Среда, 22 Март 2017   
Во членот 90 од Уставот не постои опција втор мандатар

САМО НОВИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ СЕ ИЗЛЕЗ ОД ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО СОГЛАСНОСТ СО УСТАВОТ И НИШТО ДРУГО, ОСВЕН НОВИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ЗАЕДНО СО ЛОКАЛНИТЕ!

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Не постои уставна опција за избор на Влада без мандат од Претседателот на Републиката. Изборот на Влада без мандат од Претседателот на Републиката претставува грубо кршење на Уставот! Овластувањата на Претседателот на Републиката за доверување мандат за состав на Влада завршија со 9 јануари 2017 година. Се' после 29 јануари во врска со избор на Влада претставува злоупотреба на службената должност и самовластие и од Претседателот на Републиката и од пратениците.

Во членот 90 од Уставот не постои опција втор мандатар.

Единствена опција, бидејќи не постои уставен рок за распуштање на Собранието доколку пратениците не состават Влада, е одлука на пратениците за распуштање на Собранието и нови парламентарни избори заедно со локалните избори! Тие што бараат избор на Влада без мандат од Претседателот на Републиката, сметаат дека таа одлука на Собранието не подлежи на оценка на уставноста. Уставниот суд по таква иницијатива би се прогласил за ненадлежен, бидејќи не оценува согласност на дејствија со Уставот, туку само на закони и општи прописи.

Собранието не може ниту да гласа доверба на Владата за да и' го одземе мандатот, бидејќи таа само ја врши должноста до изборот на нова Влада. Нејзе мандатот веќе и' престанал со распуштањето на Собранието пред минатогодишните парламентарни избори. Актуелен вршител на должноста министер не може ниту оставка да поднесе, затоа што нема мандат. Може само да го извести вршителот на должноста премиер дека престанува да ја врши функцијата вршител на должноста министер, по што го заменува заменикот министер а таму каде што нема ниту министер ниту заменик, функцијата ја презема вршителот на должноста премиер, до изборот на нова Влада.

И да ја отфрлат т.н. албанска платформа, и нејзините потписници и СДСМ, како услов да добијат мандат за состав на Влада, никој не може да им го одземе правото на пратениците и на Владата во текот на мандатот да ги предложат сите барања од т.н. албанска платформа, бидејќи се овластени предлагачи во Собранието.

Затоа, пратениците не смеат да пристапат кон избор на претседател на Собранието, кој ги распишува парламентарните и локалните избори, доколку претходно не се постигне договор за продолжување на мандатот на градоначалниците и советниците на општините и градот Скопје и распуштање на Собранието заради организирање на парламентарни и локални избори во ист ден.

Треба сериозно да се пристапи кон иницијативата најмалку 150.000 граѓани да предложат донесување на нов Устав односно да го вратат во сила и Уставот од 1991 година и Законот за територијалната организација на локалната самоуправа од 1996 година.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.