|
|
Предавник на националните интереси |
Во последно време во северниот дел на нашата најмила и низ векови напатена земја Република Мскедонија, во месноста Мала Речица се крои судбината на доминицилното македонско население коие е доминантно на македонската почва. Дуи која е партија која го застапува албанскиот политички кампус и која на последните вонредни парламентарни избори одржани на 11 декември минатата година со само 10 пратенички мандати сака на мала врата да го "протурка" се разбира со Закон албанскиот јазик да се употребува на централно ниво. Победничката партија од македонскиот политички кампус, а тоа е ВМРО ДПМНЕ на чело со претседателот Никола Груевски не ги прифати уцените од страна на досегашниот коалиционен партнер ДУИ на чело со нивниот претседател Али Ахмети да се коцка со македонските национални интереси. Со тоа, ВМРО ДПМНЕ докажа дека со сите средства ќе ги брани македонските национални интереси. Втората партија по бројот на освоените гласови (СДСМ)на чело со предавникот на македонските национални интереси Зоран Заев, алијас Бошко Буха ги прифати сите барања на ДУИ само со една единствена цел да формира парламентарно мнозинство и следствено на тоа да ја формира новата Извршна власт во Република Македонија. Без разлика на тоа, дали СДСМ ќе собери потписи од 61 пратеник (во моментот на пишувањето на мојот текст ги собра потписите) Зоран Заев треба да знае дека потписите кои ги достави кај Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов треба да го почитува унитарниот карактер на Република Македонија. Во оваа прилика само да се потсетиме дека СДСМ во 25 годишна плурална Македонија има доживеано 10 и повеќе изборни порази било да се работи за локални, парламентарни или претседателски изборни соочувања со актуелната победничка партија ВМРО ДПМНЕ. Во едни такви околности не може губитничка партида ко ја нема доверба кад македонскиот електорат да ја крои судбината на доминицилното македонско население. Апсурдно е партија на чие чело на истата е личност каде на 2 пати е аболициран за 2 кривични дела а за последното 3-то кривично дело под кодното име ПОТКУП каде лидерот на партидата Зоран Заев на видео снимка Јавно бара б-то цифрени финансиски средства изразени во европската валута (евро) на струмички бизнисмен за легализација на државно земјиште е се уште во судска постапка. Зоран Заев е многу толериран од судската фела. Потврда за тоа е последното 13-то по ред одложување на рочиштето за случајот Поткуп. Последното во од серијата одложувања е со изговор дека предавникот на националните интереси е во Сараево, Република Босна и Херцеговина каде да прима наградата за најдобар градоначалник во Југоисточниот и Средниот регион на Европското семејство. Зоки ја искористи приликата и со својот струмички дијалект со мали примеси на српски јазик со една нему позната цинична насмевка нагласи дека со евентуалните последни измени во македонските закони ќе се овозможи официјализирање на албанскиот јазик како службен јазик на целата територија на Република Македонија. Зоки со твоите последни потези го зеде во своите раце жешкиот костен. Внимавај што правиш оти македонокиот народ е мирен но истиот знае секогаш да казнува на изборни соочувања кога ќе види на дело дека некоја политичка личност ги продава националните интереси само со една единствена цел да дојде на власт.
|