|
|
НИКОЛА ГРУЕВСКИ ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО ДМПНЕ |
Во последната деценија, Никола Груевски како лидер на ВМРО ДМПНЕ и премиер на земјата ги постигна најдобрите резултати. Под негово раководство ВМРО ДПМНЕ од 2006 година до денес континуирано победува на локалните, парламентарните и претседателските избори, било тоа да се редовни или предвремени. Исто така, како премиер на Владата на Македонија, успешно ги надминуваше предизвиците и земјата чекореше напред, додека економската криза го тресеше светот. Македонија стана огромно градилиште, беа донесени странски инвестиции, се отворија 170.000 нови работни места и невработеноста се смали на рекордно ниво. Од ЕУ, НАТО, ММФ, Светска банка и разни други меѓународни институции и организации постојано доаѓаа позитивни извештаи за напредокот на Македонија. Меѓутоа, нивното лицемерие набрзо се покажа, бидејќи и покрај сите позитвни извештаи земјата не можеше да го круниса своето членство во ЕУ и НАТО заради спорот за името со Грција. Премиерот со најголем рејтинг во народот, стана непремостива пречка за центрите на моќ. Тие, за да ја разнишат поддршката и за да ја скршат вољата на македонскиот народ, започнаа специјална војна за дискредитација на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ како партија. Со помош на петата колона, албанските партии и Соросовите невладини оргазнизации во земјата, преку Пржинските договори го натераа најуспешниот премиер од осамостојувањето на земјата до денес да се повлече од премиерската функција и го спречија да формира влада иако победи на декевриските избори во 2016 . Свесни за популарноста на Груевски меѓу народот кој се крена на „востание“ против Тиранската платформа, Вашингтон и Брисел не застанаа тука. Продолжувајќи со интриги и дискредитации, сега центрите на моќ од разни страни испраќаат пораки во кои се бара од Никола Груевски да си даде оставка од лидерското место на партијата. ЕУ и НАТО со или без Никола Груевски ќе продолжат со „игранката“ наречена Тиранска платформа. Само без лидер од калибарот на Никола Груевски, тие ќе можат да ја расчеречат Македонија и да го избришат и македонскиот народ и македонското име од картата на светот. Затоа Никола Груевски не смее да даде оставка и не смее сега да се повлече од партијата. На Македонија и е потребна ВМРО ДПМНЕ и политичар кој ќе ги води во овие бурни времиња. Ова е време да се биде или не! Тоа го може само докажан и искусен политичар каков што е Никола Груевски, кој пред се ги става интересите на државата и не ја витка кичмата пред Сорос-Обама- Клинтоновите експозитури. Едноставно, Груевски има многу заслуги и затоа треба да остане претседател на ВМРО ДПМНЕ. Македонија мора да излезе од оваа политичка криза многу појака и поискусна. Научените лекции треба да бидат поука дека никогаш не треба никој да се опушта и да верува на разноразни странски мешетари. Исто така, секогаш во преден план треба да бидат интересите на народот, на оној кој им ја дал довербата. На народот им треба лидер како Никола Груевски, кој заедно со својата партија ВМРО ДПМНЕ, има визија, знаење и умеење да го води македонскиот брод низ немирното море на глобализацијата, чии бранови од разни сфери на влијание се судираат тука во Македонија. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја добија довербата од македонскиот народ и мораат да го продолжат своето успешно водство за да ја заштитат унитарноста на државата и да му донесат просперитет на македонскиот народ.
|