Среда, 05 Април 2017   
Манастирот Орле или св Архангел Чичевски

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Чичевскиот манастир „Св. Архангел Михаил“ или манастирот „Орле“ е православен манастирски комплекс сместен во атарот на велешкото село Горно Чичево, во областа Клепа. Тој е одалечен на 4 часа одење или 16 км јужно од Велес и дел од Повардарската епархија на МПЦ-ОА. Манастирот има две цркви „Св. Архангел Михаил“ и „Св. Богородица“.

Според неговиот летопис манастирот е основан како мала црквичка во периодот од 1695 до 1705 година од калуѓерот Михаил со помош на велешкиот Аго бег. Годината на изградбата ја потврдува и печатот на манастирот со името на „Св. Архангел“ и ликот на Архангел Михаил, кој го изработил мајсторот Симон Костадинов. Во втората половина на XIX век старата манастирска црква е обновена од браќата Јаков Зографски и Јанко Георгиев и зографисана од Хаџи Крсте во 1861 година. Автор на храмот е големиот мајстор Андреј Дамјанов.

Прилепчанецот Георги Трајчев кој го посетува манастирот во 1907 година, во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), за Чичевскиот манастир или „Манастирот Орле, кој под тоа име не се сретнува на друго место, ќе го забележи следното:

„Манастирот Орле или св Архангел Чичевски, се наоѓа кај селото Чичево (Горно и Долно) во месноста Клепата.

Во 1872 година бугарскиот митрополит Дамаскин, идејќи за Велешката епархија, преку Неготино (Тиквешко) стигнал во Чичевскиот манастир, каде народ се собрал за да ја види и бакне раката на првиот (слвајански – н.з.) владика. Од манастирот владиката придружуван од повеќе селани, пешаци и коњаници заминал за Велес.

Осиромашениот манастир во 1849 година го моли за помош егзархот Александар во Цариград со следната молба, која се наоѓа во Етнографскиот музеј Бр. 5080

„.... Ние долу потпишаните препокорни пропаѓаме и смирено молиме; недостатоците наши се големи; а при тоа може да биде што и на Вашето Високородство се познати, кои  во кругот на цела Бугарија и Македонија до денеска се носат разорувања и зверства... Сега сепак доаѓа одново на таа Епархија; Високопреосвешениј ГосподинАвксентие како љубител на својот род, особено славјански, ... и совреме помина во нашиот манастир за да одмори, на која средба изгледа бил даден совет свештенички да припаднеме на Вашата Високородна милост па ...“ (И-в Бр. 101)

Манастирот поседуваше бронзен печат, округол со крстовидна дршка од 1705 година, со ликот на арх. Михаил и надпис во два круга: Свет печат на Велешките предели во гората Клепа близу реката Вардар. „Света и свештена обител наречен Манастир Орле храм на свети Архангел“. А околу дршката има натпис: „Го напиша тој печат мајстор Симон Костадинов. Во лето ... – 7213 месец генар   ден к..в.“ Печатот се чуваше во Велешката митрополија (1-в, ибид). 

Имотната состојба на манастирот во 1907 година, кога како директор на велешките училишта го посетив беше: ниви 2650 дулуми, ливади – 20 д., лозја 120 д., градини – 2 д.

Чиченскиот манатир се наоѓа меѓу двете села Горно и Долно Чичево, во местото Клепата. Одалечено е 4 часа од градот. Манастирот е стар. Црквата е нова, куполна, светла и со голема висока камбанарија крај неа. Имотната состојба беше добра. Со неа добро управуваа настојници и приходите се собираа од градот, во корист на училиштата.  Имаше чифлик во село Дворишта. Во последно време тука се отвори земјоделско училиште, под раководство на агрономот Ангелов, кој го плаќаше Егзархијата. И овој манастир има голем дел во Македонското ослободително дело.“

По Балканските војни, богатиот Чичевски манастир сместен меѓу двете села Горно и Долно Чичево, и во време на српско бил жив и постојано посетуван манастир од владиците. Но по Втората светека војна, по 1945 година бил оставен без никаква заштита на забот на времето. Старите манастирски конаци биле целосно уништени и останале руини. Човечката негрижа и честите детонации при минирањето заради барање на суровини за потребите на Фени довело и до оштетувања на црквата која е дело на најголемиот градител на Балканот Андреј Дамјанов.

Во 1981 година, согледувајќи дека се работи за еден од бисерите на сакралната култура, тогашните власти ќе го прогласат верскиот храм Свети Аргангел Михаил за споменик на културата. Но, врз овој објект кој со својот изглед ги воодушевува поситителите се извршени извесни интервенции кон крајот на првата декада од новиот милениум, а во 2013 година била донесена одлука за комплетна санација на објектот и иконите. 

sv-arhangel-cicevski

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.