Среда, 01 Март 2017   
ПОПИС, АМА КОЈ ЌЕ БРОИ?

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Сите одеднаш побаравме попис... Арно, ама... Самите си го знаат процентот, но го гледаат сеирот од расколот меѓу Македонците, “левите“ со “десните“ како да сме смртни непријатели заколнати со чистење до последен...

Па, додека се занимаваме со “криминалите“ на Никола Груевски и на Зоран Заев без епилог, се разбира, почитувајќи ја презумцијата на невиност, оти нели, до правосилна судска пресуда се’ е шпекулација, ја губиме државата на големо и не ни иде умот и не ни иде... “Криминалите“ на едните ги покриваме со “криминалите“ на другите, ако на едните им кажиш едно, другите возвраќаат со “и вие го правевте во ваше време истото“, а караванот си врви ли си врви... Зарем не помислуваме за последиците по националните и државните прашања со кои долгорочно се дерогира унитарноста и државноста на Македонија...

Дали некој размислувал колкав ќе биде процентот на Албанците во вкупното население, ако попис спроведе Влада на СДСМ и ДУИ? Владата на Бранко Црвенковски спроведе попис од 1 до 15 ноември 2002 година, којшто Државната пописна комисија го прогласи за груб фалсификат.

Зоран Крстевски, претседателот на Државната пописна комисија за пописот во 2002 година, до Владата си поднесе неотповиклива оставка на функцијата. Во писменото образложение до премиерот Бранко Црвенковски, тој кажа дека причина за оставката се пропустите во обработка на пописниот материјал, за што членовите на Комисијата расправале и на својата последна седница со мнозинство гласови констатирале дека во фазата на обработката на материјалите од пописот во 2002 се направени грешки од Државниот завод за статистика, дека има многу нереални показатели за процентуалната застапеност на етничките заедници, особено на Албанците и на Македонците, дека не се применувала доследно утврдената методологија за обработка на податоците, дека пописот во странство се покажал како неуспешен и уште нешто друго.

“Апсурдноста на дел од објавените резултати придонесе пописот за Македонците, како и за помалите етнички заедници да се доживее како отпис", - напиша Зоран Крстевски во оставката откажувајќи се од дополнителен коментар за причината за нејзино поднесување.

За несреќа, премиерот Бранко Црвенковски “ги прогласи“ за 25% иако Германија тврдеше дека припадниците на албанската етничка заедница не се повеќе од 17%.

Таков груб фалсификат беше и повторениот попис во 1994 заради бојкотот во 1991 година. Поради коалицијата СДСМ-ПДП, во пописниците на Албанците во графата “државјанство“ попишувачите запишуваа “постапката е во тек“, затоа што во меѓувреме се “доделија“ македонски државјанства на околу 150.000 фиктивни косовари “затекнати“ на територијата на Македонија по дисолуцијата на поранешна СФРЈ, а државјани на Србија од Косово!

Колку за потсетување за пописот во 2002 година:

(1) Попишувањето од попишувачите Албанци се вршеше со молив со цел промена на одговорите отпосле;

(2) Албанците попишувачи пописниот материјал не го предадоа во законски пропишаниот рок, заради местење на пописните резултати;

(3) Попишувани беа отсутни и умрени лица;

(4) Попишувани беа и бегалците од Косово во Македонија, останати од времето на бегалската криза во 1999 година;

(5) Попишувани беа фиктивни бракови меѓу Албанци од Македонија со Албанци од Косово и Албанија;

(6) Попишувањето во населените места во кои Албанците се мнозинство или во значителен број е вршено без присуство на Македонци попишувачи, најчесто Албанците не прифаќаа попишување пред Македонци попишувачи и не ги примаа во куќите и населените места;

(7) Во кризните региони, поради ризик по живот, попишувањето го вршеа само Албанци, поточно членови на поранешната терористичка ОНА;

(8) Многу Македонци со исламска релгија, Турци и Роми беа под сериозни закани да се попишат како Албанци...

Ако СДСМ се самопрогласи за непатриотска и немакедонска, односно за албанска партија, ако на последните парламентарни избори СДСМ доби албански гласови во најтврдокорните упоришта на терористичката ОНА поради ветувањето за “двојазичност“ на целата територија на државата Македонија, има ли вера, дека Владата на СДСМ може да го репризира фалсификатот од пописите во 1994 и 2002 година. Имено, Албанците да “бидат“ повеќе од 25% во вкупното население, како еден од договорите за опстанок на владината коалиција на СДСМ со ДУИ, ДПА, Алијанса за Албанците и БЕСА, иако Албанците, за волја на вистината, не се повеќе од 15% во вкупното население на државата Македонија!

А, со биометриските исправи, компјутеризацијата на датотеките на матичните книги и книгата на државјани и обработката на влез-излез на граничните премини, во секоја секунда веќе се знае колку сме, и по етничко потекло и верско уверување!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.