|
|
Жиците на гитаристот Заев не штимаат |
До сега се имам видено и чуено во мојот живот. Мислев се, ама Заев ме попишмани. Последната негова изјава и симболи со жицата од гитара, па жицата за перење на жената му кои наводно лесно ќе ги сменел ... сето тоа да ти биде женскополовски дим. АМА МАКЕДОНШТИНАТА НА ЗАЕВ да ти биде нешто што цел свет до сега не знаел и не видел ... е тоа е тоа не " уби " во поим сите, посебно мене. Мислам дека оваа изјава му донесе убедливо шампионско место со сартификат во Бардовци, Демир Капија па и во Парамата во Сиднеј. Паднаа во вода сите изјави дека патриотизмот на СДСМ не им стоел. Па од оваа изјава сите СДСМовци ќе почнат да сечат вени од сега кога ќе слушнат песни како Народе Македонски, Едно имаме имаме, Излечи момче горе на тераса итн итн... Тој како опозиција успеа покрај сите манипулации, криминали и 100 милиони евра тендери во Струмица со најмалку 4 Поршеа во возниот парк, кога дојде како градоначалник на Струмица имаше само Југо на плин, па аболициран за Глобус и милиони други мучки... ЗАМИСЛЕТЕ АКО ДОЈДЕ НА ВЛАСТ КАКО ПРЕМИЕР КОЛКУ ПРИВАТНИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ БИ ИМАЛ ТОЈ МУРТИНЕЦОТ, ЗА АВТОБУСИ, КАМИОНИ И ТРАМВАЈИ ДА НЕ РАЗГОВАРАМЕ... Само затворете ги очите за 3 секудни и размислете. Едно е сигурно, тој нема да дојде да дојде на власт ни една секунда, затоа што нервата на Путин почнува да работи. Светски играчи и земји како Америка со Сорос, Ротчилд, Илуминати и сите ѓаволи собрани од ЕУ и НАТО губат од Путин, па сега за еден мрднат од Муртино нема Русија и Путин да се мислат многу. Затоа, жиците на жена му и гитарата нека ги менува колку што сака Заев, ама нека не пробува да се менува самиот себе со неговата македонштина. Не му стои, не му доликува да биде патриот. Доволно направи штети па и да седне со гол задник на најжешко ќумбе, никој нема да му поверува дека се изгорил. ПУСТА НАША МАКЕДОНИЈА ДАВАЛА ГОЛЕМИ ХЕРОИ, АМА И ГОЛЕМИ ИЗДАЈНИЦИ КАКО ЗАЕВ. СИТЕ НИЕ НЕМА ДА БИДЕМЕ ВЕЧНИ, САМО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОСТАНЕ ВЕЧНА.
|