|
|
Меѓународната заедница во Македонија се однесува како да се наоѓа во времето на дивиот Запад |
Трагичниот процес на разнебитување на македонскиот народ продолжува. На 27 април 2017 година, по завршената седница на Собранието на Република Македонија, пратениците на албанските партии и Социјалемократскиот сојуз извршија обид за државен удар. Спротивно на Уставот, Законите и Деловникот, овие пратеници надвор од процедурите го избраа Талат Џафери за претседател на Собранието. По провокациите со албанската химна, обидот за избор на македонскиот крвник од Вејце за претседател на Собранието на нелегален начин, го испровоцира македонскиот народ кој влезе во парламентот за да си ја врати државата. Социјалдемократите и албанските партии во изминатиот четврток вечерта се обидоа да извршат обид за државен удар во земјата. Тие на нелегален начин, без никаква евиденција кој и како гласал, го нелегално го избраа Талат Џафери за претседател. И покрај оправданиот сомнеж дека дури и при ваквиот нелегален начин на гласање, Џафери го немаше потребниот број пратеници за да биде изгласан, американскиот и европските дипломати го поздравија неговиот избор. Прифаќањето на Џафери, нелегално избран за легален претседател на македонското Собрание од страна на преставниците на меѓународниот фактор, ја потврдува нивната длабока вмешаност во сценариото по кој се одвива трагичниот процес за разнебитување на македонскиот народ. Меѓународната заедница во Македонија се однесува како да се наоѓа во времето на дивиот Запад. Во однос на Македонците повторно применува двојни аршини. Од една страна зборува за почитување на правото и демократија, а од друга страна поддржува нелегалниот избор на амнестиран терорист за претседател на Законодавниот дом. Со тоа покажува дека таа ја смета територијата на Македонија за индијански резерват во која кој сака и кога сака може да влезе и да им ја погази вољата на народот, да им ја одземе земјата на домицилното население, како и да ја исчисти од Македонци, за да може слобдно да гради своја “пруга“ низ неа! Доколку се дозволи нелегалниот избран Талат Џафери, со помош на дел од меѓународниот фактор да остане претседател на Собранието и се формира коалициона влада на чело со лидерот на Социјалдемократите, тогаш се отвара простор за пасивизација или елиминација на единствениот бранител на македонските интереси претседателот Ѓорге Иванов и реализација на Тиранската платформа, што значи распарчување на Македонија. Претседателот Иванов кој ја контролира армијата и македонскиот народ се последните пречки кои стојат на патот за спроведување на Тиранската платформа. Поради нивниот отпор за разнебитување на земјата, меѓународниот фактор и домашните предавници на чело со Зоран Заев внимателно го темпираа времето за изведување на државен удар. Сценаристите за денот “Д“ ги имаа во предвид следните околности:
Всушност сценаристите предвидуваа да предизвикаат украинизација на Македонија, која треба да ја подели земјата. Не случајно вечерта, спротивно на процедурите, обезбедувањето на Заев носеше оружје во Собранието, од кое потоа беше пукано, а според медиумите, дојде и до мобилизација во албанскиот етнички кампус во земјата и околните соседи, и спремност со оружје да тргнат во Скопје за се зачуваат наводно животнозагрозените албански пратеници. Точно е дека за време на инцидентот имаше околу стотина повредени граѓани и припадници на безбедносните сили. Но, денес мошне чудно звучи изјавата на лидерот на Социјалдемократите Зоран Заев дека луѓето со умисла сакале да го убијат. Ако некој сакал да го убие него или било кој друг за време на инцидентот во Собранието, тој или тие не би биле денес живи. Едноставно македонскиот народ во тој момент ја бранеше државата без умисла некого да убие. Меѓутоа, мора да се напомене уште еднаш дека провокациите на Зоран Заев и неговата партија СДСМ смислено доведоа до ваков епилог во кој имаше повредени лица. Македонскиот народ повеќе пати предупредуваше никој да не си игра со сувереноста со државата. Тој реагираше откако неспречени од никого, СДСМ насилно и противзаконски го избра Талат Џафери за Претседател на Собранието. Едноставно гневниот народ влезе во Собранието за да си ја врати државата во своите раце. Нема таква сила која може да оди против народ, но, добро е што на оваа правокација во режија на меѓународниот фактор и домашните предавници на чело со Заев, македонските безбедносни сили внимателно реагираа и заедно со народот не дозволија поголема ескалација на состојбата и вовед во украинизација на земјата. Останува фактот дека мешањето на надворешниот фактор за разнебитување на македонската држава, како во минатиот век така и сега продолжува. "Доста е на процесот на разграбување на македонскиот народ“. Македонскиот народ не ја заслужува оваа судбина. Македонецот не извршил злосторства, за да се смета дека сегашната судбина е Божја казна. Дури и да беше казна, македонскиот народ досега сто пати би се откупил со досегашните поднесени страдања и жртви. Секое продолжување на овие страдања може уште повеќе да ги разгневи, а тогаш без разлика на се, божјиот камшик ќе удри по сите негови непријатели. За сите злосторства извршени врз македонскиот народ, ќе нема место каде што злосторниците ќе можат да се сокриат. АМИН!
|