|
|
Доста е и дајте ја ваму Русија |
Што народ бевме бре луѓе ... дали ова што ни се случува е казна од Горе или ... ??? Со неколку проверени и докажани Македонци се имам разочарано. Кога ја спомнувам Русија како спас за Македонија од Америка и ЕУ, добивам одговор дека Русија не е озбилна земја и не давала многу пари. Па ми доаѓа да се изразам како Саше Политико и да бидам насилник како Фрчко од глупости што слушам од свои по крв и мисла Македонци. Од тие пусти пари се поделивме и креиравме или креираа (Западот) ѓавол како Црпко и Партија што коалицира со било кој за пари и власт. Колку дале Америка и Западните земји ? Званично ветиле многу, дале премалку а и тоа што дале 1000 пати го наплатиле и преплатиле и плус не опљачкале до коска, како што го сториле и со сите други. Па ценети Македонци од било каде и било која партија, дали сте свесни со кого сте се фатиле на оро т.е. со кого си имате работа ? Русите дали треба да дадат едно 150 милијарди евра за почеток и после да им го најдете крајот така на мангупски начин и ако ви бара Путин отчет па да му претите дека ќе се вратите со Америка ? Малку ли е Русија што дава сигурност, стабилност, ги увезува сите земјоделски производи, поставува гас со кој економски ќе не закрепи воедно енергетски и тоа за почеток ? Малку ли е што дури и Кинезите ги натераа да инвестираат во инфраструктурата во Македонија, па сега и преку леб погача нарачувате со милијарди евра џепарлук ? Старите рекле : Нема и паре и јаре под една мишка. Земјата ќе ни оди јабана, а некој бара милијарди од Русија. Што им фали на Белорусите без милијардите ? Стабилни се, си имаат живеачка достојна и никој ништо не им може. Шарени гејови немаат, бројот на абортуси драстично намален, фамилиите напредуваат и цветаат. Кој сака пари нека се стегне ете како Миленко, со помош од државата и субвенции одгледува кози, создава млечни продукти, одгледува Шарпланинци и ги продава ... а пари земени од Сорос кои се трошат по казина и разни глупости на рачун на растурање и продавање на Македонија е епилог кој треба да му се најде крајот. Милијарди не дава никој освен Ротшилдови кои после ти ја земаат земјата, ти го менуваат името, ти ги одземаат децата преку организации, те разведуваат од жената и преку адвокати земаат се што сте спечалиле и милиони трикови кои вие драги Македонци не сте ги виделе. Но ќе ги видете доколку не пресече некој и да рече : Доста е и дајте ја ваму Русија и без едно евро да фрла за џебот на политичарите, тие биле мои, твои, наши, ваши.
|