Среда, 03 Мај 2017   
МАЛКУ ПОЗНАТИ ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ ЗА ПОСТОЕЊЕТО НА ИСУС ХРИСТОС

aleksandar-donski
Александар ДОНСКИ

Не се точни атеистичко-антихристијанските тврдења според кои „не постоеле историски докази за постоењето на Исус Христос!

Пренесуваме, кај нас малку познато сведоштво дадено од  најпознатиот антички еврејски  историчар Јосиф Флавиј кој живеел во 1 век и (иако бил фарисеј и противник на христијаните) во своите историски дела јасно запишал дека Исус постоел, дека не бил обичен човек и дека правел многу чуда и прекрасни нешта.

Во Македонија, а секако и пошироко, поединци и натаму тврдат дека наводно „не постоеле историски докази вон Библијата“ дека Исус Христос (славен како Божји Син од страна на христијаните и како пророк на Алах  од страна на  муслиманите) „не постоел“ и дека бил „измислена личност“. Ваквата небулоза создадена во атеистичко-комунистичката кујна,  а секако и во кујните на останатите (главно анти-христијански) центри практично значи дека десетици милијарди христијани и муслимани во минатото и денес славеле и слават „непостоечка личност“ (!?). Оттаму ваквата небулоза повеќе е смешна, отколку сериозна, посебно затоа што (за жал на овие минорни субјекти) сепак постојат ИСТОРИСКИ докази за постоењето на Исус. 

Пред да поминеме на нивното изнесување, би сакал прво да ги прашам негаторите да ми одговорат што се тоа „историски докази“ кога е во прашање постоењето на личност од античкиот, па и од средновековниот, период? Поради фактот што во антиката и во Средниот век немало камери, ни фотоапарати, јасно е дека како историски доказ се сметаат сведоштвата на луѓе кои ги запишувале настаните околу себе така како што ги гледале или така како што им биле пренесувани од сведоци. Секако дека како историски доказ се сметаат и  записите  од самите историски личности, кои до денес останале зачувани (иако бројот на вакви записи е минорен во однос на личностите кои директно не оставиле свои записи). Практично најголем дел од историските личности од антиката (владетели, нивни сопруги, деца, војсководители, политичари...) не оставиле свои директни записи, па сепак никому не му е и на крај памет да го негира нивното постоење тому поради тоа што некој друг тогашен автор ставил записи (историски докази) за нивното постоење. На пример, за античкиот филозоф Сократ знаеме само благодарение на сведоштвата од Платон, Ксенофон и Аристофан. Значи, иако само тројца луѓе сведочеле за неговото постоење, денес Сократ се смета за еден од најголемите антички филозофи. Уште подрастичен е примерот на основачот на будизмот Гаутама Буда. За него не постои ниту еден зачуван запис од негово време, а првите сведоштва за неговиот живот потекнуваат од периодот од над триста години по неговото раѓање. Сличен е случајот и со Конфучие (VI век пред Христа). Податоците за неговиот живот исто така биле собирани со векови по неговата смрт, а за неговото учење се знае дека било напишано од неговите следбеници. Ова важи и за огромен број познати личности од антиката (римски, атински, спартански, персиски, македонски, тракиски и други цареви и кралеви, бугарски, монголски и други ханови, кинески, јапонски, западноевропски и други средновековни владетели, потоа уметници (музичари, сликари...) – за најголем дел од нив денес знаеме само благодарение на сведоштвата (записите) од други. Па сепак  негаторите на постоењето на Исус, не негираат ниту една друга историска личност освен Исус, што е уште еден доказ за нивната подмолна тенденција.

Поради сето  досега наведено, ако за сите  личности во антиката, па и во Средниот век, важи правилото дека под историски докази се подразбираат сведоштвата од други автори, тогаш нормално  дека ова важи и за Исус. Оттаму четирите евангелија во Новиот завет и уште десетината апокрифни евангелија (сведоштва за Исус кои не се опфатени во Библијата), покрај својата религиозна компонента, имаат и историска вредност. Нивните автори, независно еден од друг, запишале речиси исти работи (од историски аспект гледано) за постоењето на Исус, за неговиот живот и делување. Надвор од здравиот разум е дури и да се помисли дека сите тие (независно еден од друг во различни години и места) „измислиле“ иста личност.

Анти-христијанските скептици велат дека немало  сведоштва вон христијанскиот свет за постоењето на Исус. Но, ни тоа не е точно.

