Среда, 29 Март 2017   
Македонскиот народ нема да остане мирен и да гледа како СДСМ ја разнебитува земјата

svekrva-nova
Свекрва

Политичката криза во земјата креирана од надворешни центри на моќ, а спроведувана од СДСМ продолжува. Меѓународната заедница наместо да помогне по пат на дијалог таа да се разреши, со своето однесување само ја продлабочува. Високиот комесар за проширување на ЕУ Јоханес Хан за време на последното доаѓање наместо да помогне да се разреши проблемот тој направи уште поголем проблем со поддршка на опозицијата да формира влада со албанските партии врз основа на платформата од Тирана.

Одлуката на македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов да не му го додели манадат за составување на нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев заради прифаќањето на албанската платформа, еврокомесарот Хан ја нарече недемократска, а одбивањето на претседателот да се сретне со него, кој своето време го остапи на преставниците на „За заедничка Македонија“, додатно го револтира Хан, кој да напоменеме дека немаше време за македонскиот народ.

Лицемерието на преставниците на меѓународната заедница е огромно ако се има во предвид дека бараат да се почитува демократијата, а друга страна немаат време за средба со македонскиот народ кој секојдневно во огромен број маршира низ речиси сите македонски градови. Фактот дека Хан не се сретна со организаторите на протестот говори дека ЕУ или нема слух за македонскиот народ и дека е директен учесник во дестабилизацијата на земјата.

Причината за ваквото однесување на преставниците на ЕУ е резултат на немање единствен став по македонското прашање, двојните стандарди и не почитување на меѓународното право. Всушност непочитувањето на одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг од страна на ЕУ и НАТО дека Македонија да може да стане членка под референцата доведоа до оваа состојба. Тие не најдоа сили да ја испочитуваат, угодувајќи на Грција и Бугарија.

Многу лицемерно звучи кога некој говори за правда, за почитување на човековите слободи и права, а самиот не ги почитува. Напротив, не само што не ги почитува и ги прекршува, туку од позиција на сила, индиректно се закануваат со поделба на земјата по етнички принцип, како што заговараат Тимоти Лес и други. Од друга страна, некои заплашуваат со војна во регионот.

Некогашниот преставник на ЕУ во Босна и Херцеговина Карл Билт, кој смета дека православните на Балканот се поголема опасност од муслиманите, ќе изјави дека „некогаш Гаврило Принцип ја предизвика Првата светска војна кога во Сараево го уби надвојводата Франц Фердинанд, а денес кога регионот станува тензичен, искрата може да се запали во Скопје. Од друга страна претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, етаблиран член на Билдерберг групата, ќе изјави дека во случај да се распадне ЕУ ќе има војна на Балканот, притоа посочувајќи дека доколу се остават сами БиХ, Република Сепска, Македонија, Албанија – ќе има повторно војна.

Веќе е познато дека сето ова е дел од специјална психолошка војна која се води врз земјата со цел македонскиот народ да се откаже од името и идентитетот, за да потоа набрзина оваа “безимена“ територија, цела или поделена, да влезе во рамките на ЕУ и НАТО. За жал во оваа валкана игра заради лични интереси влезе лидер на СДСМ, втората поголемина македонска опозициска партија.

Меѓутоа, без разлика дали ЕУ и НАТО ќе опстанат во оваа форма или не (и двете се на ивица на распад), таквата уцена не поминува кај македонскиот народ. Тоа надобро го почуствува еврокомесарот Хан при последната посета на Македонија. Тој ден маршираа 300.000 луѓе. Старо и младо, без разлика на партиска, верска или етничка припадност му рекоа НЕ на Тиранската платформа, НЕ на Брисел за промена на името и идентитетот на македонскиот народ и држава. Хан си замина посрамен од Скопје, а Брисел си ги скрши забите во Скопје!

Очигледно е дека центрите на моќ немаат решение за Македонија, па со последните сили уценуваат, заплашуваат и вршат притисок врз македонските преставници. Меѓуто, шретседателот Иванов, со целосна поддршка од македонскиот народот успешно ги влече конците, во борба да се зачува унитарноста на Македонија. Тој ги исцрта црвените линии на македонскиот народ, за што доби уште поголема поддршка како дома така и од македонската дијаспора. Неговите државнички потези ги изненадуваат челниците на СДСМ, албанските партии и нивните налогодавачи, а тој стана национален херој.

По посетата на Хан на Македонија, видливо е дека политиката на ЕУ доживеа пораз во Македонија. Политичката ситуација се усложнува уште повеќе и единствен излез од политичката криза е формирање на малцинска влада условена со отфрлање на платформата од Тирана и нови избори. Колку тоа побрзо го сфати лидерот на СДСМ Зоран Заев, толку побрзо земјата ќе излезе од кризата. Доколку опозицијата инсистира да продолжи политичката игранка само за да се добере до власта, тогаш се е можно. Македонскиот народ нема да остане мирен и да гледа како СДСМ ја разнебитува земјата.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.