Среда, 05 Април 2017   
Сега е време народот да се обедини околу македонската платформа

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по наредба на својот налогодавач во последните повеќе од две години ја спроведува  задачата за рушење на Уставниот поредок на Македонија, на земјата како држава, а како политичка инсталација на Сорос има за цел да ја отвори портата за бегалците кон Европа. Се започнува со Пржинскиот договор, кога се поставени темелите за рушење на Охридскиот договор, а преку албанската платформа и Уставот на земјата. Воведувањето на двојазичност на целата територија на Македонија води кон федерализација и поделба на земјата, која несомнено ќе придонесе до повторно отварање на Балканската рута.

Италијанскиот весник “Il Giornale“ го обвини американскиот милијардер Џорџ Сорос дека ја спонзорира бегалската криза во Европа. Според весникот, тој вложил 500 милиони долари за да создаде флота на бродови за спасување на мигрантите. Весникот исто така наведува дека позади спасувачките операции на големите бродови (Дигнити 1, Феникс, Топаз 1) секогаш стојат парите на Сорос, кои овозможуваат во Европа да влезат илјадници нови илегални мигранти.

Во невладиниот сектор отворено се зборува дека се против било какви граници. Со непочитување на границите и националниот суверенитет, Соросовите организации директно ја доведуваат во прашање не само европската миграциона политика, туку и суверенитетот на Македонија и други земји на Европа.  

Времето на настанувањето на политичката и бегалско-мигранската криза во земјата се поклопуваат. Во февруари 2015 година лидерот на СДСМ Зоран Заев започна со објавување на т.н. “бомби“, а во мај криминално терористичка група се судри со македонските безбедносни сили во Куманово. Во август истата година поради зголемен наплив на бегалци Владата на Македонија прогласи кризна состојба на јужната и северната граница на земјата.

Насочени од невладини организации, бегалците од Грција се движеа по вардарско-моравската долина, патеката по која требаше да се гради идниот гасовод или пак “Вардарската долина“.  На истата рута се случи и судирот во Куманово. Не може а да не се најде заеднички именител на настаните во Куманово, бегалската криза и делувањето на СДСМ, која одавна е инсталација на Сорос.

Македонија успешно се справи со првиот наплив на бегалско-мигрантската криза и ја затвори портата на Европа. Сепак, политичката криза сеуште трае, а на прагот на Европа, поради недоразбирањето меѓу ЕУ и Турција се наоѓаат повеќе од три милиони бегалци. Тие можат да се зголемат доколку Саудиска Арабија ги протера мигрантите, како и доколку тргне бранот од Либија. Голем дел од нив преку невладиниот сектор можат да се насочат кон Македонија, каде Зоран Заев по секоја цена се обидува да ја отвори портата и да спроведе Соросовата и Клинтоновата агенда.

Ни малку не беше случајно што при средбата на претседателот на Советот на Европа Доналд Туск и претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, покрај решавањето на политичката криза се разговараше за многу поважаната работа, а тоа е можноста од нов наплив на бегалци и мигранти кон ЕУ преку Балканската рута.

По најавата дека Турција ќе ги пушти мигрантите кон ЕУ, која нема единствена политика за справување со неа, изгледа дека за ЕУ Македонија станува важен фактор за зачувувањето на нејзината стабилност. Отука нема дилема дека Брисел нема многу да инсистира лидерот на Зоран Заев  да го добие мандатот за формирање на влада. Не особено по отсечниот одговор на претседателот Иванов во кој се вели дека не го променил ставот по тоа прашање. Според него влада која би формирал Заев би била изложена на уцени и во спротивност на Охридскиот договор, што би ги довело во прашање меѓуетничките односи и би довело до судир. Исто така, тој смета дека политичките лидери треба да се занимаваат со реформи а не со албанскат платформа од Тирана, зад која стои Еди Рама кој е и те како поврзан со Соросовата фондација.

Европа знае дека доколку продолжи да инсистира на формирање влада на чие чело би бил Зоран Заев дека ќе се соочи со огромен наплив на бегалци во моментот кога Турција ќе ги отвори камповите. Овој огромен талас ќе ги заплисне и Албанија и Косово, потоа Црна Гора и многу други земји на Балканската рута кон Брисел. Хаосот ќе биде огромен, а целта на Сорос ќе биде исполнета. Единствено тоа може да го спречи влада формирана од ВМРО ДПМНЕ.

Но, сега се поставува прашањето дали Македонија треба да се грижи за безбедноста на ЕУ, кога Брисел досега не покажа ни најмалку грижа за македонскиот народ. Напротив со години инсистира на промена на името за да стене нејзина членка.

Сега е време да се отфрли албанската платформа, а народот да се обедини околу македонската платформа (Македонскиот манифест), за да се зачува уставниот поредок на земјата, за да ја зачуваме македонската држава, името и идентитетот на македонскиот народ.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.