Среда, 29 Март 2017   
Зоран Заев е вистинска темпирана бомба за Македонија

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Лидерот на СДСМ Зоран Заев пред изборите самиот најави целосно повлекување од политичката сцена доколку ги загуби изборите и само со еден глас. Но тој сеуште е на чело на партијата и се обидува да стане премиер. Меѓутоа, би било жалосно на чело на државата да дојде човек амнестиран криминалец кој со години наназад лаже, дава празни ветување и притоа ги доведува во прашање односите на Македонија со соседите и меѓународната заедница.

Бројни се лагите на Заев, па не би било чудно познатата поговорка „Лажеш како Т.....“ во иднина да се смени во “Лажеш како Заев“. Познато е дека политичарите знаат да ги извртуваат работите, на ваква патологија е својствена само кај оние кои болно сакаат да владеат, притоа не водејќи сметка за последиците по животот на луѓето и државата.

Како што се бројни лагите на Заев, така се бројни и демантите. Меѓу нив би ги спомнале последните кои доаѓаат од меѓународната заедница. Портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчич, на прес-конференција во Брисел потврди дека за отворање на пристапните преговори на Македонија со Унијата одлучува Европскиот совет, а не Комисијата, со што го негираше тврдењето на Заев за некои македонски медиуми дека Високата претставничка Федерика Могерини, како и еврокомесарот Јоханес Хан му ветиле почеток на пристапните преговори во случај тој да стане македонски премиер.

За само неколку дена ова е втор демант од Брисел за лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговите медиуми. Минатата недела словенечкиот европратеник Иво Вајгл, демантираше дека тој за некој медиум изјавил нешто во врска со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ниту дека пренесувал нешто што Груевски му го кажал нему при нивната последна средба во Скопје.

Во 2015 година, по обидот да направат политички спин и маркетинг од патувањето на Заев, тогаш Министерот за внатрешни работи на Израел, Силван Шалом во изјава за медиумите директно го демантираше Зоран Заев и неговата лага дека на состанокот се разговарало за неговите „бомби“ и за политички теми. Тоа беше невиден срам за Македонија, а Заев ниту му се извинил на Израел, ниту на граѓаните на Македонија.

Ако Заев тогаш си дозволи да говори невистини за една таква сериозна држава и пријател на македонскиот народ, тогаш не треба да не изненадува ни она што се случуваше дома во изминатите години и ова што денес се случува. Константно лажење и криминал, а потоа одбегнување на одговорноста пред законот. Тој патолошки лаже и како таков не може да води ни институција, а не пак држава.

Замислите што би се случило доколку Заев стане премиер и кога би го лажел својот народ и сите странски политичари со кој би се сретнал. Ако со години наназад за неговото име се испреплетува константно лажење и криминал, а потоа одбегнување на одговорноста пред законот, замислете каква слика тој би оставал како премиер пред меѓународната заедница за Македонија.

Во изминатите години Зоран Заев го лажеше судот, го лажеше народот, ја лажеше јавноста, ги лажеше медиумите. Тој по обичај ги лаже сите без ниту малку срам. Тој е единствениот политичар во Македонија кој бил амнестиран од претседателот за криминалот што го извршил. А на аболициран криминалец не може да му се верува, но иако поголем дел од јавноста веќе не му верува, за жал со него договор склучија албанските партии. Што ќе се случи кога и нив ќе ги изневери - што тогаш!? Како ќе реагираат албанските семејства чии членови лежат во затвор, а кога Заев нема да може да им го исполни ветувањето за нивно ослободување во замена за нивните гласови кои ги доби во мнозинство на декемвриските избори во 2016 година. Тоа беше уште една негова лага, со оглед на доказите со кои се затворени.

Зоран Заев е вистинска темпирана бомба за Македонија. Тоа го најави со прифаќањето на платформата од Тирана, скроена да не скара со сите соседи и за разнебитување на македонскиот народ и држава.

Toj не престанува со лажење и криење на вистината за тоа што се прифатил во замена за поддршка од албанските партии за доаѓање на власт. Сеуште молчи за содржината на договорот, иако сегашниот коалиционен партнер ДУИ јавно истакна дека целата Платформа од Тирана е прифатена, а во неа стои и барањето за усвојување на Резолуција во Собранието со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија извршен во периодот од 1912 до 1956 година. За Заев тоа не е ништо страшно и како да не сака да разбере дека со нејзино прифаќање македонскиот народ би се скарал со повеќе денешни пријателски земји.

Ваквите лаги на Заев само ја потврдуваат исправноста на претседателот на државата кој не му дава мандат, но и на реакцијата на македонската јавност, која по секоја цена нема дозволува Заев да дојде на чело на Владата на Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.