Среда, 22 Февруари 2017   
ЗЕТА МАКЕДОНИА - ЕВРОПА БИЛА, Е И ЌЕ БИДЕ МАКЕДОНСКА

Branko Sotirovski
Бранко Сотировски

Таканаречената Европа, а според сознанијата кои се изложени во книгата „Зета Македониа“, името на оваа македонска територија е ЗЕТА МАКЕДОНИА ЕВРОПА. Таа е населена со народ македонски, според писмените докази и сознанијата изложени во книгата „Зета Македониа“, најмалку од пред 412.416 г. или 16 космички години (а тоа е 16 X 25.776 г. = 412.416 г.). Овој кус временски период на културен развој на Македонците во Зета Македониа Европа, непрекинато свети од културниот центар на Македонскиот Полуостров Македониа.

Ова сознание ќе го поткрепиме со артефакти и нивна анализа, тргнувајќи од самиот југ на Македонскиот Полуостров. Македонските територии, населени со Македонци и тоа од Пелагонија -  Пелазгите, од Биотија и Атика, Антите со својата Македонска Богородица Антика. Венетите, Феникијците и другите Македонци, наречени според териториите каде цутела македонската цивилизација со својот јазик, наука и монотеистичката вера  ПРАВОСЛАВНА. Вера во Мајката Македонија Богородица, Бог Татко ИЛИЈА и синовите Господари, како Господ Македон. Тоа е вера на спалување на упокоените за повторно раѓање, воскреснување или реинкарнација, како птицата Феникс. Новиот феникс е потомок на стариот што изгорел. Зборот „феникс“ со значење обновувaње, воскреснување, реинкарнација, пир или пиреј се карактеристики на македонскиот народ ФЕНИКИЈЦИ, денес прекрстени во Европјани. 

На југот од Македонскиот Полуостров, Македонците ќе се нарекуваат Хелени, според македонскиот збор ЕЛЕН, што претставува персонификација на сонцето. Тоа биле Македонци, деца на сонцето. Именката Хелен, всушност, се чита како ВЕЛЕН или фален. Тие биле умни, фалени или славени.

На овие територии ќе се доселуваат луѓе од безимено племе од семитско - арапско потекло, како чергари, крадци и пирати. Тие ќе бидат слуги и наемни работници на Македонците. Овие чергари и крадци во подолг временски период се до VI век македонска ера пред појавата на христијанството, ќе го поробат македонското население, со тоа што ќе се наречат Хелени. Всушност, тие биле ВОЛНАРИ, планинци кои носеле облека од волна и кои биле црни влакнести луѓе. Нивниот златен период на пљачка на македонската култура биле VI  и V век македонска ера пред пој. на хр. Според Ташко Белчев, „нивниот јазик бил јазикот КИНИ ГЛОСА, КАЈНИ или КОЈНЕ ГЛОСА. Всушност, тој јазик е древно -македонскиот јазик на кој е напишана Илијада и Одисеја. Прво тие се откажале од своето семитско - арапско потекло нарекувајќи се Хелени, а по доаѓањето на римската окупација се откажуваат од името Хелени и се нарекуваат Ромеи. Мислејќи, заедно со Ромејците ќе ја поделат најстарата култура на светот, а со тоа тие ќе бидат најстарите народи во Европа. Македонските споменици ги уништуваат и фрлаат во море. Денес сите научни термини кои се наречени грчки се всушност, со древно - македонски корен. Како на пример ИСТОРИЈА, со значење нешто што е сторено во минатото. Во денешниот грчки јазик 70% зборови се со македонски корен“. Зборот Хелени е објаснет во книгата „Зета Македониа“ стр. 500.

Еден од писмените докази, кој се наоѓа во книгата „Зета Македониа“ (стр.105), е и печатот од областа Равенија во близина на Катерини.

bs0
„Печат – Божјо око“ - Равенија, Беломорска Македониа, 6.500 – 3.000 г.мак.е.пред.п.христ.
(денес окупирана од безимено племе и држава со измислено име.)

