Среда, 10 Мај 2017   
Забелски манастир – Св Богородица

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Забелскиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“ или „Света Богородица Забел“ е православен манастир во северната дел на Македонија. Тој е дел од Кумановско-осоговската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Манастирот се наоѓа помеѓу селата Никуљане, Старо Нагоричане и Челопек, на петнесеттина километри од градот Куманово.

Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ или Забелскиот манастир „Св Богородица“ е еден од најстарите духовни православни храмови во северниот дел на Македонија. Како и повеќето православни цркви и манастири на територијата на Македонија, во времето на османлиското владеење црквата била целосно уништена.

Манастирската црква е возобновена во периодот од 1852 до 1856 година, врз основата на средновековната црква со димензии од 12 на 7 аршини, за која се смета дека е изградена во 1330 година. Изградбата на црквата е завршено според натписот на осумстраниот тамбур во 1856 година. На северната фасада на црквата над прозорците се врежани имињата кои дале свој допринос во изградбата на црква: Стојко, Трајко и поп Миле. Непосредно до манастирот се наоѓаат гробишта во кои биле погребани поранешните монаси.

Георги Трајчев во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), за Забелскиот манастир – Св Богородица, ќе забележи:

„Тој манастир лежи 3 км. североисточно под селото Старо Негоричано и спаѓа во населбата Куљани (Никуљани – н.з). Забел е наречен манастирот бидејќи месноста му е шумска. Манастирот е нов мал и сиромашен, како по размерот на црквата и зградите, така и по имотната состојба. Од Куманово е близу два часа. Во манастирскиот двор е црквата, а околу неа згради за гости и манастирски потреби со околу 30 одаи.

Црквата е градена од 1852 до 1856 година. Од внатре таа е убаво зографисана од дебарските живописци Дичо и Зафир Василеви. Се гледаат иконите на св. Прохор, Св Јаким Осоговски. Околу црквата, кон олтарот се гробовите на починатите игумени. Антим јеромонах, основател на манастирот (1864 г.)   

Во старо време тука имало богат манастир но од зулумите на Турците и Албанците опустел. Така било до 1852 година кога со грижа и труд на населението, манастирот се возобновил. За тоа возобновување бил изваден ферман од Високата Порта со помош на св. Тасе и Ѓорѓи Војниклија од Куманово.

Имотната состојба на манастирот била: околу 30 шиника семе, лозја до 100 товари грозје, ливади, воденица и шума. Патронатот на манастирот е на 8 септември (ст.ст.)...“

Тажна е судбината на Забелскиот манастир, каде некогаш се вкрстуваа многу патишта. Во него доаѓаа многу верници, патници кои тука преспиваа. До крајот на Втората светска војна во манастирот имало калуѓери. После војната тие биле протерани и животот во него замрел, а манастирските објекти биле препуштени на забот на времето.  Сепак, црквата "Успение на Пресвета Богородица" низ вековите се спротивставувала на времето, чувајќи ги барем дел од вредноста и убавината оставена од нашите градители.

Црквата која е возобновена во 1856 година е дело на школата на градежниот мијачки род Рензови и е пример за посебниот архитектонски стил, формиран на територијата на Кумановско-кривопаланечкиот крај во втората половина на 19 век. Во основа црквата претставува трибродна градба со впишан крст и купола. Црквата е изѕидана со непреработен кршен камен, со варов малтер од внатрешната страна, а фасадата е обработена со убаво исечени црвеникани камени блокови. Ѕидишта на фасадите завршуваат со профилирани венци од камен. Куполата и тамбурот, се од печена тула. Куполата е покриен со стари турски керамиди, со какви е покриена и дел од двокатниот покрив и апсидата. Четирите агли при основата на куполата се покриени со камени плочи. Осумте страни на тамбурот имаат по еден прозорец со украсени рабови од редови тули и малтер.

Црквата има два главни влеза, едните е од западната страна, над кој има полукружна ниша од добро обработен камен со ликот на Богородица со Христос. Вториот е од северната страна. Има и влез од јужна страна, кој воведува директно во олтарниот простор. Како декоративни елементи на источната и западната страна има по една декоративна камена розета со четири тркалезни отвори, обрабени со венец од тули.

Ѕидовите однатре се малтерисани, но не и живописани. Подот е од камени плочи. Дрвениот иконостас е карактеристичен за XIX век, изработен во духот на мијачката резба. На иконостасот се ставени четири престолни икони - од лево кон десно "Свети Никола", "Богородица со Христос", "Исус Христос Седржител" и "Свети Јован Крстител". Како централна композиција е поставена иконата "Успение на Богородица". Лево и десно се претставени останатите апостоли во полупрофил. Дел од иконите се на Дичо Зограф од 1857 година, а дел на Зафир Зограф. Ова непроценливо богаство за жал беше цел на вандалите кои неправија непоправлива штета.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.