Среда, 15 Март 2017   
Манастирот Св. Спас – Св Харалампиј во близина на селото Крушоради (Леринско)

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Манастирот “Св Спас – Св. Харалампиј“ „се наоѓа на ¼ час по југо-источна насока од селото Крушоради (Леринско). Манастирот е откриен пред 80 години (околу 1853 г. - н.з.) од хаџи Јован од соседнто село Вошчарани или Овчарани. По смртта на аџијата, кој држел грчка служба во црквата, се размислувало да се пее на славјански, но беговите под чие ведомство спаѓа селото се јавиле како заштитници на грцизмот, поради кое манастирот останал затворен долги години, без да има жив човек во него.“ - пишува Георги Трајчев во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.)

Крушоради (грчки Ахлада) е село во Леринското Поле, Егејскиот дел на Македонија. Селото се наоѓа во близина на границата со Република Македонија, на 24 километри севороисточно од Лерин. Тоа се наоѓа на десниот брег на Стара река, во малата котлина на северозападните падини на Кајмакчалан, на 730 метри надморска височина.

Според преданијата првобитно населено место всушност било утврдената населба Крушовград понасевер од денешното село, во денешната месност Грамада. Месноста е така наречена поради купиштата големи грамадни камења кои опстоиле како сведоштво од некогашната тврдина.

Инаку, во почетокот на XX век Крушоради имало три маали Горно и Средно Крушоради, како и Долно маало или Јуруково. Додека последното успеало да се откупи, двете маали или села долго време бил чифлици со беговска кула, кехаи и чувари Арнаути. Беговите поткупени од Патријаршијата долго време не дозволувале во блискиот манастир Св. Спас да се служи на старославјански, поради што долго време се до создавањето на Македонската револуционерна организација манастирот бил долго време затворен.

Георги Трајчев кој како училишен инспектор доаѓа во овој крај во 1910 година, во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), за манастирот Св. Спас – Св Харалампиј ќе го забележи следното:

„Овој манастир се наоѓа на ¼ час по југо-источна насока од селото Крушоради (Леринско). Манастирот е откриен пред 80 години од хаџи Јован од соседнто село Вошчарани или Овчарани. По смртта на аџијата, кој држел за грчката служба во црквата, се размислува да се пее на славјански, но беговите под чие ведомство спаѓа селото се јавиле како заштитници на грцизмот, поради кое манастирот останал затворен долги години, без да има жив човек во него.

Во тоа време манастирот броел до 200 глави добиток кој просто бил разграбен. Со поддршка на Внатрешната организација манастирот бил откриен одново, а за настојник бил поставен синот на аџијата – свештеникот Трајко. Тој не живеел многу. Него го наследил син му хаџи Христо. Тој беше 45 годишен кога го посетив манастирот во 1910 година како училишен (егзархиски – н.з.) инспектор на Охридската епархија.

Манастирската црква не е многу голема. Таа е изградена врз стари основи. Црковниот празник е Св. Спас, но бидејќи недалеку од манастирот има и други рушевини од старата црква св. Харалампиј, затоа и на тој празник св. Харалампиј станува собор. Така манастирот е посветен на св. Спас и св. Харалампиј. Црквата има и женско одделение. Испишана е со живопис и со грчки надписи. Свештенодејствува поп од село Крушоради.

Манастирската зграда е заобиколена со авлија (ѕид) и се влегува низ голема порта и други две помали. Зградите се стари и триетажни. Горе има пет големи соби и една помала, чардак и амбар. Вториот кат има: 3 големи соби, 2 помали и 3 килери (шпајзови) Најдоле има две штали. На страна од таа зграда има друга помала, со 2 килера, 2 собички и над нив камбанарија.  При олтарот има 2 други собички за затворање на луди луѓе.

Манастирот има доста покуќнина, жива стока. Ниви, ливади и кози. Во манастирскиот двор се гробовите на ктиторот хаџи Јован и неговиот син Трајко.

Во близината на манастирот има рудник на камен јаглен, кој се експлоатира од селските бегови.

Во 1881 година јеромонахот Јоаникиј со завештание го дарува манастирот со целиот имот на св. Охридска митрополија. Архимандритот Ананиј, синот на Јоаникиј, го чувал оргиналот од ова завештание.

Грчкиот владика Антим, преку Крушодарските бегови, успева да го преземе манастирот. Така манастирот беше во владение до создавање на нашата Внатрешма организација.’  

Во 1899 година во Крушоради била  втемелена Македонската револуционерна организација под раководство на Крсте Канзуров, Атанас Балов, Филип Гоговчев и Ѕоле Весов - Кардако. На почетокот на XX век целото село, кое се води како чисто македонско, влегло под врховенство на Егзархијата. Во 1903 година, жителите на Крушоради масовно зеле учество во Илинденското востание под раководство на учителката Ката Неданчева.

Со Букурешкиот договор во 1913 година, кога Македонија е поделена на четири дела, селото било припоено кон грчката држава. Поради големиот терор со кое се соочувало населението, особено по Граѓанската војна во Грција, голем број македонски семејства го напуштиле селото, во кое грчките власти населиле колонисти од Епир.

Од ова село корените ги влече и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски. Неговиот дедо живеел и е погребан таму, додека неговиот татко како дете се преселил во Македонија.  

Во селото денес има четири цркви - "Свети Спиридон", "Свето Вознесение Господово", "Свети Ѓорѓи" и "Свети Харалампиј". Според традицијата на манастирот св. Спас - св. Харалампиј, соборот на селото му е на Спасовден (Вознесение).

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.