Тргнувајќи од југот па сѐ до северот на Македонскиот Полуостров со измислените соседи, целата Зета Македониа Европа е населена со народ кои се припадници на „Македонска нација“[1]. Тоа се македонски провинции во кои уште од камениот период, за сега кусиот и познат временски период од пред 400.000 г., зборуваат со посебни македонски дијалекти. Тоа се териториите по течението на реката Дунав, како Зета Мадониа или Македониа. Западниот дел на Зета Македониа Европа е Зета Македониа Нанија, југоистокот е Зета Македониа Пиринејска. На север од Македониа живеат Македонците на територијата Зета Македониа Р’зија (или нарозена), и македонските нордиски земји со името Зета Македониа Пролетен Ветер. 

bs1
Фосилизиран заб, Македонски Полуостров, пештера Виндија (денешна Хрватска),

32.000 г.мак.е.пред.п.хрис. Денес таканаречена Бугарија, Србија, Хрватска и др.
се македонски територии и народ. (Обработено во книгата „Зета Македониа“).

bs2 
„Тешту востани“ Пештера Vogelherd, Зета Мадонија (во југозападниот дел на денешна Германија) пред 40.000 г.мак.е.пред.п.христ. (Обработено во книгата „Зета Македониа“).

„Сите градови до еден, дури и полето што го гледате, секој ендек, секоја тумба, секоја бразда, си го има своето име, а тоа е ВИНТСКО, а во Германија има сѐ уште живи Винди“ – Професор Шмит од Хале. (Преземено од видео запис на Ташко Белчев, „Mitologija No1“). Да се надоврземе на изјавата од професорот Шмит и да констатираме дека сета топонимија, оронимија, хидронимија, нисонимија и др. во Зета Македониа Европа и на сите пет континенти се со македонски корен. Македонците живееле со помали племенски групи и на сите други континенти. Тие патувале по копнени водени и воздушен пат, патувале од континент до континент, и тоа во Зета Македониа Востаниа - источна Азија, Зета Македониа Лом Божји - Африка, Зета Македониа Лом на Дон – Австралија, и Зета Македониа Прекуокеански Цут – Америка. Еве неколку примери:

bs3
„Зета Македониа“ Зета Македониа Прекуокеански Северен Цут (денес наречена Невада во САД.), 14.500 – 10.400 г.мак.ера.пред.п.христ. (Обработено во книгата „Зета Македониа“).

bs4
„До отецот твој‘‘ Зета Македониа Востаниа, Југоисточна Азија (Patne – Индија),

130.000 – 40.000 г.мак.е.п.п.х - „Зета Македониа“ стр. 258.

Да се навратиме на Зета Македониа Европа. Топонимите оставени во Зета Македониа Европа и светот, кои се употребуваат до денес, претставуваат дел од македонска култура. Оваа македонска култура, е ограбена и презентирана како „Грчка“ и Римска, уништувајќи го споменот на Македонскиот народ, а со тоа споменот на поврзаноста на Македонците со денешната култура, Македонскиот народ во Зета Македониа Европа не е свесен за чинот на грабежот, вандализмот и последиците од тој чин. Тоа го прават поради лични материјални интереси. Последиците се очигледни, а тоа е распад на Европската унија а со тоа меѓусебни војни, сиромаштија и окупација од Азискиот народ. Спасот на Зета Македониа Европа е во обединување само со Мајката Македонка Богородица, Богот ИЛИЈА, и божјите деца Македонците под името ЗЕТА МАКЕДОНИА. 

