|
|
Македонецот е толерантен човек, но има работи кои го вознемируваат |
Македонецот е стопан на својата земја! Некогаш Македонскиот народ се чуствува дека во сопствената држава има помалку права одколку што ги имаат припадниците на етничките заедници. Но повеќе не може да дозволи во неговата држава одделни малцинства да имаат повеќе права или да се изравнат со македонскиот народ. Секоја држава има свој стопан, а во Македонија домаќин е македонскиот народ, додека останатите живеат со него. Меѓутоа, некои заедници како да забораваат каде живеат и кој е стопанот на земјата па му испорачуваат платформа. Време е, ако тие не можат да го сфатат тоа, македонските партии да им кажат дека ова држава е македонска. А тие се тука дека затоа што македонскиот народ постои, а тој е готов да им даде права дури и повеќе од оние што ги уживаат малцинствата во другите држави дури. Меѓутоа, албанската заедница во земјата не се задоволува соамо со тоа, па испорачува платформа со кои се сака да се смени стопанот на Македонија. Една мала етничка заедница која не е повеќе од 17 % во земјата, го тероризира домаќинот притоа преминувајќи ги сите граници на пристојност. Се уценува дека ако не станат равноправни со македонскиот народ ќе се отцепат. Ваквото однесување не би било можно доколку нема поддршка од надвор. Поддржани од Западот, Албанците сметаат дека се им е дозволено. Гледајќи како на недозволен начин за народот западот ги црташе границите на новата албанска држава Косово, потоа во Ирак, Авганистан, Сирија и Либија, Албанците сеуште сонуваат дека со центрите на моќ, Сорос и со домашните предавници тоа ќе им успее и во Македонија. Меѓутоа големите заборавија на основниот принцип дека народот има право сам да си ја бира својата судбина. А Македонецот рече доста е. Постизборната платформа испорачана од Тирана со која албанските партии сакаат да ја редифинираат, федерализираат и обезличат земјата, но и да му ја одземат на природниот стопан, ги крена Македодонците на нозе. Речиси неполн месец дена Македонците секојдневно рамо до рамо со Турците, Србите, Ромите, Власите, Бошњаците и другите припадници на етничките заедници во земјата, без разлика на политичката, верската и друга припадност, маршираат низ градовите на Македонија и бараат политичките партии да ја отфрлат платформата од Тирана. Последната провокација коначно го крена на нозе и го крена својот глас. Едноставно кажа не за надворешно мешање, не за албанската платформа од Тирана и побара нови избори. Тоа е пролетно будење на трпеливиот македонски народ, кој долги години беше сведок на бројни надворешни и внатрешни махинации за разнебитување на земјата. Овој пат силно одекна гласот на македонскиот народ, кој е решен по секоја цена да ја спречи распродажбата на земјата. Зад него застана и претседателот Ѓорге Иванов, кој недвосмислено порача дека нема да додели мандат, без претходно јавно да биде осудена и отфрлена платформата од Тирана, која преставува флагрантно мешање во внатрешните работи на Македонија. Долго скриениот гнев кај народот од надворешните мешања и се поголемите барања на Албанците кои немаат никаква врска со човековите права, го сплоти македонскиот народ во земјата и дијаспората. Рекација на народот ги изненади и нарачателите и светот. Македонскиот народ добива се поголема поддршка, а центрите на моќ се збунети пред барањата за истрага за нивното мешање во рушењето на власта во Македонија. Македонците го кренаа своето востание – Четвртиот Илинден. Тој реши да ги превземе работите во свои раце и бара не само партиите да ја отфрлат платформата и да се спроведе веднаш попис, туку и да се одредат црвените линии. Ако македонските партии од позицијата и опозицијата не знаат како да се однесуваат нека видат пример од политичките партии во Бугарија. И опозицијата и позицијата го отфрлија барањето на турски градоначалник турскиот јазик да стане официјален. Иато така нека видат како партиите во Грција и Албанија се однесуваат кон за македонското малцинство во нивните земји. Сплотеноста, истрајноста на македонскиот народ денес е огромна и тој нема да дозволи лицитација со македонските интереси. Македонските политичари треба добро да се замислат што прават, особено СДСМ чиј лидер си дозволи да прифати нешто што е спротивно на интересите македонскиот народ кој е стопан на оваа земја. Никој не треба да си игра со трпението на Македонците, па и меѓународната заедница, која ја изгуби довербата меѓу народот. СДСМ треба веднаш да ја отфрли, а меѓународната заедница треба да ја осуди платформата од Тирана. На сите треба да им е јасно дека домаќин во Македонија е македонскиот народ, кој нема да дозволи никаква кантонизација или федерализација на земјата!
|