Среда, 17 Мај 2017   
ЏЕС БЕЛЈИ ПОВЕЌЕ НЕ Е АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА...

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Џес Бејли ниту не успеа да му се изнарадува во живо на производот од неговата “невозможна мисија“ во Македонија. Му честита во живо на Џафери, но не успеа на Заев.

Најнова вест е дека Џес Бејли повеќе не е амбасадор на САД во Македонија, место него “Невозможната мисија“ во Македонија треба да ја продолжат Заев и Џафери. До кога, ќе покаже времето...

Но, она што е најважно, на службената интернет страница на Американската амабсада во Македонија, се појави коментар на новиот вршител на должноста амбасадор на САД Микаела Швајцер-Блум.

Новиот вршител на должноста амбасадор на САД Микаела Швајцер-Блум за мандатот за формирање влада, веројатно ги пренесува желите на Џес Бејли “Одлична работа за Македонија и за граѓаните на Македонија е што процесот на формирање на влада се движи кон наредна фаза, а на повидок е формирање на нова влада. Исто така, важно е да се истакне дека претседателот Иванов и лидерите на партиите од коалициското мнозинство најдоа начин да соработуваат на конструктивен начин и да стигнат на ова позитивно место за граѓаните на Македонија. Очекуваме дека по формирањето на новата влада ќе соработуваме со истата; се надеваме дека ќе се формира брзо. Уште многу работа треба да се направи за Македонија да може да се придвижи напред кон итните реформи и да оствари напредок на патот кон Евро-атланстката заедница. Соединетите Држави остануваат пријател и партнер на Македонија, и се надеваме дека ќе соработуваме со новата влада во поддршка на тие реформи и на тој напредок.“

Се’ уште останува дилемата, во кое својство во Македонија престојуваше Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји при неговата последна посета на 1 мај 2017 година, што беше решавачко за пресвртот кај ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Ѓорге Иванов?

Викторија Нуланд помошник-државен секретар за европски прашања која беше активна во врска со Пржинскиот договор, си даде оставка на функцијата на 24 јануари 2017 година.

Марк Тонер, портпаролот на Стејт Департментот кој во неколку наврати застануваше во одбрана на амбасадорот Џес Бејли, по обвинувањата за мешање во земјава и помагање на невладините на Сорос, беше сменет од функцијата на 25 април 2017 година.

Времето ќе покаже кој ќе го наследи Хојт Брајан Ји? Но, последиците ќе ги трпиме сите...

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.