Среда, 22 Март 2017   
ВМРО е бранител на македонскиот идентитет и никој не може да го уништи

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Македонскиот народ во срцето ги носи четирите светли букви ВМРО, организација под чие водство Македонците со децеении се бореа за ослободување и создавање на своја македонска држава. Сите обиди во овој период оваа организација да биде уништена никогаш не успеале. Под разни додавки ова име го обединуваше македонскиот народ во различни периоди од македонската револуционерна борба, како и во мирновремена изградба на сопствената држава.

Денес, кога македонската држава е нападната од странски центри на моќ, нивните активности заедно со домашните петоколонаши се насочени кон дискредитирање на раководството и уништување на партијата ВМРО ДПМНЕ, која преставува единствена пречка за разнебитување  на македонскиот народ и држава.

Меѓутоа, сите како да заборавиле, дека оваа партија потекнува од народот и никој никогаш не успеал, ниту ќе успее да ја уништи. Дури и во времето на најцрниот комунизам името ВМРО, било ѕвезда водилка за Македонците. Под ова водство тој е племенит, храбар и патриотски настроен, спремен под ова име да тргне во безпоштедна борба за правата на својот народ.

Во време кога со Пржинскиот договор се парализирани институциите на власта, во време кога центрите на моќ ја оневозможуваат победничката ВМРО ДПМНЕ да формира влада, а бараат истата да биде формирана од СДСМ која ја прифаќа платформата од Тирана, народот во свои раце ја презеде улогата на бранител на Уставот и унитарноста во земјата. Никој не може да го спречи, ниту петоколонашите од СДСМ, ниту Брисел, ниту било кој друг. Тие бараат од политичарите да се отфрли платформата од Тирана и да не се дозволи  поделба на земјата.

Меѓутоа, засега лидерот на СДСМ Зоран Заев, подржан од надвор, нема намера да ја отфрли платформата. Всушност тој го продолжува истото сценарио кое со поддршка од Соросовата фондација со години се разнебитува македонската држава. Од осамостојувањето на Македонија до денес, раководството на СДСМ работи против интересите на македонскиот народ.

Во нив лежи вината за прифаќањето на референцата ПЈРМ, за промена на знамето, Законот за територијалната поделба на земјата, давањето на над 150 илјади државјанста на Албанците од Косови, а сега, само за да дојдат на власт се спремни да ги прифатат албанските барања за воведување на двојазичност на целата територија, промени на името, знамето и химната што води кон федерализација и поделба на земјата.

Ако погледнеме во овој период ќе видиме една тесна врска: СДСМ, ЦИА, Албанија, Клинтонови и Сорос. Настаните лесно се поврзуваат. Започнува со македонски ТАТ и распадот на пирамидалната штедилница во Албанија, па потоа немирите во кои е разграбано оружјето на албанската армија со кое потоа се вооружуваат албанските паравоени единици. Лесно може да се претпостави дека со пропаднатите пари се финансира конфликтот на Косово, по кој настанува интервенцијата на НАТО во 1999, а потоа и конфликтот во Македонија во 2001 год.  

Всушност Клинтонови, ако ги сметаме и двата мандата на Барак Обама повеќе од дваесет години одлучуваат што ќе се случува во Македонија и во регионот. Овој политички пар со помош на Сорос сеуште „владее со Балканот“, а зад сето тоа се криајат личните интереси, бизнисите како што се трговијата со оружје и дрога, вложување во гасоводи, патишта, рудните богаства.

Мора да се напомне дека Балканот е идеален за оние кои сакаат да ја држат под контрола Европа, Блискиот исток, но и да се надгледува Русија.

Доколку се има во предвид сето ова  не треба да се чудиме на сето она што се случува денес во Македонија, каде е префрлена борбата меѓу Доналд Трамп и Хилари Клинтон.

Денес може да се каже дека Косово е приватна држава на Клинтот, кој релно и ја создаде. Тие таму имаат инвестирано свои пари, исто како и Весли Кларк кој ја водеше операцијата. Тие сакаат спојување на Косово со Албанија преку која излегуваат на море, што ќе им овозможи полесен транспорт на оружје наменето за „борците за демократија“, како што беа УЧК и т.н. Ни малку не е случајно што Косово сака да создаде своја армија, а КФОР да замине. Таа треба да биде база на Клинтонови и нивните партнери  без меѓународна контрола од каде ќе можат да диригираат низ целиот свет, па и во Америка, без никој да ги контролира.

Трите години на криза во Македонија се плод на делувањето на Сорос и Клинтонови, кои се заинтересирани за контрола на гасоводот кој ќе поминува на територијата на која живеат Албанци. Ним им е потребна влада на чело со СДСМ која ќе им потпише документи за концесии за гасоводот. Не треба да се заборави дека и борбите во 2001 година во Македонија се водеа буквално на трасата на која требаше да поминува навтоводот „Амбо“. Всушност Клинтонови ги трасираат и бараат прекројување на етничките граници според своите интереси на Балканот, но не и според интересите на Србите, Хрватите, Албанците и Македонците, кои според нејзината карта би поминале најлошо. Според неа во оваа состојба Македонија е неодржлива. Решението или Македонија забрзано да влези во НАТО и ЕУ или да се распарчи.

Клинтонови денес го потпалуваат Балканот за да го завладеат, но и да го срушат Трамп. За таа цел нивниот партнер Сорос, веќе припрема нов удар на Балканот преку бегалците. Тој вети 500 милиони долари за бродови кои треба да ги префрлат багалците од Блискиот Исток во Европа со што се доведува во прашање границите и суверенитетот на Македонија и другите земји. ВМРО ДПМНЕ им е на тој пат и сакаат да го срушат по секоја цена.

Сето ова му е познато на македонскиот народ и затоа масовно излегува голораки во одбраната на својата земја, за што треба отворено да му се честита на нивното херојство. Ретки се вакви народи како Македонците кои имаат така снажен дух и верба во себе и кога треба да му покажат на посилниот непријател дека нема да му дозволат да ги покори. Македонецот е спремен на беспоштедна борба се до конечна победа, а тоа е зачувување на својата држава.

Затоа, сите политичари од Македонија без ралика на која партија припаѓаат и кои сакаат да ги распродадат македонските интереси нека се опаметат и нека не си играат со државата зошто ќе дојде време кога народот ќе им наплати со камата.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.