|
|
На Брисел му се брза да се избере влада во Македонија |
На Брисел му се брза да се избере влада во Македонија која би ја спровела албанската платформа од Тирана со која би се редифинирала Македонија. Тоа е во контекст на плановите на Брисел за редифинирање на државите на Балканот, кои сеуште не се членки на Унијата. Односно се работи за проект за исцртување на нови граници по етнички принцип, при што Македонија би била монета за поткусурување. За спроведување на овој план, на Брисел и е потребна македонска влада без кичма, влада спремна без приговор да ги прифати плановите на ЕУ. Бидејќи ВМРО ДПМНЕ не беше спремна да оди против интересите на македонскиот народ, Брисел свој сојузник најде во лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој само за да дојде на власт е спремен на секакви остапки. Центрите на моќ направија се за да се елиминира ВМРО ДПМНЕ од власта и да се доведе Зоран Заев како човек со кого може да се соработува, човек кој е спремен да ги продаде виталните интереси на земјата и човек кој е спремен живи луѓе да јаде само да стигне до целта. Спроведувајќи го инжинерингот на Брисел, во кој на Заев му е дадена клучна улога, во декември 2016 г. во Македонија се спроведоа избори при кои народот беше излажан. Во предизборието никој не зборуваше за некаква Тиранска платформа, за да по изборите таа стане главен фактор за елиминирање на победничката партија ВМРО ДПМНЕ да формира влада. Со оглед дека пред изборите ниту Зоран Заев, ниту албанскиот блок на партии предводени од ДУИ не најавија дека планираат федерализација на Македонија, реагираше народот бидејќи никој не гласал на избори за албанската платформа од Тирана! Тиранската платформа беше објавена дури по изборите, што преставува изборна измама и обид за уривање на уставноста. Тиранската платформа е шричина претседателот Иванов да одбие да му даде мандат на Заев и од неа произлегуваат реакциите на македонскиот народ, кој повеќе од месец дена протестира и ќе продолжи со протестите по Велигденските празници се додека има потреба (откажување од платформата и распишување на нови избори). Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжува по Велигденските празници со секојдневните собири за зачувување на унитарноста на Македонија и за отфрлање на албанската платформа од Тирана. Тие будно ја следат состојбата и потсетуваат дека нема да дозволат туѓа платформа да биде усвоена во македонското Собрание, која значи вовед во редефинирање на Македонија. Од граѓанската иницијатива потсетуваат дека по никоја цена нема да дозволат да се гласа во Собранието закон за двојазична Македонија и бараат од претседателот Иванов да го почитува Уставот, да не доделува мандат по веќе истечениот рок. Поради ваквиот став на македонскиот народ кој е спротивен на плановите на ЕУ, од Брисел постојано ни доаѓаат препораки или европреставници кои не убедуваат мандатот да му се даде на Зоран Заев. По Могерини, Хан, Туск во посета на Македонија дојде и поранешниот шведски политичар Карл Билд и сегашен ко-претседавач на тинк – тенк организацијата која се занимава со политчки анализи. Оваа сорошова спонзоруша, која има изјавено дека православието на Балканот е поголем проблем од исламскиот радикализам, доаѓа во Македонија да се сретне со политичките лидери и да ги убеди што побргу да се формира нова влада. Се разбира дека се работи за уште еден притисок да се формира Влада која ќе ја спроведува Тиранската платформа. Но, како и за други кои не го почитуваат македонскиот народ, така и за Карл Билт нема место во агендата на македонскиот претседател. Едноставно неможе да прими човек кој има крајно непринципиелни ставови и необјективен пристап во врска со внатрешната политичката ситуација, но и поради неговиот директен обид за мешање во внатрешните работи на Македонија. Притисоците од Брисел нема да престанат и тие ќе направат се брзо да се формира квинслишка влада по нивен терк. Тие се спремни дури и да подржат влада без добиен мандат. Карл Билд не е случајно дојден. По празниците се најавува дека СДСМ и албанскиот блок ќе направат обид да формираат влада без мандат и дека ќе има обид за насилно уривање на уставот и уставниот поредок. Но, за тој чин им треба амин од Брисел. Дали ќе го добијат зависи од македонскиот народ и процената до каде тој може да оди. Многумина досега се излажале во проценките за македонскиот народ. Многумина давале лажни податоци и ја искривувале вистината. Денес во европските медиуми речиси воопшто не се зборува за настаните во Македонија и за обидот да се погази вољата на народот. Но, Македонецот е на штрек спремен да се бори за својата земја и да го спречи секој насилен обид за рушење на уставниот поредок на државата. Вистината за било каков обид за насилно превземање на власта со мешање од надвор, тогаш сакале или не, ќе се појави на насловните страници на европските и светските медиуми, а тој нема да биде ни малку пријатен ни за нас ни за нив. Брисел мора да знае дека вирусот кој го шират во Македонија лесно може да го зарази регионот, но и цела Европа. Затоа Македонците порачуваат не си играјте со македонскиот народ, туку нека се распишат веднаш нови парламентарни и локални избори и народот нека каже дали ја прифаќа платформата од Тирана, како и на кого ќе му го довери мандатот за да го чува суверенитетот на македонската држава.
|