|
|
СДСМ се однесува како политички слепец |
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов уште еднаш одби, по разговорот со претседателот на Советот на Европа Донал Туск, да го даде мандатот за состав на новата влада на опозицискит лидер Зоран Заев. Во образложенето кое го наведе претседателот Иванов се вели дека прва точка на дневниот ред на партиите и пратениците треба да биде европската перспектива, а не спроведување на постизборни платформи направени во туѓи држави, со кои се загрозува безбедноста на државата, се нарушуваат односите со соседите и потикнуваат меѓуетничките тензии. Доаѓањето на Доналд Трамп на претседателската фотеља на САД, сеуште не ги донесе очекуваните промени на американската политика на Балканот. Последиците кои ги остави главниот режисер Викторија Нуланд на поранешната Обамина администрација, а во која главни актери беа лидерите на партиите Никола Груевски (ВМРО ДПМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Али Ахмети (ДУИ) и Мендух Тачи (ДПА), сеуште се чуствуваат. Клинтоновите и Соросовите следбеници во Брисел, Тирана и во Македонија, континуирано продуцираат кризи за да ги заштитат интересите на нивните газди на овој геостратешки простор. Во целата оваа политичка драма еден од главните негативци е Зоран Заев. Тој со помош на албанските партии, треба да ги спроведе зацртаните цели на Клинтонови, во кои македонскиот народ е само колатерална штета. Серијата за разнебитување на Македонија и преземање на контролата на ова територија од страна на Албанците се игра веќе трета сезона. Сепак, по доаѓањето на Трамп и смените во Вашингтон, донесоа неочекуван заплет. Во новите епизоди се појавија позитивни ликови кои се спротивставија на негативецот Зоран Заев и не дозволуваат разнебитување на македонската држава. Појавата на претседателот Ѓорге Иванов и македонскиот народ кои застанаа во одбрана на унитарноста на земјата, предизвикаа паника кај креаторите на оваа политичка драма. По Брегзитот, Брисел не смее да го изгуби и Балканот. Евентуално негово губење за Брисел би значело и распад на ЕУ. Отука во Брисел, се збунети и хистерични. Старите вековни врски на европските сили со Тирана повторно се отворени и се испорачуваат индиректни и директни закани. Британскиот дипломат Тимоти Лес во декември 2016 година го најави сценариото, кое потоа е изнесено во платформата од Тирана. Целта е Македонија да се федерализира и потоа Западна Македонија да се припои кон Албанија, додека остатокот да им припадне на Бугарија и Грција. Истото сценарио за поделба на границите по етнички принцип потоа беше изнесено од повеќе експерти, на што се надоврзаа Тирана и Брисел. Така, по еврокомесарот Јоханес Хан и високиот преставник на ЕУ Федерика Могерини, сега во посета на Македонија дојде претседателот на европскиот совет Доналд Туск. Притисокот од страна на ЕУ да се формира влада која со себе ја носи платформата од Тирана беше очекувано, како што беше очекувано дека и Туск ќе си замине неславно од Скопје. Едноставно, нема европски политичар кој може да го смени мислењето на македонскиот народ кој повеќе од месец дена мирно протестира против прифаќањето на Заев на албанската платформа преку која се прават обиди за федерализација, кантонизација и разнебитување на Македонија. Од тие причини, претседателот Ѓорге Иванов уште еднаш одби, по разговорот со претседателот на Советот на Европа Донал Туск, да го даде мандатот за состав на новата влада на опозицискит лидер Зоран Заев. Во образложенето кое го наведе претседателот Иванов се вели дека таква уценета и нестабилна влада со постизборни платформи направени во туѓи држави, се нарушуваат односите со соседите, се потикнуваат меѓуетничките тензии и се загрозува безбедноста на државата. Потврда на тоа се политичарите од Тирана, кои отворено работат на сценариото за Голема Албанија. Тие со своите изјави континуирано ги подгреваат етничките тензии во Макаединија. Албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за „Франс 24“, ќе изјави дека Албанците во Македонија не се малцинство, туку дека се ентитет што сочинува 35 отсто од населението и дека единственото нешто што соседите треба да го направат, е да го почитуваат Охридскиот договор. Од друга страна, министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, во интервју за бриселскиот интернет-портал „Еурактив“ порачува дека очекува платформата од Тирана, да влезе во македонскиот Устав, со што се надминуваат рамките на Охридскиот договор и води кон федерализација. Ваквите изјави, како и оние претходно дека Албанците треба да ги земат работите во свои раце само го потврдуваат активното мешање на Тирана во внатрешните работи на Македонија и нивните намери преку Зоран Заев, да се рекомпонира Македонија. Меѓутоа, на тој пат им стојат претседателот Ѓорге Иванов, македонскиот народ и политичката партија ВМРО ДПМНЕ која се појави со Манифест за обединување на сите сили за зачувување на унитарноста. А тука е и македонскиот народ кој поучен од минатото е цврсто решен во третата сезона на ова политичка серија да ги спречи политичарите кои заради лични интереси се спремни да ја предадат сопствената земја. Во овој случај тука не помагаат ни уцените, ниту заплашувањата за крвав расплет на македонското прашање кои доаѓаат од ЕУ, Албанија, Косово или од други места. Македонците се спремни соодветно да одговорат на секој обид да се реконпонира македонската држава. За жал СДСМ, се однесува како политички слепец и не сака Манифестот да го прифати, што ја потврдува теоријата дека се уценити. |