|
|
Македонија денес мирно протестира, но утре се е можно! |
Од осамостојувањето до денес лидерите на СДСМ континуираано ја распродаваат земјата. Неспособни да раководат и да ја надградуваат државата, социјалдемократите за да преживеат секогаш кога се на власт дел по дел го распродаваат лесно стекнатото наследство, кое им го оставиле нивните претходници, а кои лееле потоци крв и свесно ги жртвувале своите животи за да формираат македонска држава. Социјалдемократите започнаа со продавање на македонски државјанства на Албанците од Косово, потоа со фабриките и рудниците, а тргуваа со името и знамето. Сакаа да ги продадат водите и воздухот, а сега се спремни да ја продадат целата држава на Албанците. Едноставно сакаат да ја продадат целата земја заедно со гробовите на нивните родители, дедовци и прадедовци на една етничка заедница спремна да раскопаат нивните гробови и да ги избришат сите знаци дека некогаш тука живееле Македонци. Доколку Зоран Заев, го добие мандатот за составување на новата влада и доколку започне спроведување на договорот меѓу СДСМ и ДУИ, по 26 години независност македонскиот народ е на пат да ја изгуби својата држава. Воведувањето на двојазичност на целата територија на земјата и промената на знамето, химната и грбот со симболи на кои ќе биде истакнати албанските симболи значи албанизација на земјата. Македонија е атакувана од надвор и внатре за да се донесе на власт партија, како СДСМ, која ќе го смени името. Редифинирањето на државата која треба да се спроведе според албанската платформа од Тирана, треба да го смени името и идентитетот на македонскиот народ, за да според нивните креатори оваа територија влезе поделена и обезимена во НАТО. Не ни малку случајно што албанската платформа се појавува по доаѓањето на директорот на ЦИА во Тирана, како и изјавите кои доаѓаат од ЕУ и НАТО, Македонија. По договорот на СДСМ и ДУИ, еврокомесарот Јоханес Хан и НАТО бара доделување на мандатот за составување на Влада на лидер на партиите што имаат собрано доволно потписи за состав на нова Влада. Во соопштението на НАТО се наведува дека „ во согласност со барањата утврдени од страна на претседателот, сега се собрани доволно потписи на пратениците“. Меѓутоа, спорно е што тука не се наведува дека мандатот може да се добие само доколку мандаторот со својот договор за коалиција не го загрозува уставниот поредок на земјата. Однесувањето на ЕУ и НАТО ги отсликува двојните стандарди и вмешаноста на дел од меѓународната заедница во сите настани во последните две децении за разградување на македонската држава. Ако се навратиме во 2001 година, контејнери со оружје според стандардите на НАТО им беа доставувани нејзините т.н. борци за човекови права на ОНА кои пукаа во македонските безбедносни сили и масакрираа цивили. Под нивен притисок и закани беше потпишан Рамковниот договор спротивен на интересите на македонскиот народ. Сега повторно се вршат притисоци, уцени и закани, на кои македонските политичари немаат ни капацитет ни храброст да одговорат. Многумина можеби од нив стравуваат од судбината која ја имаа некои македонски претседатели К. Глигоров и Б. Трајковски. Заев, Шеќеринска, Фрчковски и други сигурно не се тип на политичар кој би се изложиле на било каков ризик и нив им е многу подобро под заштита на чадорот. Едноставно Заев е спремен по секоја цена да дојде на власт и да ги спроведе задачите кои му се дадени од неговите налогодавачи. Сепак, ако не можат политичарите, тоа не значи дека македонскиот народ мирно ќе гледа како се разнебитува неговата држава. Само политичарите нека се потсетат на револтот на македонските безбедносни сили кога беа спречени да ги поразат терористите во Арачиново, кои беа извлечени од страна на КФОР и однесени во Бондстил на Косово. Тогаш политичарите спасија жива глава, но доколку овој пат се обидат да си играат со судбината на државата народот ќе им пресуди. Во соопштението на НАТО Алијансата се вели сите страни да се воздржат во своите изјави и дејствија и да донесат одлуки за доброто на сите граѓани. Меѓутоа, македонскиот народ веќе не верува во двојните стандарди на меѓународната заедница, не верува на оние кои едно ветуваат, друго прават и ништо не преземаат во негов интерес. Не странците веќе одамна не им веруваат ни етничките заедници во земјата, кога гледаат како нив ги понижуваат, а се фафоризираат само Албанците. Во текот на конфликтот во 2001 година, еден лидер на партија на една од помалите етнички заедници во земјата го праша еден од амбасадорите во Македонија, чии војници неколку години го наведуваат авионот на Трајковски, доколку и тие земат оружје во рака и почнат да пукаат дали и тие ќе добиат исти такви права како и Албанците. Амбасадорот зачудено го погледнал и му рекол дека тоа не е можно!? Се поставува едно хипотетичко прашање како ќе реагираат преставниците на меѓународната заедница доколку македонскиот народ земе оружје во рака и ги замени улогите со Албанците од 2001 година со оглед дека има се помалку права и станува народ од втор ред во сопствената држава!? За среќа македонскиот народ не е толку милитиристички настроен. Но доколку, Заев го добие мандатот и формира Влада со која би влегол во распродажба на земјата според договорот со ДУИ, кој подразбира воведување на двојазичност на целата територија и промена на името, тогаш земјата ќе се соочи со масовен револт, многу поголем отколку за време на настаните во Арачиново или пак она што се случуваше за време на шарената револуција. Тука нема да бидат предводници челниците на ВМРО ДПМНЕ, туку обичниот народ, оној кој во 2001 година застана во одбрана на земјата. Денес тие само мирно протестираат, но утре се е можно!
|