|
|
Војните на Балканот не се производ на Балканците, туку на Брисел и Стразбур! |
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер ги предупредил Соединетите Американски Држави за опасноста од нова војна на Балканот, доколку Европската унија “се распадне“, пренесе во петокот EurActiv. Ова Јункер му го пренел на американскиот потпретседател Мајк Пенс, со кого имал средба минатиот месец во Брисел. Детали од разговорот се открија дури деновиве во интервју за Financial Times. Јункер изјави дека е “изнервиран и изненаден” од ентузијазмот на Доналд Трамп во врска со излегувањето на Велика Британија од Европслката Унија, и поради ова тој ги предупредил Американците за последиците од таквото однесување. Шефот на Европската комисија смета дека однесувањето на Трамп всушност покажало колку “тој не ја разбира комплицираната историјата на Европа“. Јункер уште вели дека го предупредил американскиот потпретседател: “Вашингтон не треба да ги охрабрува другите земји да го имитираат Brexit”. “Му реков на потпретседателот Пенс: Не зборувајте така, не ги повикувајте другите да излезат, затоа што ако Европската Унија се распадне, тогаш ќе има нова војна во Западен Балкан“, рече Јункер. Шефот на Европската комисија смета дека на регионот мора да му “се понуди европска перспектива”. “Ако ги оставиме сами, Босна и Херцеговина, Република Српска, Македонија, Албанија, во сите овие земји, повторно ќе има војна”, изјави Јункер. И покрај се’ и после се’, Јункер не разбира дека војните на Балканот не се производ на Балканците, туку на Брисел и Стразбур! Како и насекаде во светот, тие и на Балканот, Брисел и Стразбур создаваа држави и нации, цртаа граници и пишуваа нови истории со свои суверени од нивни династии, носеа историчари од своите држави за да напишат нови истории на земјите кои ги владеат... Балканот не е буре барут поради интересите на Балканците, туку на земјите на Европската Унија. Производ на нацистичка Италија е Голема Албанија, Бугарија е интерес на Германија, Грција е интерес на Велика Британија, Србија е интерес на Франција... Македонија не излезе од поранешна СФР Југославија да се фрли во прегратките на Србија, Бугарија или Европската Унија, туку да биде држава - суверена и самостојна! Македонците отфрлаат пристапување на Македонија во Европската Унија и НАТО Алијансата, поради грчкиот и бугарскиот антимакедонизам, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Атина за промена на името на државата и на Софија за промена на историјата на Македонија, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Софија и Атина. ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Тодор ПЕТРОВ |