|
|
СЕ ГОРДЕАМ СО ВАКВИ МАКЕДОНЦИ И ГОСПОД НЕКА ИМ ПОМАГА И ДА ИМ СЕ НАЈДЕ СЕКОГАШ ПРИ РАКА |
Борис Дамовски е мој школски другар од Гимназијата Никола Карев во Скопје. Иста генерација 59 кога матуриравме во 1978. Во оваа генерација има познати имиња како Слободан Томиќ од 4-4 заедно со глумицата Силвија Јовановска, од 4-5 беше новинарот Марјан Велевски, во 4-3 беше Зоран Азманов, јас бев во 4-2 и се разбира Борис во 4-1. Да не замери некој ако сум го испуштил. Моето другарување со Борис секогаш било ненаметливо и долги разговори со сите теми од светот, политика, предвидување иднина и што ти не. Неговото размислување и искуство било секогаш на преголемо ниво и имаме доста учено од неговите идеи и размислувања. Едно време знам дека отиде на студии режија во Америка и последен пат се видовме на гитаријадата во Охрид, каде јас со мојата позната група Пеницилин ја свиревме Цимер, дек си бе цимер, тогашното жири не даваше да свириме познати хитови, но знаејќи дека е тоа наш последен настап, не ни беше гајле. Свиревме нова песна - Стани Гоце да ја видиш сега Македонија... и сето тоа имаше подршка од Борис Дамовски кој ни даваше во тие моменти тотална подршка и нема никогаш да му го заборавам тоа. Борис Дамовски е организатор на протестите ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, заедно со Богдан Илиевски и се надевам дека ќе се запознам и со него и ќе пишувам исто така за него. Јас верувам во овој тим, специјално во Борис и го замолувам Македонскиот народ да ги следат до крај. Моја желба е Борис да биде Председател на Македонија после Ѓорѓе Иванов одкога ќе му истечат сите законски времиња. Со такви како Борис, се разбира и Богдан, Македонија може мирно да спие и да оди напред без калкулација на политичари и Партии. Да живее Македонија и нека водството на Борис Дамовски и Богдан Илиевски допринесе Македонскиот народ секогаш да ја кажува вистината и непокорот на нашите предци. УШТЕ ЕДНАШ, СЕ ГОРДЕАМ СО ВАКВИ МАКЕДОНЦИ И ГОСПОД НЕКА ИМ ПОМАГА И ДА ИМ СЕ НАЈДЕ СЕКОГАШ ПРИ РАКА.
|