Вторник, 14 Март 2017   
ЕТНИЧКОТО ЧИСТЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА...

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Покрај борбата против корупцијата, најголем непријател ни е таканаречената "Голема Албанија". Тоа не е омраза кон Албанците, туку борба против нејзините автори и креатори во Бонд Стил и на Калето. Истите автори и на ИСИС во Ирак и Сирија. Затоа најголем број регрути има оттука: од Косово, Албанија и Македонија. Претходната обука им е во Бонд Стил на Косово.

"Голема Албанија" е наци-фашистичка креација од Втората Светска Војна, пред се', геноцидна проекција, можна е само со етничко чистење во Црна Гора, Србија, Македонија и Грција... Во Косово етничкото чистење речиси е завршено...

1939-1944 балистите на "Бали комбтар", теористичката организација "Црна Река" и СС дивизијата Скендербег го чистеа западниот дел на Македонија од Македонците, за време на италијанската и германската окупација во Втората Светска Војна. На суров и грозоморен начин балистите ликвидирале околу 4.780 македонски родољуби, масакрирале 1.290 семејства, претежно жени и деца, поради неподносливиот терор и насилство околу 18.000 Македонци со своите семејства биле принудени да ги напуштат своите родни огништа и да побегнат на побезбедни краишта...

Во војната 2001 година ОНА и ОВК создаваа кризни региони и повторно насилно ги протераа Македонците од своите родни огништа. Вршеа етничко чистење и создаваа слободни територии во Македонија, ги ослободуваа "албанските земји во Македонија од славо-македонските окупатори"... Одреден број Македонци повеќе не се вратија во своите родни куќи, им ги демолираа и палеа повеќепати, ги оставија во руини...

Македонците денес се жртви на тивко етничко чистење, се купуваат земја и куќи, се вршат насилства, се заокружуваат коридори... Со узурпација на земја и злоупотреба на денационализацијата се врши тивка територијална окупација...

После Чаир, цел за освојување во Скопје е Бутел, со промена на етничката и верската карта на главниот град на државата Македонија... Затоа и Артон Груби од ДУИ ќе изјави: Го спречивме поставувањето на крстот во Бутел, затоа што на наредните локални избори градоначалникот ќе биде од ДУИ...

За коалицијата меѓу СДСМ и ПДП, владата на Бранко Црвенковски, на повторениот попис, во 1994 година незаконски издаде 150.000 македонски државјанства на Албанци од Косово, кои после дисолуцијата на поранешна СФРЈ незаконски престојуваа на територијата на Македонија...

1999 година пред НАТО бомбардирањето на Србија, Македонија прифати околу 400.000 Албанци од Косово. Но, тоа се заборави... Само Господ знае колку од нив останаа во Македонија... Ромите и Маљоците, Албанците не ги прифатија назад на Косово... Толку од борбата за права и слободи... Приштина дури не прифати државен универзитет на српски јазик на Косово...

2017 година ДУИ, ДПА, БЕСА и Алијанса за Албанците со асистенција на премиерот на Албанија Еди Рама, со таканаречената "албанска платформа" побараа Собранието да донесе "Резолуција за осуда на геноцидот врз Албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956 година"... Брзаат, поради страв од ризик дека американската администрација на Доналд Трамп ќе го смени курсот на САД кон "Голема Албанија" и Косово, после поразот на демократите на Барак Обама и Хилари Клинтон...

Наместо да зборуваме за геноцидот врз Македонскиот народ, со замена на тези, Зоран Заев со коментар "нема ништо лошо од тоа да отвориме дебата, да осудиме дека војски убивале цивилно население, апсолутно не е ништо страшно тоа"... За партија која Зоран Заев ја прогласи за непатриотска, за немакедонска односно за албанска, можеби и не е ништо страшно тоа... Но, само за потсетување, го сардисаа народот, ја тероризираа јавноста во кампањата за референдумот за заштита на територијалната организација на локалната самоуправа во 2004 година со слоганот "Некои прашања не заслужуваат одговор" и ја сменија етничката и верската карта на Струга, Кичево, Скопје, Чашка...

И додека ја губиме територијата, си мачкаме очи со демократијата, со борбата против корупцијата... Се разбира, борбата против корупцијата е постојана грижа на општеството. Кога е инволвирана во власта таа е организиран криминал и никој ничиј криминал не штити, никој не побегнал од судот на правдата, народот и историјата. Ама се работи за Македонија, за сега, оти утре може да не' нема...

Македонијо, Македонијо...

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.