|
|
Црн четврток за Заев и неговата дружина |
Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп Се случи тоа што никој не го посакуваше да се случи. 60 дена протестантите ”3а заедничка Македонија" во Окопје и во поголемиот број на градови ширум нашата земја каде истите не фрлија ниту еден пикавец од цигара, не уништија паркови и зеленило, не фарбаа и уништуваа со боја и јајца улици и витални објекти, него мирно протестираа и бараа од народните избраници кои со ставија мнозинство од 69 пратенички мандати да излезат пред јавноста или во буквална смисла на зборот од сообраниската говорница да ја обелоденат албанската платформа која истата е направена во туѓа земја. Зоран Заев, алијас Бошко Буха со тек на време ретерираше пред особено македонската јавност дека албанска платформа не постои и дека за виталните прашања кои се од суштинско и судбоносно значење за Република Македонија ќе се праша народот на Референдум. По само неполни 5 минути од изјавите на Зоран Заев ќе се јавеше Дуи со партиско соопштение дека предавникот на македонските национални интереси (читај лицето З.З.) ја прифатил во целост албанската платформа. Последната изјава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети беше дека со конфузноста и несфатливоста за него претставена од страна на Зоран Заев размислува да ги повлече потписите за мнозинство во парламентот и следствено на тоа формирање на нова Извршна власт во Република Македонија. Ахмети во буквална слисла на зборот одигра маестрално политичко-тактички се откажа највозрасниот пратеник во сообранието кој е од редовите на неговата партија (Манојлоски) да не да вода пара конститутивната седница за да не се долева масло на проблемот, него тоа да биде пратеник од редовите на плавите момчиња. Зоки и тоа го прифати од својот коалиционен партнер од албанскиот политички кампус само по секоја цена да стане Премиер на Република Македонија. Се случи црн четврток во плурална Македонија иницирана од Зоран Заев и неговите поданици и каде за влакно беше избегнато линчување на народните избраници кои со нелегитимни средства сакаат да ја превземат власта. Да одиме хронолошки на настаните од црниот четврток. На тој ден во главниот град на помала оддалеченост се подготвуваше голем спортски настан, а тоа беше четвртфиналниот реванш ракометен натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Вардар и германски Фленсбург. Зошто ова го нагласувам? Од проста причина, што одреден број на припадници на Јавниот ред и мир беа ангажирани за овј настан. 59 дека Законодавниот дом го обезбедуваа припадниците на МВР во една мирна атмосфера од причини што протестантите ”За заедничка Македонија”, парадираа по улиците на главниот град и пред Законодавниот дом во една мирна и релаксирана атмосфера ги потсетуваа народните избраници дека не смее по ни која цена да се прифати Претседател на Законодавниот дом каде истиот е застапник и воедно поддржувач на албанската платформа. Претседавачот на седницата Трајко Вељаноски секоуден вкупно 20 истата ја завршуваше со работа точно во 18 часот. Претседавачот Трајко Вељаноски го пичитуваше Деловникот за работа и не дозволуваше како што сакаа 69 пратеници од новото парламентарно мнозинство да преминат на точката за избор на Претседател на Законодавниот дом. Не е логично без избор на Комисијата за избори и именувања да се помине на точка за избор на Претседател на парламентот. Хипотетички во Комисијата можеби ќе беа пријавени поголем брод на Кандитати за Претседател на Законодавниот дом. Седницата за избор на Претседател на парламентот во буквална смисла на зборот беше на "Сила почната" Во оваа прилика се прашувам дали имаше кворум за работа на истата, и со колку гласови за, против и воздржани беше избран Талат Цафери за Претседател на парламентот. Исто така, се прашувам пред кого Талат Џафери даде заклетва и воедно свечено го потпиша документот со кој се потврдува дека е избран за Претседател на Законодавниот дом. Тој документ веднаш треба да се достави до институцијата "Службен весник“ за да се објави истиот во давноста. Во едни такви околности народот се почувствува дека е предаден од момчето од Муртино, Како е можно во Законодавниот дом телесното и физичкото обезбедување на Оливер Опасовски -довчерашен технички министер во МВР и обезбедувавето на Зоран Заев да носат оружде и истите да испукаат 2 предупредувачки куршуми во затворен простор во Законодавниот дом. Зоки и неговата дружина се спасија од линч кои самите го предизвикаа со нелегитимно избраниот Претседател на парламентот. Тоа нека му биде поука за во иднина дека не се игра со народот. Народот дава ама истиот и зема власт. Зоки пази што правиш во иднина Со спортски жаргон кажано дали ќе играш повлечено во одбрана и да чекаш прилика за брз контра напад или, и понатаму ќе играш во напад со т.н. “Ла жна деветка". Зоки тактиката е во твои раце ,ама пази публиката сака чесна игра ако не истата ќе влезе во терен и ќе направи големи нереди. |