bs5

Македонскиот народ како деца на Мајката Македонија Богородица и деца на Богот Сонцето Илија се господари на светот и Господ на земјата. Тие се господари на науката, јазикот, писмото и верата ПРАВОСЛАВНА. Основа на вкупната светска наука е пронајдена во Mакедонија. Македонскиот јазик е основа на сите јазици во светот. Неколку примери, а ги има милиони. Денес македонската територија Белгија е со значење БЕЛА ЗЕМЈА, градот Берлин го добил името од Македонци со значење БЕР = синот на божјиот Македон од македонската митологија наречена грчка. На пример во Зета Македониа Востанија,  денешна Кина, учтива форма за татко е ФУЧИН. Основата е ФУ, во македонскиот јазик го имаме зборот ФУКАРА – сиромав. Најголемиот планински ланец во централна Кина е планината од 250 км која се вика Хеланшн. Хелан е со значење елен. Имено, планината Хелан „贺兰山岩画“ Hèlánshān. е културна ризница, преку која ја дознаваме историјата, писмото, јазикот, религијата и уметноста од историскиот период на царството Зета Македонија и на народот Македон од таа област.[1] Во Зета Македониа Прекуокеански Јужен Цут во денешен Перу го имаме топонимот, пустината и гратчето Наска со значење „ЗА НАС", (еднина–ЈАСКА, во множина - НАСКА). 

Македонските писма ЦУТНИ, кирилицата како јавно писмо и латиницата како тајно писмо и цифрите ПРОЛЕТНИ македонски (римски и арапски), се во употреба најмалку од пред 400.000 г. во продолжеток до денес низ Зета Македониа Европа и светот. Македонските писма цутни се основа за многубројните подоцнежни писма во Македонија, Зета Македониа Европа и низ целиот свет.

Едно од светските чуда, произлезено од Господ Македон е македонската вера ПРАВА за СЛАВА на Мајката, Таткото и синот, тоа е верата православна. Тоа е верата во единствената Мајка Македонија Богородица, и татко Сонце ИЛИЈА. Тоа е вера во комуникација на Таткото Бог со Синот Господ Македон, и тоа под права најкуса линија од врвовите на планините. Оваа вера е монотеистичка, вера во Богородица и единствениот Бог Татко Сонцето ИЛИ, персонифициран во облик на животни и тоа : еленот, коњот, носорогот, бикот, лавот и др., едно од најважната персонификација е со човек наречен ЗЕТ. Зетот е младото сонце, персонифициран со младо момче кое ќе ја оплоди својата невеста од XXII-ри март, исто како Сонцето што ја оплодува Земјата Македонија Богородица. Оваа вера е вера во божјите карактеристики, исто така персонифицирани со Македонците.    

„Обожествените Македонци биле обични луѓе, но нивната моќ и сила е слична со онаа на Бог Сонце. Такви карактеристики поседува стариот Тешт - господарот и Зетот – Господ, Господарите - Владетели на земјата. По смртта, древниот македонски ритуален обред налага патување на душата до рајот и другите делови од божјиот поглед „ЅЕ“ низ вселената како БОЖЕСТВА ЅВЕЗДИ, што претставува вселенски рај, Македонците изгорени на клада, со пламените јазици како сончеви зраци качени на Сонцето, каде што прочистени и просветлени, светат со својата чистота како дух божји Македон, се враќаат во рајот со сончевиот зрак ИЛ. Понатаму, тие се раѓаат како нов живот, реинкарнирани во целиот жив свет на земјата (ИСУС). Но, тие се реинкарнирани и во светци да светат како божеството Сонце, персонифицирајќи ги и претставувајќи ги неговите особини. За полесно сфаќање од пошироките народни маси, но и од нивните неписмени наемници, тие се нарекувани со просветлените имиња на обичните луѓе. Во зависност од регионот на Земјината топка, подоцна се преименувани со имињата на нивните локални владетели. Обид за преименување и извртување на божествените управувачки карактеристики се случило со појавата на градот Рим како окупатор на македонските земји низ Европа, северна Африка и Азија. За полесно владеење и уништување на македонскиот народ и култура, исто како и денес, македонските културни достигнувања, окупаторот ги „подарува“ на своите сојузници, а поранешни безимени поданици на Македонците. Таков е случајот со семитските групи на луѓе, лоцирани во неколку градови на југот на Македонскиот Полуостров, наречени од римскиот окупатор – Грци (Graicoi), чие што име значи измамници. Во северна Европа таков е случајот со Готите, Галите и Скотите.