Во нашата јавност е малку познато дека постои исклучително важно вонбиблиско сведоштво за постоењето на Исус.  Ова извонредно значајно све­доштво е дадено од најпознатиот антички еврејски историчар Јосиф Флавиј кој живеел во првиот век по Христа од 37 до околу 100  г. Флавиј не само што не бил никаков христијанин, туку тој припаѓал на јудејската секта фарисеи која била негативно расположена кон христијаните. Сепак, тој во своите историски дела (напишани само неколку децении по распнувањето на Исус) не можел да го од­бегне постоењето и дејству­вањето на Исус во неговата земја. Независ­ното све­доштво на Флавиј за постоењето на Исус Христос претставува разурнувачка негација на тенденциозните атеистички небулози според кои, наводно “немало историски докази за посто­ењето на Исус”(!?). Флавиј, како историчар, не само што го забележал постоењето и дејст­ву­ва­њето на Исус Христос, туку и јасно ставил до знаење дека Исус не бил обичен чо­век! Флавиј дури го спомнал и воскрес­нувањето на Исус, а  спомнал и дека за време на своето дејствување повел по себе “многу Евреи и многу пагани”. Еве како го опи­шал Исус Христос најпоз­натиот еврејски историчар од тоа време Јосиф Флавиј:

“Во тоа време се појави Исус, мудар човек, доколку и навистина можеме да го наречеме човек; тој правеше прекрасни нешта... Тој привлече кон себе многу Евреи и многу пагани. Тој беше Христос. А, кога Пилат, по сугестија на нашите угледни луѓе го распна на крст, оние што го сакаа не се откажаа од него, затоа што им се појавил жив на третиот ден како што најавија Божјите пророци, заедно со уште десет илјади прекрасни нешта поврзани со него. И  групата христијани, кои го добија името по него, до денес постојат. (Јосиф Флавиј „Јудејски старини“ 18,3,3).

Се поставува прашањето од каде Јосиф Флавиј ги дознал овде наведените податоци за Исус доколку тој бил „измислена личност“ од страна на евангелистите? Во времето кога Јосиф Флавиј го напишал ова сведошто се уште не бил создаден Новиот Завет, а од четирите евангелија, било напишано само Евангелието по Марко, кое свети Марко делумно го напишал во Александрија (Египет), па не се знае кога точно ова Евангелие стигнало во целост во Светата земја кадешто живеел Јосиф Флавиј. Но, дури и да прочитал  делови од (во тоа време) пресно напишаното Евангелие по Марко, Јосиф Флавиј сигурно дека немало да ги цитира во својот историски труд затоа што тој самиот припаѓал на секта  која била опонент на христијаните. Оттаму, нема друго објаснување освен да се заклучи дека сведоштвото за Исус, Флавиј го дал врз основа на пренесени (а можеби и директни) разговори со луѓе кои лично го познавале и следеле Исус и биле сведоци на неговото дејствување. Поради тоа сведоштвото на Јосиф Флавиј за Исус Христос има огромна историска вредност и претставува несомнен историски доказ, кој буквално ги десеткува тврдењата на анти-христијанските провокатори.

Јосиф Флавиј оставил вредни историски сведоштва и за дејству­вањето на свети Јован Крстител. Кога пишува за поразот на војската на вазалниот еврејски крал Херод Антипа од Арапите, Флавиј пишу­ва:

“Некои Евреи сметаа дека поразот на Херодовата војска дојде како казна од Господ, поради тоа што му го направи на Јован, кого го викаа Крстител. Херод го отепа него, иако тој беше добар човек и им збору­ваше на Евреите да бидат чесни и праведни еден кон друг, како и да пока­жуваат почит кон Бога, така што ќе бидат крстени... Кога луѓето масовно почнаа да одат кај него за да ги слушаат неговите зборови, Херод се уплаши дека големото влија­ние што Јован го имаше кај народот би можело да биде иско­ристено од негова страна за кревање востание, бидејќи изгледаше дека луѓето се подготвени да направат се што ќе им кажеше Јован. Поради тоа Херод помисли дека е најдобро ако го погуби за да ги спречи немирите што тој можеше да ги предизвика, а и за да не се кае подоцна доколку се доведе себеси во непријатности преку конфрон­тирањето со него. Така, поради сомневањето на Херод, Јо­ван беше испратен во затворот во Махер, што претходно го спомнав и таму беше погубен. Сега Евреите сметаа дека поразот на војската на Херод беше казна поради незадоволството на Бог. (Исто, 18,5,2).

На крајот да го спомнеме и фактот дека Јосиф Флавиј посветил голем простор во своите дела и на античките Македонци кои владееле со Светата земја од нејзиното освојување од страна на Александар Велики Македонски па се до нејзиното покорување од страна на Римјаните. Притоа Флавиј сосема јасно ги издвојува Македонците од Грците, па неговите историски дела претставуваат силен удар и против  големогрчката пропаганда.

donski22
Постоењето на Исус Христос како историска личност го потврдил и најпознатиот антички еврејски историчар Јосиф Флавиј

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.