|
|
Македонски политички турбуленции - Функцијата и парите поважни од државата |
Личност која запливува во жешките политички води треба да го има основното фундаментално значење на еден политичар кое гласи: "Умешноста на политичарот што сака да остане забележан во историјата е да се повлече кога е потребно. Во спротивно ризикува да биде препознаен како негативен лик". Во денешните македонски политички услови ова фундаментално значење на горенаведената реченица треба на дело да ја спроведе аболицираниот лидер на СДСМ, Зоран Заев кој во желбата да ја превземе власта сака да направи, редефинирање и воедно разнебитување на нашата мила и низ векови напатена Република Македонија. Да направиме една хронологија на настаните и учеството во истите на СДСМ во зачувувањето на унитарниот карактер на Република Македонија, а сега нивниот лидер прави просто кажано како со спортски жаргон кажано од сега упокоениот спортски коментатор Никола Солдатов "Како меур од сапуница на нашата земја". Имено, на почетокот на 1997 година тогашниот премиер на Република Македонија од редовите на СДСМ, а сега пензионираниот политичар Бранко Црвенковски со специјалните сили на МВР забрани да се вее албанското знаме на Локалната самоуправа во општина Гостивар. По уличните нереди низ градот, тогашниот градоначалник Руфи Османи беше изнесен пред судот на правдата и каде му беше определена затворска казна. Од 27 до 30 април истата година авторот на овод текст беше директен сведок на една патриотска личност, а сега упокоениот факултетски професор Д-р Митко Циев кој тогаш да обавуваше селекторската функција на Одбојкарската репрезентација на Македонија. ј Имено, најдобрите македонски одбодкари требаше во градот под царевите кули каде актуелен татко на градот и "личноста од муртино" да ги одмерат си лите со јужниот сосед во рамките од Квалификациите за пласман на тогашното Светско одбојкарско првенство. Одбојкарското раководство на јужниот сосед сакаше нашата земја при претставувањето на струмичката публика да се користи привремената референца БЈРМ. Во тоа време одлуката на сега упокоениот Проф.Д-р Митко Циев беше: "или ќе се условуваме под уставното име или си давам оставка од селекторската функција". Почнаа во тоа време да ѕвонат телефоните (за жал во тоа време мобилни немаше) до Претседателот на тогашниот ОСМ и висок член во тогашниот МО на СДСМ, Мијалчо Успрцов и до луѓето од извршната власт на тогашната владејачка гарнитура на СДСМ, на чело со тогашниот премиер Бранко Црвенковски. По долги консултации се усвои барањето на грчкиот одбојќарски сојуз и со тоа Проф. Циев пред почетокот на мечот си поднесе неотповиклива оставка. Во таа иста година Владата предводена од СДСМ каде член во Владиниот кабинет беше уставотворецот Фрчковски сакаше да формира тетовски универзитет. На тоа опозиционите сили предводени од тогашните млади сили на ВМРО ДПМНЕ (Ѓорчев, Петровски, Милошовски и други) протестираа во шатори пред Законодавниот дом. Во тоа време мандатот на СДСМ и неговата погубна политика заврши со пораз во наредната година (1998) од страна иа ВМРО ДПМНЕ на чело со тогашнни от премиер Љупчо Георгиевски. Поминуваат 2-3 години и настануваат нови проблеми со албанското малцин ство на нашата земја. Македонсккот народ беше на браникот на својата татковина Плавите момчиња како големи патриоти сакаат да влезат во тогашната извршна власт. Па така, со помош на меѓународните медијатори СДСМ влезе во тогашниот Владин кабинет на Република Македонија. Загинаа многу недолжни војници и цивили. Се премина на потпишување на Охридскиот рамковен договор. Тоа и се направи, а еден од потписниците е и тогашниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски. СДСМ во лага на мецената Б.Ц. во наредната 2002 година победува на парламентарните избори. Најголемиот губитник Б.Ц. пред македонскиот електорат ветуваше вработување на еден член од секое семејство. Во 2004 година СДСМ спроведе Референдум за нова територијална поделба каде членовите ги повика да не излегуваат на гласање. Епилогот од Референдумот е јасен а тоа е добитна комбинација на албанскиот електорат, а тоа е во иднина во Струга и Кичево секогаш на локалните избори да победува албанец. Последното кукавичко сценарио на СДСМ е прифаќањето на платформата на албанците потпишана во Тирана, Република Албанија а жртвено јагне е токму Зоки Заев. Тоа во буквална смисла на зборот е државен удар во Република Македонија македонскиот народ го крена својот глас. Потврда за тоа се преполните плоштади ширум нашата земја. Предавници во македонската историда имало и ќе има . Но, жално е еден докажан бизнисмен со дебели криминални дела да биде предавник на македонските национални интереси. Но, за да го скрие својот криминал "седнува во скут" на странските душегрижници. На крајот песочниот часовник немилосрдно тече, а зајчето треба да донесе одлука дали ќе оди со б7 предавнички потписи или со 100 патриотски потписи.
|