Среда, 12 Април 2017   
Апсурдноста на Еди Рама

rubinco Јованоски
Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Во последно време албанскиот премиер Еди Рама настапува крајно арогантно и нецивилизациски кога се работи за прашањето и застапеноста на албанскиот јазик во Република Македонија.

Пошироката македонска јавност познато и е дека по вонредните парлгментарни избори (11 декември 2016) година албанските политички партии од Македонија ,и тоа: ДУИ, БЕСА и Алијансата на албанците токму во Тирана во Република Албанија под покровителство на суетната личност Еди Рама се состави албанска платформа која истата мора да се спроведи со македонскиот политички кампус било да се работи за победничката партија ВМРО ДПМНЕ или поразената СДСМ и победничката партија од албанскиот политички блок (ДУИ) не се прифати албанската платформа. За разлика од победничката партија на ВМРО ДПМНЕ поразената македонска политичка партија на чело со бомбашот Зоки Заев ја прифати албанската платформа и со мнозинство од 67 пратеници во Републичкиот парламент побара Претседателот Ѓорѓе Иванов да му го додели токму него мандатот за формирање на Извршната власт во Република Македонија.

Но, познато е Претседателот Иванов не му го даде мандатот на Заев од преговорите со причини што има точки во коалициониот договор помегу СДСМ од една и ДУИ, БЕСА и Алијансата на албанците од друга страна кои со тек на време можат да предизвикаат далекусежни последици по унитарниот карактер и следствено на тоа разнебитување на Република Македонија во целина.

Последниот апсурд на Еди Рама е неговото неодамнешно интервју за еден албански телевизиски медиум каде истиот нагласи дека албанците во

да не се малцинство, туку дека се ентитет што сочинува 35% од  населението и дека единствено решение е македонците да го почитуваат Охридскиот рамковен договор. Почитуван господине       Рама во Охридскиот рамковен договор убаво е нагласено како треба да се почитуваат малцинските права во Република Македонија

Имено, во Локалните заедници каде преовладува македоисккот национален етникум се применува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, додека во локалните заедници каде има 20 и повеќе проценти од малцинствара во Република Македонија да се почитува повторно македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и да се спроведува јазикот и писмото на заедницата која има 20 и повеќе проценти од доминицилното население во Република Македонија.

Господине Рама во Македонија според последните статистички податоци во Р. Македонија живеат приближно 20 проценти малцинства од албанскиот политички кампус.

Но, овде напоменувам со доза на резерва од причини што во Македонија се нема одржано попис повеќе од 15 години.

Се почна во 2011 да се спроведува попис но истиот со закани и уцени од албанскиот политички кампус во Република Македонија беше прекинат.

Господине Рама, не знам дали во Албанската платформа има клаузула за спроведување на долго најавуваниот попис. Редно е конечно да се преброиме според Методологијата на Европската статистичка агенција (Евростат) и ООН каде и

има контрола на постојаното место на живеење и престој во државата како и гаранција за автетичните податоци и потврда на идентитетот на лицата преку дигитализација на отпечатоците.

Со тоа ќе се потврди дали Вашите 35% албанци во Република Македонија се валидни а Исто така, ќе се даде и одговор и на Косовскиот претседател Хашим Тачи кој во 2013  година онака од ракав го спомена истиот процент на албанцте кои живеат во Република Македонија.

На крајот од ова мое писмо сакам да Ве прашам Г-дине Рама дали се исти правата на македонското национално малцинство во Вашата Р епублика Албанија. Ако не се што се мешате во работите на туѓа земја каде се почитуваат малцинските права почнувајќи од извршната, Законодавната власт и на локално ниво. Вашите изјави не се добро намерни и истите можат да предизвикаат меѓуетнички тензии во Република Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.