Управувачките особини и принципи на божеството Сонце ИЛИ – ИЛЕ  се пресликани во едно модерно општество, модерна држава наречена Големата Зета Македониа. Сето тоа е констатирано според пишаните документи, споменици на културата низ целиот свет и во историскиот период на македонскиот народ од пред 400.000 г. сè до денес, преточено во христијанството. Зетот како Господ и Бог Сонце на земјата и државата Зета Македониа, како систем на владеење, се состои од истите денешни управувачки институции на македонската држава, како отсликување на божјите карактеристики, персонифицирани во имиња чија функција има налик на модерното општествено раководење како: 

Министерство за одбрана: Aрес, Ѕеус, Атина, Ника, Енио, Херкул, Атлас.

Министерство за правда: Ѕеус, Дика, Атина, Јустиција.

Министерството за надворешни работи: Хермес.

Министерство за труд и социјална политика: Хера, Хестија, Хефест.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство: Деметра, Пан, Артемида, Афродита, Посејдон, Персефона.

Министерство за здравство: Асклепиј, Хигија, Аполон, Хемера, Илитија.    

Министерство за култура: Аполон, Дионис, Хермес и музите: Талија, Мелпомена, Поли-химнија, Ерато, Калиопа, Клио, Евтерпа и Терпсихора.

Министерство за образование и наука: Атина, Уранија, Аполон, Ѕеус, Прометеј.

Сите тие биле персонификација на божјите особини, како карактеристики на еден единствен Бог, не засебни богови, туку делови од целото, едното. Тие биле светци, кои светат со својата чистота, вивнати кон Сонцето, а потоа дојдени на земјата, како дух божји Македон, дојден од Космосот. Македонската вера, со временски период од 400.000 г., е основа на денешната религија, основа на денешните владејачки апарати и основа на европскиот и светскиот културен развој, затоа изминатиот временски период сè до денес може да се нарече МАКЕДОНСКА ЕРА на културата“. Извадок од книгата „Зета Македониа“ стр. 33.

Римјаните со своите сојузници од северот и југот, западот и истокот, и домашните издајници, ја ограбува македонската култура, но тие се толку заслепени од духовното и материјалното богатството во Македонија, што сите докази на злосторот ги бришат, но за жал заборавајќи само на еден, а тоа е нивното македонско потекло. Самосоздадените мали државички како копилиња на Големата Зета Македониа се срамат од сопствената мајка Македонија, таткото Илија, братот Македон и верата ПРАВОСЛАВНА, наместо родителите да се срамат од нив. Тие го измислуваат зборот кованица ѓавол. Лоши и злобни како него, духот божји Македон го нарекуваат ѓавол. Малите државички во однос на Големата Зета Македониа која се простирала на пет континенти, не можеле да го достигнат успехот на Македонците, како на пример Наполеон, Хитлер или САД и од тука доаѓа нивната омраза и фрустрација кон денешните Македонци и Македонија.

Западот не е свесeн за најголемиот доказ за постоење на Македонците и македонската култура, а тоа се самите тие како луѓе и нивната религија Христијанска. Единствениот начин на заборавот е САМИТЕ СЕБЕ ДА СЕ УНИШТАТ.  

Да резимираме. Денес таканаречената Европа е слепа, водена од слепци и од католицизмот, осудена на пропаст, процесот е започнат, кој ќе се случи 2148 г., кога Македониа Богородица ќе го роди новиот месија Исус, кога македонскиот народ од Зета Македониа Европа ќе се врати кон корените на верата ПРАВОСЛАВНА на Мајката Македонија и Таткото Сонце Илија.  

 [1] Извадок од книгата „Зета Македониа“ стр. 261.

[1]Доктор Гаврил Кацаров Софија 1922 г. стр. 336, 360 (најверојатно книгата е сместена во забранета библиотека во Бугарија).

(Книгата „Зета Македониа“, отпечатена е во второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик. Истата може да ја прочитате во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.  Книгата ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на email Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на телефон +389 78 264 106.)

Голем интерес за книгата „Зета Македониа“ превод од македонски на англиски јазик. Книгата се наоѓа во библиотеките во Загреб, Будимпешта, Берлин, Хонг Конг  др. градови низ светот. Големиот интерес се должи од стравот за разоткривање на нивната лажна историја, во однос на нивното Македонско потекло.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.