Среда, 08 Март 2017   
Под црвено жолтата боја мирно маршираат илјадници граѓани на Македонија

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Од ден на ден протестите во Македонија добиваат се поголема масовност. Граѓанската инцијатива „За заедничка Македонија“ добива се поголема поддршка од народот, Повеќе од 100.000 граѓани протестираат во повеќе од дваесет града во Македонија. Под црвено жолтите бои граѓаните протестираат против албанската платформа од Тирана и големоалбанските претензии кои произлегуваат од тоа.

Албанската платформа од Тирана, во која се изразуваат иредентистичките интереси на албанската заедница во Македонија, како и барањето за осуда на геноцидот врз Албанците во перидот од 1912 до 1956 година, со право го разгневи македонскиот народ кој масовно застана одбрана на унитарноста на земјата.

Со оваа платформа се загрозува севереноста и независноста на државата, како и територијалниот интегритет на земјата. Истовремено таа ги зголемува меѓуетничкте тензии и ја дестабилизира земјата. Иако е закана  не само по мирот во земјата, туку и за регионот регионот и пошироко, меѓународната заедница наместо да биде дел од решавњето на политичката криза, таа ја подгрева со своите пораки. 

Впрочем платформата од Тирана, која освен во иредентисчките и шовинистички албански партии, нема подлога како кај накедонскиот народ и другите етнички заедници, така и во албанската заедница која сака мир. Но, загрижува фактот дека таа со премолчување е подржана од надвор и дека се повторуваат настаните од почетокот на XX век.   

Во минатото, политиката на светските центри на моќ секогаш била насочена спротивно на интересите на македонскиот народ. Во 1913 година Македонија беше поделена на четири дела. Сега со помош на внатрешните предавници, кои се поддржуваат за да ја преземат власта, сакаат да го поделат и ова мало парче земја кое му остана на македонскиот народ. Сакаат да ја поделат македонската држава, која е платена со потоци крв на нашите претци.

Истите центри преку албанските партии денес ни ја испорачуваат т.н. албанска платформа креирана и потпишана во Тирана, со која се сака не само да се албанизира Македонија, туку и се бара да се осуди геноцидот извршен врз Албанците во Македонија во периодот од 1912 – 1956 година. Иронично и лицемерно, оние кои вршеле геноцид, сега сопствена вина сакаат да ја префрлат на друг.

Меѓутоа, никој не говори за изгорените православни манастири во минатото, потоа за пљачкањето и теророт врз македонското население од страна на качачките банди, за улогата на балистите во Втората светска војна, за гробовите на српските и ромските цивили егзекутирани од УЧК во 1998/1999 година, за исчезнатите лица од Косово и Македонија чии органи ги продаваше на црниот пазар албанската мафија.

Перфидна е играта на Албанците кои сакаат со прифањето на резолуција, покрај Македонците да ги прогласеат за геноцидни народи сите православни соседи, сите кои војувале во Балканските војни, учествувале во поделбата на земјата во 1913 година или управувале со територијата на Македонија во периодот од 1913 до 1956 година.

За албанските престевници не постои македонскиот народ. Зијадин Села ќе изјава дека македонскиот идентитет не постои. Сето ова е дел од обидите на Албанците да докажат тие се автохтон народ. а не Македоците. Всушност, ако не постои македонски народ, тие како автохтони имаат право на македонската територија. Меѓутоа, ваквиот нов историски инжинеринг не може да помине, ниту кај Македонците, ниту кај соседите, без разлика на сите спорови со нив. Светот многу добро знае кој се Македонците, кој е автохтон народ и дека Албанците не се Илири, туку дојденци на Балканот и во Македонија.

Албанската платформа од Тирана е загрижувачка бидејќи покажа дека Албанците сеуште сонуваат за Голема Албанија. Но уште пострашно е што денес постојат внатрешни непријатели, велепредавници, кои се спремни во борбата за власт сето тоа да го прифатат. Луѓе кои се спремни се да продадат, па и сопственото дете, само за да се стекнат со одредени бенефиции. Лидерот на СДСМ Зоран Заев е еден од нив, кој несамо што отворено ја прифаќа, туку  и тој директно го негира идентитетот на сопствениот народ.

Но за среќа такви како него се малку во земјата. Поголемиот дел од народот кажа не за распродавањето на македонската земја и разнебитувањето на македонскиот народ и неговата држава. Тие го поддржуваат претседател Ѓорѓе Иванов кој ја отфрли платформата која е постизборен документ усвоен во туѓа држава и со посредство на нејзиниот премиер. Исто така го поддржуваат и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, кој не подлегнувајќи на уцени, отфрли платфорната од Тирана. Всушност македонскиот народ застана зад црвено жилтата боја, зад идеалите на исторското ВМРО и овие протести за него се Четвртиот Илинден.

Денес под црвено жолтата боја мирно маршираат илјадници граѓани низ повеќе градови во земјата. Секојдневно се приклучуваат се повеќе и повеќе граѓани, без разлика на етничката, верската и партиската припадност. Се повеќе членови на СДСМ, разочарани од предаството на својот лидер Зоран Заев, ги кинат своите книшки и се приклучуваат на гранската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Македонскиот народ веќе деветти ден протестира и ќе продолжи со уште се помасовни протести се додека не биде отгрела платформата од Тирана. Но, иако меѓународната заедница го гледа расположението на народот кој може секој момент да ескалира, таа сеуште не излегува со осуда на платформата и мешањето во внатрешните работи од страна на Тирана. Наместо тоа, таа ги премолчува вистинските проблеми, без да биде свесна дека македонските проблеми можат да се преселат на целата територија на Европа.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.