Среда, 29 Март 2017   
Јанковечкиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ во близина на Ресенското село Јанковец е православен женски манастир на МПЦ– ОА, кој е дел од Преспанско-пелагониската епархија. Има сведоштва дека постои во XV век. Манастирот се спомнува во Зографскиот поменик.  Во минатото тука имало училиште со славјански книги и до 1860 година (создавање на црковно-училишните општини), тука се одржувале сите собраниа, на кои се решавале црковно училишните прашања

Во Преспанско-пелагониската епархија постојат 7 манастири со монашки машки и женски заедници: Св. Преображение во Епархијата – с. Зрзе, Св. Богородица – Трескавец, Св. Архангел Михаил – Варош, Св. Христифор – с. Крстоар, Св. Јован – с. Слепче, Св. Атанасиј – с. Журче и Св. Богородица – с. Јанкоец.

Прилешчанецот Георги Трајчев кој е деец на Македонската револуционерна организација, како училишен егзархиски инспектор ги посетува меѓудругите и манастирите во Ресенско на почетокот на XX век. Во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), за Јанковечкиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“ или „Св. Богородица – Ресенско“, Трајчев ќе напише:

„Манастирот е расположен во едно живописно катче,  огранок од Петрино Планина, во соседство на селото Јанкоец – на четврт растојание од него. Тој е на североисточната насока од селото. Околината е една пријатна котлина, обрасната со дабова гора. Сепак, колку местоположбата и природата се пријатни и привлечни, толку, самиот манастир е за жалење. Црквата, зградите и манастирскиот имот се во жалосна состојба. Сето ова се должи на фактот дека целиот манастирски имот со крепостен документ се дадени на 4 селани, кои се користат со приходите како од свој сопствен чифлик.

Манастирската црква е заобиколена од згради, кои имаат по неколку руинирани соби и чардаци. Црквата е малка, светла, со женско одделение и скромно опремена. Ништо старинско нема во неа.

Манастирскиот празникот е „Успение Богородично“ и тој се посетува масовно од градот Ресен и околните села на 15 август (ст. Ст.) и  Велики Петок (Велигден). Единствен постојан станар на таа светина е болниот Тодор Лазаров, поранешен учител, родум од Прилеп.

Манастирот се спомнува во Зографскиот поменик. Во постаро време тука имало училиште со славјански книги. До 1860 година (создавање на црковно-училишните општини), тука се одржувале сите собраниа, на кои се решавале црковно училишните прашања. Во црковниот двор е погребан охридско-преспанскиот владика Дионисиј (грк).“

Забележувајќи за да не се заборави се што е значајно за Македонските манастири, Трајчев пишува меѓудругото и за манастирчето Св. Илија, како и за манастириштата во Ресенско. За манстирчето „Св. Илија“, чија црква е од средниот век тој вели:

„Тоа манастирче е во западните поли на Пелистерските разграноци, недалеку од патот Битола Преспа, во реонот на селото Подмочани и Грнчари. Тоа е одалечено од градот Ресен на околу 8 километри  по југо-источна насока . Манастирчето се состои само од една црквичка св. Илија, расположена во обрасната со дабова шума околина. Манастирчето се управуваше од село Подмочани, во чиј реон се наоѓа. На манастирскиот празник, тој беше масовно посетуван од околните села.“

На оваа света македонска земја, на оваа рајска градина каде расте преспанското јаболко, постојат повеќе урнатини на некогашни манастири и цркви. Во Ресенско Трајчев ги бележи следните: „1.) Во реонот на село Крушје има урнатини од стар манастир св. Спас, крај кого протекуваат водите на р. Голема река, која извира од карстовите на веровничките карпи на Бигла Планина. На Спасовден тука има голем собир од соседните села Крушје, Кривени и др. 2.) Во реонот на село Болно имало манастир, 3.) во околината на село Ехла има манастирска црквичка св. Спас, каде има собор на Спасовден, 4.) Сопотско – Св. Никола.

Истражувањата подоцна ќе покажат дека археолошки локалитет Св Спас во преспанското село Крушје претставува црква и некропола од старохристијанско време. Се наоѓа на околу 300 m северно од селото, од десната страна на патот Ресен-Охрид. Во 1968 година е изградени нова црква „Св. Спас“, помошна зграда и ограден ѕид. При копањето на темелите за црквата, биле откриени темели од објект ѕидани од камен и хоросан малтер, подни тули и широки ќерамиди. Исто така, откриле и повеќе гробови градени од камени плочи.

Исто така, на археолошкиот локалитет Исток во преспанското село Евла има остатоци од црква од средниот век. Се наоѓа на околу 7-8 km од селото, во подножјето на врвот Исток, во месностите Долни и Горни Колиби, каде се гледаат остатоци од разурнати цркви, распостранети од левата и десната страна на Источка Река. Црквичката во Горни Колиби била посветена на Св. Богородица, а во Долни Колиби на Св. Петка.

Св. Никола пак е археолошки локалитет во преспанското село Сопотско. Локалитетот претставува осамен наод од римско време и средновековна црква со некропола. При изградбата на новата црква „Св. Никола“, која се наоѓа еден километар јужно од селото, биле откриени темели од постара црква. Во олтарниот дел на црквата е најдена мермерна плоча со грчки натпис во 36 реда, од кои подобро се зачувани последните неколку реда. Освен неа, се најдени уште 3 поголеми плочи, а по должината на темелите бронзени монети - скифати. Западно и јужно од новата црква се гледаат монолитни камени плочи од гробни конструкции.

Иако за Болно ништо не забележавме, интересно е да се спомене дека празник на Јанчевскиот манастир “Успение на пресвета Богородица” денес се празнува на 28 август (н.ст), кога на ова место се собира народ од поблиските села и градот Ресен. Во близина на манастирот е отворен еден од првите приватни угостителски објекти во поранешна Југославија ресторанот “Манастир”.

sv-bogorodica-resensko

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.