, денес на коцка ја става иднината на земјата. Сепак, многу повеќе застрашува кога децата на некогашните комунисти и антифашисти, денес се повеќе наликуваат на нацистите од раниот период на своето дејствување.

Само да се потсетиме на шарената револуција, на демонстрациите во изминатите две години кои ги организираше СДСМ и невладиниот сектор. Некои од учесниците беа привлечени од реториката на Заев, некои со ветувања, а некои и дебело платени. Но, многумина од нив не ни знаеа зошто демонстрираат.

Предизвикувањето нереди, уништувањето на имотот, непочитувањето на институциите и спомениците, како и името и идентитетот, укажуваа дека се тоа луѓе со испран мозок, на луѓе кои ги поминале работилниците на Сорос и други страни фондации, на луѓе кои дебело профитираа од спроведувањето на агендата за разнебитување на македонскиот народ и држава.

Тоа што се случуваше во последните две години пред парламентарните избори во земјата ги одразуваа некои работи кои можеа да се видат во Германија на почетокот на триесетите години во минатиот век, а тоа треба секого да го заплашува.

Особено, треба да се биде претпазлив што социјалдемократите иако имаа свои медиуми дебело поддржани од Сорос, постојано бараат контрола на медиумите и слобода на говорот, а од друга страна се обидуваа по секоја цена да ги замолчат критички настроените медиуми. Тоа е всушност пат кон уништување слободата на говорот и на демократијата, како и подјармување и разнебитување на земјата за туѓи интереси.

Уценувањето на преставници од актуелната власт кое можеше да се види во последните две години, продолжува и денес откако ВМРО ДПМНЕ не успеа да состави влада со ДУИ, не прифаќајќи ги условите на платформата за воведување на двојазичност на целата територија на земјата.

Но она што не е прифатливо за ВМРО ДПМНЕ, кој по секоја цена е спремен да ги заштити интересите на македонскиот народ, не важи и за апатридот Зоран Заев кој е спремен да прифати дури и повеќе од изнесеното во платформата само за да дојде на власт.

Меѓутоа, раководството на ДУИ кое е свесно дека Зоран Заев многу пати тоа што го рекол и го одрекол, сега дури и да ја добие согласноста на писмено, многу добро ќе размисли пред да влезе во договор за составување влада со СДСМ.

Во пресрет на локалните избори, тие се свесни дека коалицирањето со СДСМ, може да им нанесе многу повеќе штета отколку добивка.

Сепак, ова одолговлекување предизвика нервоза во СДСМ кое изгледа повторно уценува за да го натера раководството на ДУИ за формирање на влада.

Имено, косовските медиуми во освртот зошто ДУИ наместо да се држат за принципиелниот договор со ВМРО-ДПМНЕ, сега разговара со СДМ, укажува дека Заев од 38 т.н. бомби за ДУИ искористил само 2.

Поседувањето на материјал со кој СДСМ ја вовлече земјата во политичка криза и сега продолжува да уценува, го отвара прашањето за целисходноста од постоењето на Специјалното јавно обвинителство. Односно од своето формирање до денес тоа работи во спрега со СДСМ и сите активности се насочени за дискредитирање само на раководството на ВМРО ДПМНЕ. Всушност. СЈО е создадено со поддршка на странците е ставено во функција да му се овозможи на СДСМ да ја освои власта, притоа елиминирајќи ги личностите од ВМРО ДПМНЕ кои им стојат на тој пат.

Ако се познати сите овие факти на специјалната војна која ја води дел од меѓународната заедница со помош на СДСМ и Соросовите структури за да се елиминира ВМРО ДПМНЕ од власта како единствен бранител на Уставот, унитарноста на земјата, нејзиното име и идентитетот на македонскиот народ, досега на двапати аболираниот лидер на СДСМ Â Зоран Заев требаше да му се забрани да се занимава со политика и да му се суди за велепредавство.

Овозможувајќи му на Заев и натаму политички да дејствува (поради надворешна поддршка), нему му се овозможува да продолжи да работи против интересите на македонскиот народ и држава. Доколку пак СДСМ со уцени и поддршка од надвор формира и влада со ДУИ, тогаш нема да биде испочитувана волјата на граѓаните и тоа ќе предизвика сериозни безбедносни проблеми.

Кризата нема да се реши, туку дополнително ќе се продлабочи и може да прерасне во конфликт, кој ќе го запали целиот регион.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.