Среда, 22 Февруари 2017   
Македонскиот народ мора по секоја цена да се избори за своите интереси

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Политичката криза која ја тресе Македонија повеќе од две години, нема да заврши со формирање на стабилна влада, без разлика дали таа би била формирана од СДСМ или од ВМРО ДПМНЕ. Всушност, во овој случај вистински мандатор неможе да биде ниту СДСМ, ниту ВМРО ДПМНЕ, туку ДУИ, кој заедно со другите албански партии со помош на албанската платформа ги уценуваат партиите од македонскиот блок. Дури и да дојде до договор со било која македонска партија, таквата влада составена од 61 или 62 пратеника не дава стабилно мозинство за исполување на барањата на албанските партии.

По појавата на албанската платформа, формирањето на влада меѓу албанскиот блок предводен од ДУИ и СДСМ, или пак ДУИ и ВМРО ДПМНЕ не дава надеж за брз излез од кризата. Ако таа остане во ваква форма, тогаш ниту новите избори ќе ја решат кризата, но тие ќе дадат појасна слика во која насока ќе се движи македонското општество.

Мора да се напомене, дека албанската платформа беше предизвикана од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој за да ги добие албанските гласови вети воведување двојазичност на целата терорија. На предвремените парламентарни избори СДСМ доби голем број албански гласови, што ги примора албанските партии да излезат со многу поекстремни барања кои ја доведуваат во прашање унитарсноста на земјата.

 Иако денес се слушаат одредени ретерирања кај албанските партии дека нивните барања ќе се движат во рамките на Уставот и Рамковниот договор, револтот е голем зошто народот не гласаше за платформи туку за програми. Сметајќи ја албанската платформа за уцена, македонскиот народ без разлика на својата политичка ориентација, не само што е гневен туку и решен да стави крај на бесконечните барања на вечито онеправданиот Албанец од Македонија.

За чуствата на македонскиот народ говори реториката која се јави на разните телевизиски дебати и на социјалните мрежи. Едноставно македонскиот народ ја чуствува албанската платформа за антидржавна, која удира врз суверенитетот на македонската држава и нација.

Говорот на омраза кој се појави, покажува дека СДСМ и албанската платформа, која е доаѓа од Тирана и Приштина, ја подотвори пандорината кутија. Свесни за ризикот дека сето ова може да ескалира, албанските партии делумно ретерираат говорејќи дека нивните барања ќе бидат во рамките на Уставот, но бараат македонско – албанска дебата и договор со партиите од македнскиот блок за употребата на албанскиот јазик, како втор официјален јазик.

Меѓутоа, иако ги уживаат сите права и многу повеќе од тоа што ги уживаат етничките малцинства во другите европски земји, албанските партии во земјата како да забораваат дека Македонија е држава на Македонците и останатите етнички малцинства, меѓу кои се и тие. Иако со години не дозволуваат да има попис, тоа не значи дека не може да се види дека се помалку и од 20%. Со овој факт треба да се помират, зошто секое поинакво презентирање ги зголемува меѓуетничките тензиите кои можат секој момент да ескалираат.

Впрочем, албанската платформа иницира создавање на македонска платформа, нешто што досега единствено Македонците го немаа на Балканот. Таа ќе биде  рамка на црвените линии на македонскиот народ чиј праг никој не смее да го премине. Но прво македонскиот народ треба да се обедини околу главните точки, за што не би требало да има проблем. Мнозинството е спремно и речиси нема Македонец кој е спремен да го смени името, идентитетот или пак да дозволи двојазичност и федерализација на земјата. За тоа има безброј показатели.

Ако досега Македонецот се плашевме гласно да проговори, време е сега да го дигне својот глас на жртва врз која се врши со децении агресија и геноцид.  Сега е време светот да се слушне гласот на народот, сега е време кога не смее да се игнорира изборот на народот и време кога не смее ниту еден политичар да ги слуша преставниците на меѓународната заедница. Сега е време кога Македонецот мора по секоја цена да се избори за своите интереси.

Македонецот мора да му ја престави вистината на светот. Меѓународната јавност мора да дознае за негаторскиот однос на Грција, Бугарија и Србија, но и за Албанија, кон македонскиот народ. Светот мора да дознае за Соросовите навладини организации, како и делувањето на поедини прествници на меѓународната заедница кои се замешани во внатрешните работи во земјата, притоа игнорирајќи ја вољата на мнозинскиот македонски народ. Светот мора да дознае кој ни ги испраќаше криманално-терористичките групи и каде заврши снимениот материјал. Тогаш и боговите пред всистината ќе молкнат.

Денес Македонија е заложник на албанскиот политички блок. Од една етничка заедница помалку од 20 проценти зависи иднината на државата, иднината на македонскиот народ и останатите етнички заедници во земјата. Тоа не смее повеќе да се толерира. Не може Македонија да ја преставува министер кој во својот кабинет го држи албанското знаме и држи говори пред меѓународната заедница на албански јазик. Каков впечаток ќе има било кој странски амбасадор, кога покрај говорот ќе го прочита името на владината институција на албански јазик.  Ако се знае дека во Македонија официјален јазик е македонскиот и кирилското писмо, тогаш сигурно ќе се прашува дали не ја погрешил земјата во која дошол.

Неодамна ДУИ го погази зборот и вољата на народот кога не формира влада со ВМРО ДПМНЕ. Утре тоа ќе го направи и со СДСМ, поставувајќи му се понови и понови барања, некои и небулозни, како што е барање за извинување на Македонецот за извршен геноцид врз албанскиот народ. Ако некој треба да се извини тоа е албанскиот народ за сите злосторства извршени врз Македонците почнувајќи од Али Паша Јанински, па во Втората светска војна и во 2001 година.  

Преставниците на македонските политички партии од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, мора да бидат свесни дека толерирање на албанските барања не може да оди во недоглед. Бидејќи или тие ќе превземат мерки или народот ќе ги преземе институциите.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.